Масив Атак

(Пренасочено од Massive Attack)

Massive Attack (македонски: Масив Атак) се група од Бристол, Англија. До сега имаат издадено 8 албуми - четири студиски албуми, два филмски албуми, еден ремикс албум и еден со најголемите хитови. Нивна музика е електронска и комбинира елементи од џез, хип-хоп, рок, класична музика и други стилови. Во последните албуми се осеќа влијание на потемни, нежни форми на електронска музика.

Massive Attack (Масив Атак)

ПотеклоБристол, Англија
Години активност1988 – сега
СтилТрип-хоп
Издавачка куќаVirgin Records
ЧленовиРоберт Дел Наџа ("3D")
Грант Маршал ("Daddy G")

Историја

уреди

Massive Attack започнале како изданок на Бристолската уметничка заедница The Wild Bunch. Во 1988 година го издале првиот сингл "Any Love," а по него во 1991 и првиот албум, Blue Lines, на кој се наоѓаат хитовите "Unfinished Sympathy" и "Daydreaming." Според неколку анкети на MTV2, NME, и многу други музички списанија, "Unfinished Sympathy" е една од најдобрите песни на сите времиња.

Blue Lines станал еден од највлијателните Британски албуми на деведесеттите, инспирирајќи проекти како Portishead и Morcheeba. Blue Lines се смета за почеток на нов правец во музиката наречен "Бристолски звук," но во медиумите се користи терминот "трип хоп," и покрај негодувањето на членовите на Massive Attack.

За време на првата Заливска војна, неколку Британски медиуми избегнувале користење на зборови кои асоцираат на војна и насилство, па Massive Attack (во тоа време во зачеток) биле приморани привремено да го променат името во Massive. Нивниот водач Роберт Дел Наџа повеќепати изјавил дека е против американската агресија во Третиот свет во име на демократијата, и жалел што воопшто морале да го променат името.

Во 1994 Massive Attack го издале вториот албум Protection. На него се појавуваат две инструментални композиции аранжирани од Крег Армстронг. Исто така, на овој албум последен пат се појавува Трики заедно со Massive Attack, кој подоцна продолжува со соло кариера. На две песни ("Protection" и "Better Things") вокалот го позајмува Трејси Торн од Everything But The Girl. Во 1995 тие соработувале и со Мадона на песната "I Want You," која е издадена на нејзиниот албум Something to Remember.

Масив Атак во почеток броеле три членови - Роберт Дел Наџа ("3D"), Грент Маршал ("Daddy G") и Ендрју Вовлес ("Mushroom"). По снимањето на Mezzanine, Ендрју, незадоволен од промената на звукот, ја напуштил групата. Негова замена била Нил Девиџ, кој работел со Дел Наџа на најголем дел од материјалот на Mezzanine. Маршал не учествувал во снимањето на 100th Window.

На секој албум на Масив Атак се појавуваат надворешни вокалисти. До сега групата соработувала со Мос Деф, Трики, Шара Нелсон, Трејси Торн од Everything But The Girl, Николет, Сара Џеј, Елизабет Фрејзер од Cocteau Twins и Шинед О Конор. јамајската реге-легнда Хорас Енди се пјавува на сите нивни албуми.

Третиот Massive Attack албум, Mezzanine, бил издаден во 1998. Mezzanine покажува стремеж на групата кон потемен, дисторзиран гитарски звук, и според многу нивни обожаватели и критичари, осначува значаен напредок. Неколку песни од овој албум се појавиле во повеќе филмови - првата песна ("Angel") се појавува во филмовите Снеч (режиран од Гај Ричи), Go (режиран од Даг Лиман), Летот на Фениксот, Пи (режиран од Дарен Аронофски), Остани (режиран од Марк Фостер), и Огнен ѕид (режиран од Ричард Локрејн). Се појавува и во епизода на телевизиската серија Западно крило, а дел од песнате се користи и за најавната шпица на серијата 24. Третата песна, "Teardrop," се појавува во повеќе телевизиски серии - Куќа, La Femme Nikita, Cold Case, Prison Break. Четвртата песна, "Inertia Creeps" се користи во филмот Стигмата. Петтата песна, "Exchange" се појавува двапати во документарецот "Dogtown and Z-Boys". Шестата песна, "Dissolved Girl" се појавува во филмовите Матрица и Чакалот. Јапонското издание на Mezzanine има една бонус песна, "Superpredators," која исто така се користи во почетокот на филмот The Jackal.

Издавањето на Mezzanine донело и промена во живите настапи на Massive Attack. Во почетокот имале едноставни настапи со неколку микрофони и грамофони, а потоа почнале да вметнуваат повеќе живи инструменти. Покрај разните гости-вокалисти, на триото му се придружувале и гитарист, басист, тапанар и клавијатурист. Настапите на Massive Attack се пропратени со светлосни ефекти и голем видео бим за проекции.

Четвртиот албум на Massive Attack, 100th Window, бил издаден на 10 февруари 2003 и се нашол меѓу првите 10 најпродавани албуми во Велика Британија. Истиот месец Дел Наџа бил обвинет за поседување дрога. Мислењата за овој албум главно биле поделени - критичарите сметале дека е далеку под критериумите на претходните албуми, додека добар дел од обожавателите го гледаат како логична прогресија.

Во 2004, групата составена од Дел Наџа, Девиџ, и програмерот Алекс Свифт, издале инструментален филмски албум за филмот Danny the Dog, продуциран од Лук Бесон. Насловот на филмот бил променет во Unleashed пред американското издавање, иако албум излегол под првичното име неколку месеци пред филмот.

Во 2005 групата учествувале во правењето на музиката за филмот Bullet Boy.

Massive Attack сега се сопственици на елитен клуб само за членови - Nocturne. Тој се наоѓа во една од главните улици во Бристол.

Во март 2006 Massive Attack го издале Collected, компилација од најдобрите песни. Двата диска вклучуваат избрани песни од нивните албуми, неколку ретки синглови и две нови песни - Live with Me и False Flags. ДВД изданието ги содржи сите спотови на групата.

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
Датум Наслов Англиска топ листа Американска топ листа Австралиска топ листа
27 март, 2006 Collected #2 #198 #19
22 април, 2005 Bullet Boy - - -
11 октомври, 2004 Danny the Dog #70 - -
10 февруари, 2003 100th Window #1 #69 #4
20 април, 1998 Mezzanine #1 #60 #1
17 февруари, 1995 No Protection #10 - #34
26 септември, 1994 Protection #4 - #15
1 јуни, 1991 Blue Lines #13 - #69

Синглови

уреди
Датум Наслов Англиска топ листа Американска топ листа Австралиска топ листа
13 март, 2006 Live With Me #17 - -
16 јуни, 2003 (невалиден) Butterfly Caught (EP) - - -
24 февруари, 2003 Special Cases #15 - -
21 септември, 1998 (невалиден) Inertia Creeps - - -
13 јули, 1998 Angel #30 - -
20 март, 1995 Karmacoma (EP) 28 - -
27 април, 1998 Teardrop #10 - #16
7 јули, 1997 Risingson #11 - -
9 јануари, 1995 Karmacoma - - -
9 јануари, 1995 Protection #14 - -
17 октомври, 1994 Sly #24 - -
10 февруари 1992 Massive Attack (EP), aka Hymn of the Big Wheel #27 - -
28 мај, 1991 Safe from Harm #25 #32 (Dance) -
11 февруари, 1991 Unfinished Sympathy #13 - -
15 октомври, 1990 Daydreaming - - -
1988 Any Love - - -

Поврзанотака

уреди

Надворешни врски

уреди