Ѓувелци

село во Лагадинско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ѓуверџе)

Ѓувелци (Ѓувелџа, Ѓуверџе; грчки: Φιλαδέλφι, Филаделфи) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 г. Ѓувелци било дел од општина Маслар[2].

Ѓувелци
Φιλαδέλφι
Ѓувелци is located in Грција
Ѓувелци
Ѓувелци
Местоположба во областа
Ѓувелци во рамките на Бешик
Ѓувелци
Местоположба на Ѓувелци во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°45′N 23°28′E / 40.750° СГШ; 23.467° ИГД / 40.750; 23.467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМаслар
Надм. вис.&10000000000000395000000395 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно228
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 16
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 31 километри западно од Ставрос и 52 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа во јужното подножје на Богданска Планина (Кердилија), на јужниот брег од Мавровско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 395 метри.

Угурли опфаќа површина од 48 квадратни километри[3].

Историја

уреди

Во XIX век Ѓувелци било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија, додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.

Во 1928 година селото било преименувано во Филаделфи[5].

Според наредбата од 12 април 1930 година, селото претставувало самостојна општина во Лагадинската околина, во чиј состав влегувале и селата Канџа и Нуда.

Денес, населението на селото главно се занимава со земјоделство и сточарство.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 83 семејства и со 317 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 577 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 550 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 679 жители, во 1971 година имало 499 жители, во 1981 година имало 357 жители, додека во 1991 година имало 403 жители[7] а во 2001 имало 333 жители[8]. Денеска, населението на селото е 220 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 577 550 679 499 357 403 333 220 228
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21. Посетено на 2017-03-07.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  5. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-07.

Надворешни врски

уреди