Јелисавета Сека Саблиќ

Јелисавета Сека Саблиќ (срп. Јелисавета Сека Саблић; Белград, 13 јуни 1942) - српска филмска, театарска и телевизиска глумица, која важи за најголема српска комичарка[1][2] или Кралица на Комедијата, како што често ја нарекувааат,[3] но исто така и за една од најплатени српски глумици. 2017 година одбележува половина век од нејзината кариера.

Таа ја започна својата кариера пред педесет години, за денес да биде една од најпопуларните и најсаканите глумици во сите земји на поранешна Југославија. Љубов на филмски рецензии и на обожувањето на публиката ја постигнала, како Кристина во црната комедија Маратонците трчаат почесен круг. Има постигнато голем успех во комедиите Бирдуш, Тесна кожа 3, Работа на одредено време, Татко ми на одредено време, Секула и неговите сопругиг, Втората Жикина династија и Секула повторно се жени. Исклучителни комични способности и покажала и како другарката Сека во ТВ серијата, Подобар живот и како секретарката Маријана во Среќни луѓе. Зенит на нова популарност доживеа благодарение на ситкомот Љубов, навика, паника. 2008 година класифицирана е меѓу најдобрите српски глумици на сите времиња, стана добитник на наградата Награда Жанка Стокиќ, а наградена е и со најпрестижната награда Добричин прстен за животно дело[4], како и со пет Златни петли на Деновите на комедијата со четирите за најдобро глумечко достигнување, а една и за животно дело и извонредност на нејзиниот комичарски израз.

Животопис

уреди

Младост и првата улога

уреди

Јелисавета е родена на 13 јуни 1942 година во Белград. Татко и Стеван е роден во Мала Градуса на Банија, а мајка и е родена на Дорчол по потекло е сефардска Еврејка. Завршила гимназија и Факултет за драмски уметности во 1965 година како најдобар студент во класата Мата Милошевиќ. Тука се сретнала со Драган Николиќ, кои за најпрвин и станал најдобар пријател од клас, а потоа и кум. За време на гимназиските денови била еден од основачите на аматерскиот театар Дадов, а по крајот на факултетот, по многу тешкотии, дебитирала во Театарот „Бошко Буха", и глумела во претставите Пепелашка, Концерт за тинејџерите, Волшебникот од Оз, Тројца мускетари и други. Наскоро после тоа, помогнала за и Николиќ да добие ангажман во Буха.[5] Во едно интервју за НИН, Саблиќ открила дека нејзината мајка посакувала дактилографска кариера, бидејќи глумечката професија се сметала опасна за здравјето.

Податотека:Ljubav, navika, panika slika 2.jpg
Зијах Соколовић, Никола Симић, Мирка Васиљевиќ, Марија Каран и Сека Саблиќ со авторите на серијата Љубов, навика, паника

Во 1968 година станала член на Студиото 212, каде што ја остварува значајната улога во претставата „Крал Иби" А. Жарија. Истата година дебитира и во филмот, главната женска улога во класиката Ноќно дежурства на сестрата Гризелда, покрај Зоран Радмиловиќ. Следните филмови се: Илустративен живот, со Драган Николиќ, Моќта на таткото со Миодраг Петровиќ – Чкаља, потоа главната улога во филмот Далеку е Австралија, со Оливер Марковиќ, 1969 година улогата во црнохуморниот директор првенецот Гордан Михиќ – Оља во филмот Врана.[6] Следела улогата во ТВ филмот Вујко Вања, потоа во комедијата Велосипедисти, со Миа Алексиќ и Милена Дравиќ, за да во 1970 година дојде до голем пробив во нејзината кариера, благодарение на комерцијалниот хит и на луѓето омилениот филм Бурдуш, каде Сека го толкува ликот на Рајка. Култна е сцената каде што таа на Гидра Бојаниќ ја пее песната „Дај ми чаша ракија".

1971-1980

уреди

Сека 1971 година ја добила престижната улога во претставата „Развојниот пат на Бора Шнајдерот" режисер Александар Поповиќ, за која ја добила наградата Златен петел на фестивалот Денови на комедијата, во Јагодина. (како и подоцна, за улогата во „Ожалостено семејство" Бранислав Нушиќ); на Стеријино позорје беше наградена за споредна улога во „Клаустрофобична комедија" Душан Ковачевиќ.

1981-1990

уреди

Со ретки исклучоци (на пример: „Кичмата", 1975, В. Грлиќ и „Госпоѓица", 1980, В. Јасног) глуми комични улоги: на пример Во широко популарни комерцијални комедии на Милан Јелиќ („Работа на одредено време", 1980; „Татко ми на одредено време", 1983; „Развод на одредено време", 1986) и Зоран Чалиќ („Жикина династија", 1985 и „Втората Жикина династија", 1986).

