II востанички округ - Кожув

II востанички округ - Кожув бил формиран според Општиот план за Илинденското востание во Кожувскиот востанички округ влегле: Гевгелиско, Ениџевардарско, Воденско и Тиквешко.

Први чекори

уреди
 
Крсто Асенов

Подготовките за кревање на востание во Солунскиот револуционерен округ започнале веднаш по Софиското советување. Во февруари 1903 година во Гевгелиско пристигнале Сава Михајлов и Крсто Асенов со 18 товари пушки и динамит. Во тој реон биле четите на Иван Карасулијата и Аргир Манасиев, меѓу нив двајца постоело нетрпение, меѓутоа била организирана средба и дошло до нормализирање на односите.

Апостол Петков имал судир со Османлиите во село Бојмица на 23/24 февруари 1903 година. Четата бла предадена, Постол војвода бил навремено известен но тој решил да остане и да се бори. Во судирот загинале Тано Петков Терзиев (брат на Апостол Петков), Атанас Тодев и Димитар Чавдаров. На 17 април Иван Карасулијата во селото Бабјани ги ликвидирал кехајат Коста Лармади, син му Михаил и нивните сопруги.

По Солунските атентати дошло до зголемување на четите. Кон четат на Сава Михајлов и Манасиев пристапиле 19 души од Гевгелиско. Заедничката чета на Михајлов и Манасиев се зголемила на 80 души.

Подготовките за востание во Тиквешкиот реон биле под контрола на Петар Јуруков. Овој реон стоел салбо со оружје имало околу 300 пушки и затоа Јуруков бил против масовно востание. До почетокот на востаничките акции биле набавени 70 пушки, а по По Солунските атентати тиквешката чета се зголемила на околу 80 души и таа била поделена на 3 дела.

Ениџевардарско

уреди

Крсто Асенов со својата чета заминал за Ениџевардарско, меѓутоа и тму дошле во судир кај селото Постол. Во борбата учествувале четите на Асенов, Трајко Јотов и Апостол Петков. Турците имале 4 загинати и 5 ранети, а четат 2 убиени.

По овој судир Асенов и Постол војвода заминале во село Корнишор. Во тамошната црква били осветени Кукушкото и Ениџевардарското знаме. Асенов овој момент сакал да го овековечи со венчавка со Ана Малешевска. Меѓутоа тоа предизвикало незадоволство против него, нередите ги започнал Гоно Бигинин по иницијатива на Димитар Битраков. Додека траела венчавката во црквата, Бегинин надвор ги потикнувал четниците против Асенов. По венчавката четите замнале за Корнишорската куриј каде дошло до распарвија. Асенов и Maлешевска морале да се засолнаат, но Бигинин му наредил на Големанов да го убие Асенов и тој тоа го направил додоека Крсто Асенов спиел.

 
Апостол Петков Терзиев - Ениџевардарското сонце

Убиството на Асенов го сменил текот на востанието во Кукушко, Ениџевардарско и Гевгелиско. Подготовките за востанието во Ениџевардарско ги презел Апостол Петков.

Регионот бил слабо вооружен, имало малку пушки. Од своја страна А. Петков побарал експлозив од раководството. Ениџевардарската чета добила задача да ги сече телеграфските линии, да дејствува по мостовите, да го попречи движењето на возовите и распределувањето на отоманската војска во Југозападна Македонија.Во предвечерјето на востанието А. Петков ги распоредил задачите помеѓу раководните тела. Притоа селата Тумба и Бојмица, со поддршка на милиционерите, требало да ја помогнат атентаторската група на С. Михаилов и А. Манасиев. Од Грубевци требало да ја прекинат телеграфската линија... Од внатрешните атенатори само еден успеал да фрли бомба... Во меѓувреме Апостол нападнал однадвор. Во судирот имало еден загинат... На 28.07/10.02, А. Петков планирал да го нападне гарнизонот во с. Крива... Брзо потоа Апостол имал судир кај с. Рамна, каде загубил 1 борец. Отаму се повлекол во планинските предели на Пајак. На 12/25.09.1903 А. Петков и И. Карасулијата воделе голема борба со многуброен аскер на Гандач. Тие со писмо ги повикале началниците на гарнизоните од Гумеџе и Гевгелија. Четите зазеле добра позиција и ја пропуштиле војската да навлезе во клешта. Поради тоа нејзините загуби биле големи. На крај четите се извлекле со јуриш, фрлајќи бомби. По два дена А. Петков имал нов судир кај Голата Чука. Во ноември во Ениџевардарско била извршена демобилизација на борците [1]

Воденско

уреди

Воденската околија зела салбо учество во востанието. Таму имало неколку битки. На 4 август 1903 година имало судир западно од Воден во која загинале 14 четници и 3 Турци. На 10 август кај селото Горно Родево четата на Атанас Крстев со судрила со аскерот, Турците имале 30 души загинати. На 24 август бил извршен атентат на железничката линија Острово-Владово. Во Воденско имало 6 судири во западниот дел кој гравитирал кон Битолскиот револуционерен округ.

Гевгелиско

уреди
 
Четата на Апостол Петков Терзиев

Сава Михајлов и Аргир Манасиев откако го добиле известувањето за денот на востанието, организирале советување. Тие заклучиле дека ќе можаат да преземаат само атентати по железничката линија, а со окружно ги информирале гевгелиските села дека Илинден е прогласен за ден на востанието. Во окружното било истакнато дека Гевгелиско нема да востане масовно затоа што имало недостаток на оружје.

Пред Илинден, во Гевгелиско биле четите на Михајлов со 33 души, Манасиев со 38 души и Карасулијата со 24 души, вкупно 95 четници. На Илинден четите се нашле во близина на самата Гевгелија. Ноќта на 10 август бил миниран блискиот железнички мост. Потоа Мансиев и Михајлов се упатиле ко север за да го урнаат мостот на линијата кај Демир Капија. Меѓутоа акцијата не била реализирана поради предвство на еден влав, а четите дошле во суди со аскерот и дале 7 души, а двајца биле ранети. Во втората половина на септември гевгелиските чети имале судир со аскерот кај Беш бунар но се повлегле без загуби. на 21 октомври кај Балинци имале повторно судир во кој загинал еден четни, а еден бил ранет. Кон крајот на востанието биле направени два обида за атентати по железничката линија. Во првиот напад во близината на Смоквица динамитот не експлодирал, а во вториот напад бил исфрлен еден вагон.

Во ноември била извршена демобилизација во Гевгелиско. Михајлов, Манасиев и Карасулијата со повеќе четници заминале за Бугарија.

Тиквешко

уреди

Во почетокот на јуни, Петар Јуруков извршил пробна мобилизација во селата Бегниште, Ресава, Брушани и Праведник. Четата на Јуруков тогаш ликвидирала дваја Турци и поради тоа дошло до раздвижување на османлиските сили. Четата била поделена на два дела, една под команда на Јурук, втората под команда на Лазар Мишев. За да бидат избегнати судири четата времено се засолнила во Прилепско. Пред да започне востанието четата имала неколку судири при кој загинале повеќемина борци.

Востанието во Тиквешко започнало со потпалување на една беговска кула кај Положно, а бегот бил ранет. Нападот ги раздвижил турските потери и четата се нашла во незгодна положба уште во самиот почеток. На 3 август четат била ополена во близина на Шешково. Востаниците успеале да се извлечат со јуриш но прито загинале 17 востаници, а од аскерот загинале 10 Турци. По судирот четата се повлекла на Кожув.

На 13 август Јуруков со својта чета бил откриен на Кожув кај селото Копришница, таму дошло до судир во кој загинале 2 востаници и 7 Турци, а секретарот на четата Петраќо Костадинов бил заробен и подоцна бил осуденна 101 година затвор. По битката Јуруков заминал за Велешко. Во ноември со 10 души заминал за Бугарија.

Извори

уреди
  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет, 2003

Предлошка:МРО