Секира[1][2], балта[3][4], балтија[5][6] или балтак[7][8]орудие, составено од сечило и од рачка, наменето за работа или за борба.

Пожарникар со секира

Секирата е орудие кое потекнува од древни култури низ целиот свет. Таа претставува едноставен механизам со кого што може да се споредува и проследува модернизацијата на човештвото низ вековите, најпрво камената доба па бронзената доба и потоа железната доба.

УпотребиУреди

Главните употреби на секирата биле обработување на дрво, користење како оружје или симболична употреба во обреди. Првите секири со рачки поврзани со камени глави потекнуваат од мезолитскиот период на каменото време 6000 години п.н.е. Со продлабочување на технологијата биле користени материјали како бронза, железо и челик.

Секирата како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Внимателно со секирата, Јуџин“ (Careful With That Axe Eugene) - песна на британската рок-група „Пинк Флојд“ (Pink Floyd) од 1969 година.[9]
  • „Мала секира“ (Small Axe) - песна на Боб Марли енд д Вејлерс (Bob Marley and the Wailers) од 1973 година.[10]

НаводиУреди