1982 година Сека играла во филмот Маратонците трчаат почесен круг, по многумина најголемо достигнување на југословенската кинематографија. Нејзината хероина, Кристина, свири клавир во време на неми филмови и не прифаќа тонски филмове који набрзина стигнуваат. Покрај тоа, се јавува и проблем на љубавен триаголник помеѓу Ѓенко (Бора Тодоровиќ), неговиот најдобар пријател, Мирко (Богдан Диклиќ) и нејзе. Подоцна се појавиле многобројни урбани легенди во врска со снимањето на филмот, како и за односите кои владееле внатре во глумечката екипа. Најпознат меѓу нив секако бил инцидентот помеѓу Саблиќ и Тодоровиќ, двајца долгогодишни пријатели. Имено, Бора во сцената во која наводно води љубов со Кристина, се занел толку што ја преминал границата на професионализмот и глумата, поради што Саблиќ се навредила и кажала дека ќе го напушти снимањето.[7] Иако било познато дека двајцата глумци од тогаш не одржуваат никаков контакт, двајцата изјавиле дека се во добри односи.[8] Во 2016 година, две годино по смртта на Бора, во едно интервју Сека признала дека и е жал што дошло до караница која траела триесет години и што толку долго не зборувала со него. Потоа додала дека тогаш, кога глумецот не е повеќе меѓу живите, мисли дека вампирски повторно зборувајќи за тоа и одбила понатамошен разговор.[7] Сека уште инсистирала и на преговарање за сцената во која плива во езерото на Авала. Како што самата кажала во емисијата Балканска улица, режисерот не сакал да ја снима (како тааа сама верувала) никогаш не била некоја риба. На прашањето за непријатностите за време на снимањата, Саблиќ на Дедиќ и одговорила:

„Да, тоа беше многу непријатно. Јас пливав во таа баруштина. Жабите скокаа околу мене. Бора (Тодоровиќ) трчаше гол низ шумата. Тоа нему му причинувало задоволство, знаете. И се караше за дневница."

Најпрвин Саблиќ добила најдобри критики за нејзиното изведување. На врвот на почитување индустриите стигал во вид на награда Златна арена за најдобра југословенска глумица од Филмскиот фестивал во Пула. Сека за признанието дознала додека со татко и, мајка и и синот летувала во Полихроно, во Грција, а кога на плажа поминале Југословеци и и честитале на победата.

1991—2000

уреди

2001—2010

уреди

Јелисавета Саблиќ 2008 година е наградена со наградата „Жанка Стокиќ“, а 2015 година со наградата Павле Вуисиќ.

2011—денес

уреди

Најмногу глумечки домети остварила во делата Слободан Шијан; „Како сум систематски уништен од идиот“ (1983), „Давител против давител“ (1984) тогаш посебно во гротеска „Маратонци трчаат почесен круг“ (1982), каде што за лик пијанисткинка Кристина наградена со Златна арена за главна улога на фестивалот во Пула. Успешно настапува и на телевизија. 2018 година на прославата 70 роденден на Југословенскиот драмски театар, врачена и е Наградата „Бранко и Млаѓа Веселиновиќ“, за најдобро глумечко достигнување во 2017 година.[9]

Театар

уреди

Глумечката кариера ја започнала во театарот Бошко Буха каде играла во претставите „Пепелашка“, „Волшебникот од Оз“, „Тројца мускетари“ итн. Нејзината кариера ја одбележил периодот поминат во Студио 212 од 1968 до 1993 година. Некои од улогите кои ги остварила во тој театар се следните :

  • Нејзината прва значајна улога во Студио 212 е во претставата „Замрзнат кас“ Александар Поповиќ во режија на Небојша Комадина во која играла со Ружица Сокиќ, Миодраг Петровиќ Чкаља, Раде Марковиќ,Бора Тодоровиќ итн.
  • Играла и во претставата „Развојниот пат на Бора Штајндерот“ кој по текстот на Александра Поповиќ го режирал Бранко Плеша. За оваа улогу наградена е со Статуета „Петел“ за најдобро глумечко достигнување на Фестивалот на комедија во Јагодина
  • Играла во претставата „Улогата на моето семејство во светската револуција“ во алтернација со Милена Дравиќ по текстот Боре Ќосиќ во режија на Љубомир Муци Драшкиќ.
  • Играла во претставата „Јелисаветини јадови поради молери“ са Мики Манојловиќ
  • Го играла ликот на Анѓелка Бојаниќ во претставата „Ранет орел или смеат ли девојките допуштат проба пред бракот“ во Михизовата драматизација во режија на Соја Јовановиќ
  • Во алтернација со Милена Дравиќ ја толкувала улогата на Цмиља во претставата „Чудо во Шарган“ по текстот на Љубомир Симовиќ во режија на Мира Траиловиќ
  • У Нушичевата „Ожалошстено семејство“ во режија на Љубомир Драшковиќ го играла ликот на Гина за која ја добила Статуетата „Петел“ за најдобро глумечко достигнување
  • Играла во претставата Голем и мал Бот Штраус во режија на Мире Траиловиќ
  • За улогата во претставата „Позади кулиса“ Мајкл Фејн во режија на Алиса Стојановиќ ја добила октомвриската награда на градот Белграда во областа на театарска уметност за глумечко достигнување 1993 година
  • Го играла и ликот на Тонка Бабиќ во претставата „Уво,грло,нож“ по текстот на Ведрана Рудан во режија на Татјана Мандиќ Ригонат

