Олденбург

град во Долна Саксонија, Германија

Олденбург (службено: Олденбург (Олдб); германски: Oldenburg или Oldenburg (Oldb); долногермански: Ollnborg; затерландски фризиски: Ooldenbuurich) — слободен град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Олденбург

Oldenburg

Центарот на градот (погледнат од север)
Центарот на градот (погледнат од север)
Центарот на градот (погледнат од север)
Знаме на Олденбург
Грб на Олденбург
Олденбург во рамките на Германија
Олденбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Урбан округ
Градски единици 33
Градоначалник Јирген Крогман (СДП)
Основни податоци
Површина 102,96 км2
Надм. височина 4 м
Население 169.605 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.647 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OL
Пошт. бр. 26001–26135
Повик. бр. 0441
Портал oldenburg.de
Местоположба на градот Олденбург во рамките на Долна Саксонија
Карта
Карта
Координати 53°08′38″N 8°12′50″E / 53.14389° СГШ; 8.21389° ИГД / 53.14389; 8.21389

Денешниот универзитетски град порано бил резиденција и главен град на грофовијата, војводството, големото војводство, слободната држава и државата Олденбург. По градовите Хановер и Брауншвајг е трет најголем град во Долна Саксонија, а зад него следи Оснабрик. Олденбург бил седиште на поранешниот административен округ Везер-Емс.

Олденбург ја надминал границата од 100.000 жители во 1945 година, кога станал голем град. Од 2005 година припаѓа на европската метрополитенска област Северозапад, една од вкупно единаесетте во Германија.

Географија уреди

Местоположба уреди

Олденбург се наоѓа на надморска височина од 2 до 19 метри. Поради поставеноста на олденбуршкото пристаниште, бродовите на патот кон Северното Море не мораат да минуваат низ брани.

Градското јадро се наоѓа на устието на реката Харен во Хунте. Градот е оддалечен 23,5 километри од устието на Хунте во Везер кај Елсфлет и околу 90 километри од отвореното море во Северното Море.

Градот Олденбург се наоѓа во средишниот дел на Олденбургер Ланд во западниот дел на Долна Саксонија. Други поголеми градови се Бремен, околу 45 километри на исток, Вилхелмсхафен, околу 50 километри на север и Оснабрик околу 100 километри на југ.

Соседни општини уреди

Градот се граничи (од исток надесно)) со следниве општини: градот Елсфлет (округ Везермарш), Худе, Хатен и Варденбург (сите во округот Олденбург), како и Едевехт, Бад Цвишенан, Вифелштеде и Раштеде (сите во округот Амерланд).

Во поголемата област на Олденбург живеат околу 266.000 луѓе.[2]

Градски единици и припојувања уреди

Градот е поделен во девет градски окрузи, кои понатаму се поделени на градски единици. Градски окрузи во Олденбург се:

  1. со градските единици Центрум, Добен, Харенеш, Банхофсфиртел и Герихтсфиртел
  2. со градските единици Цигелхоф и Енерн
  3. со градските единици Биргереш и Донершве
  4. со градските единици Остернбург и Дрилаке
  5. со градските единици Еверстен, Хундсмилер Хее, Томасбург, Блоерфелде, Харентор и Вехлој
  6. со градските единици Биргерфелде, Рауехорст, Дитрихсфелд, Александерсфелд, Флугплац, Офенердик и Надорст
  7. со градските единици Ецхорн, Омстеде и Борнхорст
  8. со градските единици Нојенвеге и Клостер Бланкенбург
  9. со градските единици Крајенбрик, Бимерстеде, Твелбеке Вест, Крузенбуш и Дрилакер Мор

Во 1920 година, градското подрачје изнесувало вкупно 1.152 хектари. Потоа различни општини и делови од општини биле припоени кон Олденбург, поради што денешното градско подрачје изнесува 10.296 хектари.

Од поранешната касарна Флигерхорст започнала да се создава нова населба.

Историја уреди

 
Замокот Олденбург

Археолошките наоди наведуваат на населба од VIII век. Прв документиран запис, во 1108 година, го наведува градот „Алденбург“ во врска со Елимар I (познат и како Егилмар I), кој се смета за прв гроф на Олденбург. Градот стекнал важност поради својата местоположба на речен премин на пловната река Хунте. Олденбург станал главен град на Грофовија Олденбург (подоцна војводство (1774-1810), големо војводство (1815–1918) и слободна држава (1918–1946)), мала држава во сенка на помоќниот ханзин град Бремен.[3]

Во XVII век, Олденбург бил богат град за време на Триесетгодишната војна, чие население и моќ значајно растеле. Во 1667 година, градот бил погоден од катастрафолна епидемија на чума и кратко потоа од пожар. Данските кралеви, кои биле исто така грофови на Олденбург во тоа време, имале мал интерес за условите на градот и тој ја изгубил својата некогашна важност. Во 1773 година, данската власт завршила. Дури тогаш, уништените градби во градот биле обновени во неокласичен стил.[3]

Откако германската влада ја објавила абдикацијата на царот Вилхелм II (9 ноември 1918) по поразот на Германското Царство во Првата светска војна, монархистичкото владеење во Олденбург завршило со абдикацијата на големиот војвода Фридрих Август II на 11 ноември 1918 година. Големото Војводство прераснало во Слободна Држава Олденбург, а градот останал главен град.

