Источен Тимор
Источен Тимор, се среќава и како Тимор-Леште (португалски: Timor-Leste, изговор: [tiˈmoɾ ˈlɛʃtɨ]) (тетум: Timór Lorosa'e) или официјално Демократска Република Источен Тимор (португалски: República Democrática de Timor-Leste) — островска држава во Југоисточна Азија и северна Океанија. Државата го зазема источниот дел од островот Тимор и блиските острови Атауро, Јако и ексклавата Оекуси-Амбено. Источен Тимор спаѓа во помалите држави во светот со 15.410 км2 [5] и е 640 км оддалечена од Дарвин, Австралија.
Демократска Република Источен Тимор Repúblika Demokrátika Timór Lorosa'e República Democrática de Timor-Leste |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Unidade, Acção, Progresso" (португалски) ("Единство, Дејство, Напредок") |
||||||
Химна: Pátria (португалски) (преведено: Татковина) |
||||||
Главен град (и најголем) | Дили 8°34′S 125°34′E / 8.567° ЈГШ; 125.567° ИГД | |||||
Службен јазик | тетум и португалски1 | |||||
Работни јазици | индонезиски и англиски [1] | |||||
Демоним | Источентиморец | |||||
Уредување | Парламентарна република | |||||
• | Претседател | José Ramos-Horta | ||||
• | Премиер | Таур Матан Руак | ||||
Независност | од Португалија, Индонезија² | |||||
• | Основан | 1702 | ||||
• | Објавена | 28 ноември 1975 | ||||
• | Признат | 20 мај 2002 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 14,874 км2 (159-та) | ||||
• | Вода (%) | н/п | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 1.134.000[2] (155-та) | ||||
• | Густина | 76.2 жит/км2 (132-ра) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $2.522 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $2,368[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $499 милиони[3] | ||||
• | По жител | $468[3] | ||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.620[4] среден · 128ма |
|||||
Валута | Долар³ (USD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+9) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .tl 4 | |||||
Повик. бр. | +670 | |||||
1. | уште 15 „национални јазици“ се признати според уставот. | |||||
2. | Индонезија го окупирала Источен Тимор на 7 декември 1975 и го напуштила во 1999. | |||||
3. | Сентавосите се исто така во употреба. | |||||
4. | .tp се напуштил. |
Источен Тимор бил колонизиран од Португалија во 16 век и бил познат како Португалски Тимор сè додека Португалија ја деколонизирала државата. Во 1975 година Источен Тимор прогласил независност, но набрзо Индонезија ја окупирала државата и ја прогласила за своја 27. покраина. Во 1999 година, Индонезија во ООН ја повлекла контролата на источниот дел од островот и станала првата нова држава во 21 век на 20 мај 2002. Источен Тимор е една од двете држави во Азија каде католицизмот е доминантна религија, другата е Филипини.
Економијата на Источен Тимор е со среден раст[6] Државата сè уште страна од последиците од војната за независност против Индонезија, што ја оштетила инфраструктурата и протерала голем број население.
Потекло на поимот
уредиИмето „Тимор“ потекнува од индонезискиот и малајскиот збор за исток — тимур, кој подоцна на португалски бил прифатен како Тимор. Леште пак е португалскиот збор за исток. Официјалното име на државата според нејзиниот устав е Демократска Република Источен Тимор или на португалски República Democrática de Timor-Leste. Во Индонезија државата се вика Тимор Тимур или скратено ТимТим, но денес оваа кратенка ретко се користи. Денес, името Тимор-Леште сѐ почесто се користи во Индонезија.
Историја
уредиГеографија и клима
уредиПолитички систем
уредиНа чело на државата е претседателот на Источен Тимор кој е избран на избори за петгодишен мандат. Иако неговата улога во политичкиот живот на државата е симболична, претседателот има право на вето за некои законодавни акти. По изборите, претседателот го назначува водачот на најголемата моментална политичка партија или коалиција за премиер на Источен Тимор. Како претседател на владата, премиерот е и претседател на државниот совет или кабинетот на министри.
Еднодомниот парламент на Источен Тимот е националното собрание на Источен Тимот, чии членови се избрани на избори за мандат од пет години. Бројот на пратенички места варира од минимум 52 до максимум 64 места, иако денес има осумдесет и осум пратеници во тиморското собрание. Уставот на Источен Тимор е создаден по моделот на уставот на Португалија и државата сè уште е во фаза на целосно оформување на администрацијата и владините институции.
Административна поделба
уредиИсточен Тимор се дели на 13 окрузи.[7] Окрузите потоа се поделени на подокрузи, а тие пак, на сукоа.
Округ | Површина (км2) |
Домаќинства | Население (2004) |
Население (2008)[8] |
Густина жит/км2[9] | |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Ајлеу | 729 | 7.745 | 37.926 | 45.724 | 52,0 |
2 | Ајнару | 797 | 11.527 | 52.476 | 62.407 | 65,8 |
3 | Баукау | 1.494 | 22.659 | 100.326 | 113.748 | 67,2 |
4 | Бобонару | 1.368 | 18.397 | 83.034 | 93.787 | 60,7 |
5 | Викеке | 1.781 | 15.115 | 65.245 | 72.950 | 36,6 |
6 | Дили | 372 | 31.575 | 173.541 | 212.469 | 466,5 |
7 | Ермера | 746 | 21.165 | 103.199 | 118.671 | 138,3 |
8 | Кова Лима | 1.226 | 11.820 | 52.818 | 62.764 | 43,1 |
9 | Лаутен | 1.702 | 12.998 | 55.921 | 65.349 | 32,9 |
10 | Ликиса | 543 | 11.063 | 54.834 | 69.925 | 101,0 |
11 | Манатуту | 1.706 | 8.338 | 36.719 | 41.217 | 21,5 |
12 | Мануфахи | 1.325 | 8.901 | 44.950 | 53.995 | 33,9 |
13 | Окуси | 815 | 13.659 | 57.469 | 67.736 | 70,5 |
Во 2003 г. претрпиле промена границите помеѓу Кова Лима и Ајнару и помеѓу Баукау и Викеке.
Стопанство
уредиНаселение, јазик и религија
уредиРелигија
уредиКултура
уредиНаводи
уреди- ↑ „East Timor country profile“. BBC News. 2011-09-14.
- ↑ Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations. (консултирано на 2009-03-12)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „East Timor“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ mne.gov.tl[мртва врска]
- ↑ World Bank Country Groups, 2007
- ↑ Податоците за населението се водат според пописот од 2004 г. и проценките од 2008 г. на Националната статистичка управа на Тимор-Леште: Предносни табели на окрузите Архивирано на 29 септември 2007 г. (англиски)
- ↑ проценка
- ↑ Густината се однесува на состојбата на населението според пописот во 2004 г.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиПовеќе за East Timor на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Timor-Leste Владин портал на Источен Тимор Архивирано на 2 јануари 2019 г.
- Шеф на држава и кабинет на министри Архивирано на 10 декември 2008 г.
- Општо
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Источен Тимор“ (англиски)
- Источен Тимор на UVB Архивирано на 29 октомври 2008 г.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |