Јефер

(Пренасочено од Јевер)

Јефер (германски: Jever) — град и административно седиште на округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Јефер

Jever

Фризиската пиварница, каде се произведува пивото Јефер
Фризиската пиварница, каде се произведува пивото Јефер
Фризиската пиварница, каде се произведува пивото Јефер
Грб на Јефер
Јефер во рамките на Германија
Јефер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Фризија
Градоначалник Јан Едо Алберс (независен)
Основни податоци
Површина 42,13 км2
Надм. височина 9 м
Население 14.847 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 352 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. FRI
Пошт. бр. 26441
Повик. бр. 04461
Портал www.stadt-jever.de
Местоположба на градот Јефер во рамките на округот Фризија
Карта
Карта
Координати 53°34′28″N 7°54′3″E / 53.57444° СГШ; 7.90083° ИГД / 53.57444; 7.90083

Името Јефер обично се поврзува со познатиот бренд на пиво, кое се произведува тука. Градот исто така е популарно одморалиште. Јефер добил статус на град во 1536 година. Неофицијално Јефер понекогаш се споменува како Мариенштат (Marienstadt, букв. „град на Марија“), што се однесува на Марија од Јефер, последната независна владетелка во градот.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Јефер се наоѓа во областа Јеферланд, североисточниот дел на Источнофризискиот Полуостров. Градот се наоѓа во близина на брегот на Северното Море, околу 15 километри западно од Вилхелмсхафен и Јадскиот Залив.

Соседни општини

уреди

На север, Јефер се граничи со општината Вангерланд, на исток и на југ со градот Шортенс, додека на запад со градот Витмунд. На југозапад Јефер дели мала гранична линија со источнофризиската општина Фридебург.

Градски единици

уреди

Градот се состои од градското јадро, како и од местата Морварфен, Рардум, Клевернс, Зандел и Занделерменс.

Историја

уреди

Археолошките наоди во близина на Јефер покажуваат дека областа била населена уште од неолитскиот период. Во близина на градот бил сместен долмен во околу 1880 година, но бил отстранет кон крајот на XIX век поради земјоделски проширувања. Покрај тоа, алати како бодежи и српови биле пронајдени на истата област. Од подоцнежните периоди од околу VI век п.н.е таму биле откриени голем број на урни како и бронзени врвови од копја и секири.

За време на римско време хаучите имале населба во областа на Јефер. Околу 826 година, дел од Фризија бил даден од Лудвиг Побожниот на данскиот крал Харалд Клак поради неговото преобраќање во христијанството; Харалд побарал засолниште од Лудвиг откако бил протеран од својата татковина. Во епот Кудрун кој датира од IX век се спомнува данската доминација на Фризија и содржи спомнување на „Гиверс“ во областа Занде кој најверојатно е првиот запис за Јефер. Уште еден запис од 1158 година бележи град со името „Геверае“, латинизација на долногерманскиот Геверен или Гаверен („пасиште“, или алтернативно „место на тингот“).

Монети со печатот на Јефер биле пронајдени подалеку во Финскиот Залив и во реката Варта во Полска кои служат како доказ за важноста на Јефер како трговски град. За време на X и XI век Јефер бил пристаниште и имал пристап до Северното Море преку реката Јаде и Харлебухт. Сепак со текот на движењето на земјата пристапот до морето исчезнал, а подоцнежните изградби на брани го оставиле Јефер оддалечен од брегот. Сепак, Јефер ја задржал важноста на трговски центар. Во 1546 година, Хоксиел станал надворешно пристаниште за Јефер и со продолжувањето на поплочените патишта од Јефер до Хоксиел повеќе немало потреба од мали бродови да пловат до Јефер. Денес, во центарот на Јефер, детско игралиште со рамка во облик на брод служи како потсетник за важното поморско минато на градот.

Саксонски војводи, а потоа и велфската династија владееле со Јефер, а кон крајот на XII век, Јефер потпаднал под власт на Олденбург. На Јефер му биле доделени права за град во 1347 година. Пред крајот на XV век, градот продолжил да биде успешен трговски центар, ова привлекувало не само трговци туку и пирати.

Последен барон на Јефер бил Едо Вимкен кој, во 1505 година, ја завршил изградбата на замокот и е закопан во градската црква. По смртта на Едо, градот бил под власт на грофот Едвард I. Сепак, Марија од Јефер, ќерката на Едо ја повратила независноста на градот, и во 1536 година додека бил под нејзина власт, Јефер добил официјален статус на град што довело до неофицијалното име „Мариенштат“.

 
Грофовијата Јефер во 1500 година

Марија починала во 1575 година, но нејзината смрт била чувана во тајност поради стравот од враќањето на источните Фризи. Наместо тоа, Јефер станал еден од териториите на Олденбург како последна желба на Марија. Во 1667 година Јефер бил даден под контрола на Анхалт-Цербст. Откако принцот Фридрих Август починал во 1793 година, машката линија на Анхалт-Цербст исчезнала и нејзините територии биле поделени. Јефер тогаш бил даден на Катерина II, родена како принцеза Софија од Анхалт-Цербст, и единствена жива роднина на Фридрих Август. Градот останала под нејзина власт сѐ додека не бил окупиран од војските на Наполеон во 1807 година. Помеѓу 1808 и 1810 година, градот бил дел од Кралството Холандија, кое било вазалска држава на Наполеон. Кога Французите биле приморани да се повлечат во 1813 година, Русија го повратила Јефер и го дала на големите војводи од Олденбург во 1818 година.

Јефер бил поврзан во железничката мрежа во 1871 година со линија од Занде. Од 1881 година, градот се поврзал кон западните делови со Витмунд, Езенс и Дорнум, а од 1888 година и северно со Каролиненсил. Железничката станица во Јефер до ден денес сè уште има соба за чекање за исклучива употреба на војводата на Олденбург.

Поради то што Анхалт-Цербст гарантирал безбедност и слобода за Евреите, Јефер станал центар на еврејскиот живот во Фризија, достигнувајќи го својот врв во XIX век. Подоцна многу млади луѓе заминале во поголемите градови со надеж за подобри екоонмски можности. Ова предизивикало населението да се намали на половина од поранешниот број: во 1933 година, во градот биле останати само 98 Евреи. Синагогата (отворена во 1802 г.) била целосно уништена во Кристалната ноќ и околу 63 евреи од Јефер биле убиени во Холокаустот.

Политика

уреди

Градски совет

уреди
 
Градското собрание

Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[3]

Партија / Листа Удел Промена Места Промена
CDU 30,14 % + 4,42 %p 9 + 1
SPD 28,88 % + 1,01 %p 9 + 1
SWG* 20,35 % − 0,83 %p 6 ± 0
Grüne 11,91 % − 2,49 %p 3 − 1
FDP 08,69 % + 2,38 %p 3 + 1

* Социјални избирачки групи Јефер и Фризија

Градоначалник и градски директор

уреди

Градската управа на Јефер од 12 ноември 2013 година е предводена од градоначалникот Јан Едо Алберс (независен).[4] На изборите на 6 октомври 2013 година ги освоил изборите со 51,11% пред соперникот Дитмар Ристман.

Градоначалник до 1945 г.

уреди
  • 1919–1935: Георг Милер-Јиргенс
  • 1935–1945: Мартин Фолкертс

Градоначалници по Втората светска војна

уреди
  • Кристел Матијас Шредер (1945-1945)
  • Ерих Кампф (1945-1945)
  • Херман Клизенер (1945-1946)
  • Алфред Онен (1946-1949)
  • Ханс Буш (1949-1952)
  • Јохан Алберс (1952-1961)
  • Омо Омен (1961-1972)
  • Хорст Дутге (1972-1975)
  • Паул Милер (1975-1976)
  • Паул Зилус (1976-1985)
  • Хајнц Берендс (1985-1986)
  • Зигфрид Хармс (1986-1996)
  • Маргот Лоренцен (1996-2001)
  • Зигфрид Хармс (2001-2005)

Градски директори

уреди
  • Ерих Кампф (1945-1950)
  • Петер Олтманс (1950-1957)
  • Ханс Неф (1957-1963)
  • Фриц Херниг (1963-1971)
  • Вилхелм Херман Грефе (1971-1978)
  • Кристијан Куле (1978-1881)
  • Инго Хасхаген (1981-2005)

Градоначалници по 2005 г.

уреди
  • Ангела Данкварт (2005-2013)
  • Јан Едо Алберс (2013-денес)

Збратимени градови

уреди

Јефер е збратимен со следниве градови:

Знаменитости

уреди
 
Пиво Јефер
  • Замокот Јефер: Првиот замок во Јефер бил изграден од Едо Вимкен постариот во 1416 година, кој бил уништен од источните Фризи во 1420 година. Наследникот на Едо, Хајо Харлдас повторно го изградил замокот во 1428 година, а бил целосно завршен во 1505 година од Едо помладиот. Во внатрешноста таванот во големата сала бил изграден од 28 касети резбано дабово дрво во ренесансен стил (XVI век). Во 1736 година била изградена кулата во барок стил. Резултат на повеќе конверзии била мала палата на кнезовите од Анхалт-Цербст и Олденбург.
  • Историската сала на Градскиот совет, 1620 година.
  • Во Јефер има пет цркви; протестанската црква, во минатото гарнизонска црква, била уништена од пожар во 1959 година и повторно изградена во модерен изглед во 1964 година. Како додаток на источната страна на гробот на Едо Вимкен помладиот, има уметничко дело во ренесансен стил кое не било уништено од пожарот.
  • Фризиската пивара: Основана во 1848 година како незначајна мала пиварница, се претворила во добро познат бренд во 1900 години и го посвоила името на градот во 1934 година. Денес, пиварата е најголем објект во Јефер. Компанијата произведува главно пилзнер видови на пива.

Познати личности

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
  3. Gesamtergebnis Stadtratswahl Jever vom 11. September 2016, abgerufen am 6. November 2016
  4. Wilhelmshavener Zeitung: Jan Edo Albers wird neuer Bürgermeister, Ausgabe vom 7. Oktober 2013, S. 1.

Надворешни врски

уреди