На градските избори во 1928 година, нацистичката партија освоила 9,8% од гласовите, доволно за место во градскиот совет. Во септември 1930 година, на општите избори во Олденбург, уделот на нацистичката партија пораснал на 27,3% од гласовите, а во на 29 мај 1932 година, нацистичката партија добила 48,4% од гласовите на општите избори, доволно да можат да создадат влада и со тоа Олденбург да стане прва држава во која нацистите дошле на власт. До есента започнала кампања на аријанизација, принудувајќи ги Евреите да ги продаваат своите имоти по мали цени.[4]

Во 1945 година, по Втората светска војна, Државата Олденбург станала дел од британската окупациска зона. Британската воена влада задолжена за Олденбург се наоѓала во градот. Неколку кампови за раселени лица биле подигнати во градот, кој претрпел само 1,4% уништување во текот на сојузничкото бомбардирање во Втората светска војна.[5] Околу 42.000 бегалци се доселиле во Олденбург, со што населението пораснало на над 100.000 жители. Во 1946 година, Слободната Држава Олденбург станала административен округ Олденбург во рамки на новосоздадената сојузна покраина Долна Саксонија. Градот станал административно седиште на округот. Во 1978 година, округот бил распуштен и го наследил новосоздадениот округ Везер-Емс, додека административното седиште останало во градот. Покраината Долна Саксонија ги распуштиле административните окрузи на крајот на 2004 година.

Политика уреди

Градски совет уреди

 
Градското собрание (поглед од исток)

Градскиот совет се состои од 50 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 150.001 и 175.000 жители.[6] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[7]

Година SPD Grüne CDU Linke FW WFO FDP Piraten NPD LKR AfD Вкупно
2001 21 7 15 2 1 4 50
2006 16 11 13 4 3 3 50
2011 17 14 10 3 2 1 1 1 1 50
2016 16 10 11 5 1 1 2 1 1 2 50

Градоначалник уреди

На последните избори за градоначалник никој од кандидатите не освоил апсолутно мнозинство. На повторените избори на 12 октомври 2014 година победил Јирген Крогман (SPD) со 69,21% од гласовите.[8]

Именување уреди

По статутот на градот името гласи Олденбург (Олдб). Статистичката служба го води под името Олденбург (Олденбург). Логото на градот ја носи ознаката Олденбург и. О.

Збратимени градови уреди

 
Лого на градот

Олденбург е збратимен со следниве градови:

Сообраќај уреди

 
Главната железничка станица
 
Олденбуршкото пристаниште

Центарот на градот е опкружен од прстен на автопати, вклучувајќи ги А28, А29 и А293. Поради ова, Олденбург е поврзан со националната мрежа на сојузни автопати, како и со меѓународните патни правци.

Главната железничка станица Олденбург е раскрсница на железничките линии Нордајх Моле-Лер-Олденбург-Бремен и Вилхелмсхафен-Олденбург-Оснабрик, нудејќи брзи линии до Берлин, Лајпциг и Дрезден, како и експресни линии до Франкфурт и Минхен.

Олденбург е само на половина час возење оддалечен од аеродромот во Бремен (околу 50 километри).

Малиот аеродром Хатен се наоѓа 17 километри југозападно од Олденбург. Опслужува мали воздухоплови (приватни авиони, едрилици и хеликоптери).

Олденбург е поврзан со каналот Кистен со реките Емс и Везер. Со 1,6 милиони тони стока годишни, олденбуршкото пристаниште е најважното речно пристаниште во Долна Саксонија.

Култура уреди

Редовни настани уреди

  • Културно лето (Kultursommer), низа бесплатни музички и други културни настани во центарот на градот во текот на јули.
  • Ден на Кристофер (CSD Nordwest), парада на ЛГБТ заедницата во јуни (од 1995 г.).
  • Градски фестивал (Stadtfest), тридневен фестивал во центарот на градот во август/септември, кој вклучува гастрономски понуди и музички настапи на различни места.
  • Олденбуршки меѓународен филсмки фестивал, приватен филмски фестивал насочен кон независниот филм, кој се одржува во септември.
  • Крамермаркт (Kramermarkt), панаѓур од десет дена во септември/октомври. Традицијата на овој годишен народен фестивал потекнува од XVII век, кога настанот бил на крајот на жетвата.
  • Олденбуршки саем на книги за деца и младинци (Oldenburger Kinder- und Jugendbuchmesse), саем на нови дела за деца и младинци кој се одржува 11 дена во ноември.

