Шортенс (германски: Schortens) — град во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Шортенс

Schortens

Градското собрание
Градското собрание
Градското собрание
Грб на Шортенс
Шортенс во рамките на Германија
Шортенс
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Фризија
Градски единици 12
Градоначалник Герхард Белинг (независен)
Основни податоци
Површина 68,67 км2
Надм. височина 6 м
Население 20.797 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 303 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. FRI
Пошт. бр. 26419
Повик. бр. 04421–23, 04461, 04468
Портал www.schortens.de
Местоположба на градот Шортенс во рамките на округот Фризија
Карта
Карта
Координати 53°32′0″N 7°57′0″E / 53.53333° СГШ; 7.95000° ИГД / 53.53333; 7.95000

Шортенс станал град во 2005 година и сега е втор најголем град по Фарел во округот.[2]

Географија

уреди

Шортенс се наоѓа во областа Јеферланд на Источнофризискиот Полуостров, на раб на мочуриште.

Соседни општини

уреди

Шортенс на северозапад се граничи со Јефер, на север со општината Вангерланд, на исток со слободниот град Вилхелмсхафен, на југ со општината Занде и на југозапад со општината Фридебург, која припаѓа на округот Витмунд.

Градски единици

уреди

Градот се состои од дванаесет градски единици: Шортенс, Хајдмиле, Графшафт, Акум, Зиленштеде, Шост, Рофхаузен, Миделсфер, Адернхаузен, Естрингфелде, Остим и Упјефер.

Местата Шортенс, Хајдмиле, Естрингфелде и Остим го образуваат градското јадро од околу 13.000 жители.

Клима

уреди

Шортенс е под влијание на Северното Море.

Историја

уреди

Гробови откриени при ископувања во 1970-тите години означуваат постоење на рани човечки населби во областа на Шортенс уште во V век.[3]

Во 1158 година, Шортенс бил првпат споменат како „Скротин“ во документ од папата Адријан IV. Подоцна, името било променето во „Скротинге“. Во 1400 година, местото било наречено „Шортензе“.[4]

Црквата „Св. Стефан“ во Шортенс била изградена по 1153 година како последица на победата на Естрингер.[5]

Во средниот век, манастирот Естрингфелде бил познат по одгледување на коњи.

Во текот на втората половина на 1900-тите, поморската база Вилхелмсхафен придонела силно кон развој на градот. Многу работници се населиле во идниот град Шортенс, а железничката линија до Јефер, воспоставена во 1871 година, исто така придонела за развој на градот. По крајот на Втората светска војна, производството на воени бродови престанала и скокнала стапката на невработеност. Од 1946 година, бран на бегалци од поранешните германски територии го зголемиле населението.

Во 1936 година била отворена воздухопловната база Упјефер, која и денес се користи.

Шортенс добил градски права на 21 јануари 2005 година.

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[6] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[7]

Партија Удел Места Разлика (гласови) Разлика (места)
SPD 36,56 % 12 - 2,52 % - 1
CDU 28,18 % 10 + 2,04 % + 1
Grüne 11,02 % 4 - 1,14 % 0
FDP 6,15 % 2 + 2,35 % + 1
UWG 5,15 % 2 + 3,86 % + 1
WFF 12,91 % 2 + 12,91 % + 2

Градоначалник

уреди

Моментален градоначалник на Шортенс е независниот Герхард Белинг.

Збратимени градови

уреди

Шортенс е збратимен со следниве градови:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Schortens - Entwicklung von der Gemeinde zur Stadt“. Архивирано од изворникот на 2019-10-10. Посетено на 10 October 2019.
  3. Brune (Editor), Werner (1987). Wilhelmshavener Heimatlexikon, Dritter Band. Wilhelmshaven: Brune Druck und Verlagsgesellschaft. стр. 74.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  4. Brune (Editor), Werner (1987). Wilhelmshavener Heimatlexikon, Dritter Band. Wilhelmshaven: Brune Druck und Verlagsgesellschaft. стр. 73.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  5. „St.-Stephanus Kirche“. Ev.-luth. Kirchengemeinde Schortens. Посетено на 11 October 2019.
  6. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
  7. Stadt Schortens – Stadtratswahl 2016, abgerufen am 4. November 2016.

Надворешни врски

уреди