Во Звездара театарот играла во претставите :

  • „Клаустрофобична комедија“ во режија на Душан Ковачевиќ
  • Со Петар Краљ, Весна Тривалиќ, Миодраг Кривокапиќ итн. играла во претставата „Доктор Шустер“ во режија на Душан Ковачевиќ
  • Са Раде Марковиќ, Мирјана Карановиќ, Ирфан Менсур итн. играла во претставата „Пазарен ден" по текстот на Александар Поповиќ во режија на Горан Марковиќ

Приватен живот

уреди

Сека Саблиќ секогаш незадоволно кажувала за деталите од приватниот живот. Во емисијата Балканска улица ја прекинала Весна Дедиќ кажувајќи дека не сака да изнесува биографски информации, т.е. само по себе, не сака да зборува за нејзиното детство и потекло. За себе секогаш кажува дека на нејзиниот син Стефан била строга мајка, дека инсистирала на неговото осмогодишно музичко образование (клавир), бидејќи сметала ќе биде успешен човек единствено ако је духовно богат и образован.

Позната е по тоа што често, намерно или случајно, ги засмејува колегите со кој игра во претстави или пред камери. Од друга страна, неа за време на нејзината кариера, ненамерно засмеа само Бора Тодоровиќ, кој во претставата Ранет орел ја држел во прегратка и не забележливо, пеел во фалш. Саблиќ толку многу се насмеала што тој ја испуштил од прегратка на даска. Зоран Радмиловиќ кажал дека е на Сека слаб и приватно, како на блиска пријателкаи и службенп како на глумица која еднаш се раѓа. Тодоровиќ, Лане Гутовиќ и Воја Брајовиќ се сложиле еднаш дека единствена женска особа која никогаш не паднала на нивните фори била Сека Саблиќ. Саблиќ во 2015 година на шала јавно им се заблагодарила на тоа признание и кажала дека таа многу пред нив ја завршила чубурската мангупска школа.

Глумицата изјавила дека никогаш немала среќа во љубовта и дека никогаш не ги разбирала машките. Сека објаснила дека еден дел за тоа е заслужно нејзиното воспитување, во целост засновано на масивната руска книжевна традиција и на обемните руски љубовни романи. Додала уште дека верува за љубовниот план многу подобро би поминала на меѓународните односи да ги гледала инспирирани американската книжевна традиција:

„Кај нив тоа е поедноставно, наивно, невино. Тоа се разбирање, дружење, секс, разговор.”

Сè до 1999 година глумицата еднаш годишно заминувала кај долгогодишната пријателка која живее во Њујорк. Како и причина за тоа ја навела потребата да на кратко побегне од српските чамотињи и ксенофобии и оттука да се врати, не полни батерии, туки излечена. Многу пријатели Саблиќ стеклнала и меѓу своите колеги. Меѓу нив се нејзините кумови, Милена Дравиќ и Драган Николиќ, потоа Ружица Сокиќ, Мира Бањац, Светлана Бојковиќ, Зоран Радмиловиќ, Рената Улмански.

Награди и признанија

уреди
  • Златна арена
  • Статуета златен петел
  • 2006 — Награда „Љубинка Бобиќ“
  • 2007 — со Никола Симиќ ја добила наградата за глумечки пар на годината на филмскиот фестивал во Ниш.
  • 2008 — Награда „Голема Жанка“
  • 2010 — „Добричин прстен", најголема глумечка награда за животно дело

Наводи

уреди
  1. „Jelisaveta Seka Sablić“. Архивирано од изворникот на 2012-03-07. Посетено на 14 април 2012.
  2. „Jelisaveta Seka Sabljić - Kristina iz 'Maratonaca'. Посетено на 22 април 2011.
  3. „Vrača se Dolina Sunca-Jelisaveta Seka Sablić: Godine zrelosti i detinja čistota duha-Danina Jeftić: Nestrpljiva da postane majka | Hotmagazin“. Архивирано од изворникот на 11 јануари 2013. Посетено на 30 март 2013.
  4. „Kad izgubimo istinu izgubili smo sebe : Život i stil : Spektar : POLITIKA“. Посетено на 30 март 2013.
  5. „Jelisaveta Seka Sablić « Pozorište "Atelje 212". Архивирано од изворникот на 2013-06-28. Посетено на 30 март 2013.
  6. „Vrane (1970) - IMDb“. Посетено на 30 март 2013.
  7. 7,0 7,1 „30 година није причала са Бором“. Архивирано од изворникот на 2017-08-29. Посетено на 28 август 2017.
  8. „Сека и Бора се помирили“. Посетено на 28 август 2017.
  9. „Obeleženo 70 godina Jugoslovenskog dramskog pozorišta“. Архивирано од изворникот на 2018-05-15. Посетено на 3 април 2018.

Надворешни врски

уреди

(англиски)