Вангерланд (германски: Wangerland) — општина во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на брегот на Северното Море, околу 20 километри северозападно од слободниот град Вилхелмсхафен и 10 километри северно од окружниот град Јефер. Седиштето на општината се наоѓа во селото Хоенкирхен.

Вангерланд
Воздушен поглед на Вангерланд во позадина е островот Вангероге
Воздушен поглед на Вангерланд
во позадина е островот Вангероге
Воздушен поглед на Вангерланд
во позадина е островот Вангероге
Грб на Вангерланд
Вангерланд во рамките на Германија
Вангерланд
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Фризија
Месни единици 16
Градоначалник Бјерн Милена (независен)
Основни податоци
Површина 176 км2
Надм. височина 2 м
Население 9.149 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 52 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. FRI
Пошт. бр. 26434, 26441 (Грос Хаускројц)
Повик. бр. 04463, 04464, 04461, 04425, 04426
Портал www.wangerland-online.de
Местоположба на Вангерланд во рамките на округот Фризија
Карта
Карта
Координати 53°39′0″N 7°57′0″E / 53.65000° СГШ; 7.95000° ИГД / 53.65000; 7.95000

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Општината Вангерланд се наоѓа во североисточниот дел на Источнофризискиот Полуостров, непосредно на Северното Море. На север и на исток, општината има крајбрежје во должина од 27 километри. Дел од овој брег влегува во националниот парк Долносаксонско Ваденско Море, кој од 2009 година е светско природно наследство.

Општински единици

уреди

Општината Вангерланд се состои од следниве 16 единици: Алтгармсзил, Ферин, Фридерикензил, Хадин, Хоенкирхен, Хокзил, Хорум, Хорумерзил, Мидоге, Минзен, Нојгармсзил, Олдорф, Шилиг, Тетенс, Вадеварден, Вијарден и Вифелс.

Покрај овие места постојат помали имоти, а некои од нив поседуваат и свои цркви, кои се подредени под овие единици. Административното седиште на општината е во Хоенкирхен.

Соседни општини

уреди

Општината дели копнени граници со други општини само на запад и на југ. На запад се граничи со градот Витмунд, на југ со градот Јефер, со градот Шортенс, како и со градот Вилхелмсхафен. Северно од Вангерланд се наоѓа островот Вангероге, кој претставува посебна општина.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди