Колдинг
Колдинг е значаен град во Данска, поточно во јужниот дел од државата. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Колдинг. Денес Колдинг има околу 57.000 жители во градот и скоро 90.000 во поширокото градско подрачје.
Колдинг | ||
Град | ||
|
||
Земја | Данска | |
---|---|---|
Регион | Јужна Данска | |
Височина | 50 м | |
Координати | 55°29′30″N 9°30′0″E / 55.49167° СГШ; 9.50000° ИГД | |
Население | 57.540 (2012) | |
Основано | 1231[1] | |
Градоначалник | Јорн Педерсен | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
- лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Postal code | 6000 | |
Колдинг во Данска
| ||
Портал: http://www.kolding.dk/ | ||
Природни услови
уредиКолдинг се наоѓа во јужниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 230 километри западно.
Релјеф
уредиГрад Колдинг се наоѓа во средишниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е за типични дански услови, посебно за источните приморски подрачја на Јитланд — залив окружен од брда. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0 до 55 метри.
Клима
уредиКлимата во Колдинг е претежно умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води
уредиКолдинг се формирал на крајот на Колдинговиот Залив, кој претставува дел од Балтичкото Море.
Историја
уредиПодрачјето Колдинг било населено уште во времето на праисторијата. Денешното население се појавило околу замокот Колдингхус, кој е изграден во 13. век. И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања, и останаа многу згради од 18-от век во градскиот центар.
Население
уредиДенес Колдинг има околу 60.000 жители во градските граници и околу 95.000 со околните наслени места.
Населението на Колдинг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Галерија
уреди-
Градска пешачка улица
-
Замок Колдингхус
-
Старото езгро на Колдинг
-
Црква св. Никола
Наводи
уреди- ↑ Bøje, Jens Anker (2007-06-19). „Kolding - byens historie i korte træk“ (дански). kolding.dk. Архивирано од изворникот на 2007-06-07. Посетено на 2007-06-24.