Знаменитости уреди

 
„Хундехитен“ (Hundehütten; „кучешки куќи“), вообичаена архитектура во Олденбург
  • Самото градско јадро, чиј голем дел е пешачки.
  • Олденбуршки покраински театар, најстар театар во Олденбург, првпат отворен во 1833 година.
  • Замок Олденбург во центарот на градот, до 1918 година резиденција на монархистичките владетели на Олденбург, денес претворен во музеј. Јавниот парк Шлосгартен (Schlossgarten), се наоѓа во негова близина.
  • Везер-Емс Хале, изложбен и конгресен центар со надворешна саемска површина.

Лутеранска заедница уреди

Олденбург е седиште на управата и бискупот на Евангелистичко-лутеранската црква во Олденбург, чија парохиска црква е „Св. Ламберт“.

Еврејска заедница уреди

Историјата на еврејската заедница во Олденбург потекнува од XIV век.[9] Кон крајот и во текот на XIX век, Евреите во Олденбург секогаш биле околу 1% од вкупното население и дотогаш имале своја синагога, гробишта и училиште. Поголемиот дел од нив биле трговци и стопанственици. На кристалната ноќ во 1938 година, дел од нив биле одведени во концентрацискиот камп Заксенхаузен. Меѓу нив се нашол и рабинот Лео Треп, кој преживеал и на крајот станал почесен граѓанин на Олденбург и добил улица со своето име.[10] Од 1981 година се одржува годишна почесна прошетка (Erinnerungsgang) во чест на депортацијата на олденбуршките Евреи на 10 ноември 1938 година.[11]

По Втората светска војна, група преживеани се вратиле во градот и ја задржале малата заедница додека не била распуштена во 1970-тите години. Сепак, поради еврејската емиграција од поранешниот СССР кон Германија во 1990-тите години, заедницата од околу 340 луѓе денес повторно поседува своја синагога, гробишта и други градби. Старите еврејски гробишта, кои не се повеќе активни, биле осквернавени двапати во 2011 и во 2013 година.[12]

Правосудство уреди

Поради неговата улога на резиденција и главен град на поранешната држава Олденбург, во градот се наоѓаат бројни судови. Во судскиот четврт се наоѓаат основниот суд, покраинскиот суд и вишиот покраински суд, непосредно еден до друг. Вишиот покраински суд е еден од трите виши покраински судови во Долна Саксонија и е надлежен за поранешниот административен округ Везер-Емс. Социјалниот суд Олденбург е одделен од трите суда од паркот Шлосгартен; административниот суд се наоѓа на плоштадот Шлосплац, додека Трудовиот суд се наоѓа на улицата Банхофштрасе.

Од 2001 година во поранешната касарна Хиндербург се наоѓа новиот затвор во Олденбург.

Познати луѓе уреди

 
Хелене Ланге
 
Карл Јасперс

Спорт уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. „Urbane Agglomerationen (Deutschland): & Urbane Agglomerationen - Einwohnerzahlen, Grafiken und Karte“. Посетено на 2020-08-21.
  3. 3,0 3,1   Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Oldenburg“ . Encyclopædia Britannica. 20 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 72.CS1-одржување: ref=harv (link)
  4. Goldsmith, Martin (2014). Alex's Wake: A Voyage of Betrayal and a Journey of Remembrance. Da Capo Press. стр. 44–46. ISBN 978-0306823220.
  5. Ulrich Schneider: Niedersachsen 1945, p. 95. Hannover 1985
  6. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 6. Januar 2017.
  7. „Kommunalwahl Amtliches Endergebnis 2016“ (PDF). oldenburg.de. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-22. Посетено на 2016-09-22.
  8. Unverhofft klarer Wahlsieg für Jürgen Krogmann, abgerufen am 18. Oktober 2014.
  9. „OLDENBURG - JewishEncyclopedia.com“. www.jewishencyclopedia.com. Архивирано од изворникот 22 June 2017. Посетено на 29 April 2018.
  10. Oldenburg, Stadt. „1990: Prof. Dr. Dr. h.c. Leo Trepp – Stadt Oldenburg“. www.oldenburg.de. Посетено на 29 April 2018.
  11. „Erinnerungsgang -“. Erinnerungsgang. Архивирано од изворникот 24 October 2017. Посетено на 29 April 2018.
  12. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2015-03-22.

Надворешни врски уреди