Grand Theft Auto: San Andreas

(Пренасочено од GTA:SA)

Grand Theft Auto: San Andreas (транскрипција: Гренд тефт ото: Сан Андреас)[5]акциско-авантуристичка видеоигра изработена од Rockstar North. Таа е третата игра од серијалот Grand Theft Auto со тридимензионлна компјутерска графика и општо петтата игра по ред од серијалот. Прво е издадена за PlayStation 2 во октомври 2004,[1] а оттогаш е прилагодена и за конзолата Xbox и за Microsoft Windows и доби широко признание и голем број на продажби за сите три подлоги. Претходникот на San Andreas беше Grand Theft Auto: Vice City, а е наследена од Grand Theft Auto IV.

Grand Theft Auto: San Andreas

Изработувач(и) Rockstar North
Издавач(и) Rockstar Games
Дистрибутер Rockstar Games
Valve корпорација
Серијал Grand Theft Auto
Погон RenderWare
Подлоги PlayStation 2, Windows, Xbox
Датум на издавање PS2[1]

Северна Америка
26 октомври 2004
Европа,
Австралија,
Нов Зеланд
29 октомври 2004
Xbox[2]
Северна Америка
7 јуни 2005
Европа,
Австралија,
Нов Зеланд
10 јуни 2005
Windows[3]
Северна Америка
7 јуни 2005
Европа,
Австралија,
Нов Зеланд
10 јуни 2005

Жанр(ови) Акција
Режим(и) Еден играч
Медиум ДВД, симнување од интернет
Побарувања PS2

Xbox

  • Слободен простор на тврд диск

PC[4]

Начин на
контролирање
PS2 и Xbox: џојстик
Windows: Тастатура, глувче, џојстик (опционално)

Играта е поставена во измислената држава Сан Андреас, составена од три метрополи. Со дејство временски сместено при крајот на 1992 година,[6] San Andreas се центрира околу Карл „Си-Џеј“ Џонсон, член на банда, кој се враќа од Либерти Сити во Лос Сантос, Сан Андреас по веста дека неговата мајка е убиена. Си-Џеј ја наоѓа неговата фамилија и неговата стара банда, Фамилиите од улицата Гроув (анг: Grove Street Families), во неред. Со текот на играта, Си-Џеј го отплетува заплетот зад смртта на мајка си додека одново ја основа својата банда и ги проширува своите деловни авантури. Како и другите игри во серијалот, San Andreas го применува стилот на игра со „отворен свет“ кој им дава на играчите поголема контрола околу нивното играчко искуство. Играта има повеќе додатни можности за разлика од своите претходници, како што се можностите за војни меѓу бандите, автомобилско модификување и персонализација на главниот лик.

Како и претходните игри од Grand Theft Auto серијалот, критичкиот и комерцијалниот успех на San Andreas не поминал без контроверзија. Најзабележителната контроверзност била врз мини играта „Жешко-кафе“, чија функционалност била исклучена пред издавањето, но останала во кодот на играта. Нејзиното откритие го доведе San Andreas до повторна оценка за содржината за да биде евентуално проценета како игра за возрасни лица[7] и да биде повлечена од полиците на дистрибутерите.

Историја

уреди

Следејќи го успехот на Grand Theft Auto: Vice City, многу гејмери очекувале нова Grand Theft Auto игра на PlayStation 2 во доцната 2003. Првиот конкретен доказ за ново продолжение дошло на 29 октомври 2003, кога американскиот издавач и развивач на видеоигри, Take-Two Interactive, објавил дека неименувана GTA игра ќе биде издадена во „втората половина од четвртиот фискален квартал на 2004“.[8] Иако не биле достапни дополнителни информации во тој момент, од типот на поставеноста на играта или на заплетот, имало гласини дека ќе биде заснована или во фикционалниот град Сан Андреас, Калифорнија или во Град на гревот заснован на Лас Вегас, Невада.[9]

На 1 март 2004, Take-Two изјавила на прес конференција дека Grand Theft Auto: San Andreas ќе биде издадена на 19 октомври 2004 во Северна Америка, 22 октомври во Европа, и на 29 октомври во Австралија.[10] Првите вести за содржината на играта биле откриени на 11 март, кога било изјавено дека Сан Андреас нема да биде град, туку цела сојузна држава составена од три цели града и околна територија.

На 9 септември 2004, на третите квартерни финансиски резултати на Take-Two за 2004, било известено дека датумот за издавање ќе биде повлечен една недела поназад. Во истото известување, Take-Two ги објавила и верзиите на играта за Microsoft Windows и за Xbox.

San Andreas била издадена за PlayStation 2 на 26 октомври 2004 во Северна Америка и на 29 октомври 2004 во Европа и Австралија. Во Јапонија е издадена на 25 јануари 2007.[11] Windows и Xbox верзиите биле издадени на 7 јуни 2005 во Северна Америка и на 10 јуни 2005 во Европа и Австралија.

Стил на играње

уреди

San Andreas е структурно слична на претходните две игри во серијалот. Јадрото на стилот на играње се состои од елементи на игра со пукање во трето лице и на игра со возење, овозможувајќи му на играчот голема, отворена средина во која може тој да се движи слободно. На нога, ликот на играчот е способен за одење, трчање, пливање (првата GTA игра во која пливањето е можно), скокање и искачување, како и користење на оружја и на разни форми на борба лице-в-лице. Играчите можат да крадат и да возат широк спектар на возила, вклучувајќи автомобили, бродови, авиони, хеликоптери, возови, тенкови, мотоцикли и велосипеди. Играчите исто така можат и да купуваат (порачуваат) возила наместо да ги крадат.

Отворената, нелинеарна средина им овозможува на играчите да истражуваат и да одберат како да ја играат играта. Иако минувањето на мисии поврзани со приказната се потребни за да отклучат определени градови и содржини, тие не се задолжителни, бидејќи играчите можат да ги играат по свое задоволство. Кога не играат определена мисија од приказната, играчите можат слободно да прават што сакаат. Сепак, создавањето на хаос може да привлече несакано и потенцијално фатално внимание од органите на власта. Колку поголем хаос е создаден, толку поголем ќе биде одговорот: полицијата се грижи за „помали“ прекршоци (напад на луѓе, вперување на оружја, кражба на коли, убивање на неколку цивили и сл.), додека СВАТ[12] тимови, ФБИ[13] и војската одговараат на повисоки нивоа на бараност.

Играчот може да учествува и во голем број на опционални странични мисии. Традиционалните странични мисии од претходните игри се вклучени, како што е превозот на патници како такси возач, гаснење на пожари, возење на повредени луѓе до болница и борба против криминал. Новите додатоци вклучуваат мисии со кражби, мисии со водење на проституција, транспортни мисии со товарни камиони и возови и школа за учење на автомобили/авион/брод/мотор, кои им помагаат на играчите да научат нови вештини и техники за употреба при употребата на нивните соодветни возила.

 
Играчот вози велосипед, една од новостите на играта, на планината Чилиад во Сан Фиеро, Сан Андреас.

За разлика од Vice City и GTA III, кои имаа екрани за чекање при подигнувањето на материјалите за различни делови од градот, во San Andreas нема чекање кога играчот е во транзит (што е значајно, имајќи предвид колку поголема е картата за играње во споредба со претходните игри). Единствените места каде што има прекини се при премини во интериери или филмувани сцени, други разлики меѓу San Andreas и неговите претходници вклучуваат промена на играта од самостојна игра во групна игра (со повеќе играчи, но не и на компјутерската верзија) и замена на 'скриените пакети' со графити, скриени сцени за фотографирање, потковици и школки за откривање.

Камерата, тепањето и контролите за намерување при пукањето се преработени за да вклучат концепти од друга игра на Rockstar, Manhunt, вклучувајќи разни елементи на прикрадување[14] како и подобрени мети за оружјата и индикатор за здравјето кој ги менува боите од зелена кон црвена и црна, зависно од здравјето на метата.

Додатно, играчите можат да пливаат и да се качуваат по ѕидови за првпат во серијалот.[7] Способноста за пливање има и добар ефект, бидејќи не претставува веќе бариера која инстантно убива (иако е можно давење). За поголема моќност, играчите можат да држат оружја и со двете раце или да користат повеќе членови на банда и да вршат напад од автомобил во движење. Исто така, заради големината на Сан Андреас, можно е да се става маркер за локација на картата во радарот на играта, со што му се помага на играчот да стигне до саканото одредиште.

Вештачката интелигенција на играта е исто така подобрена. Играчот веќе не може да претепува пешак на прометна улица без реакција од случајните минувачи. Додека повеќето минувачи ќе бегаат или ќе се кријат, некои вооружени цивили како што се дилерите на дрога или членовите на непријателските банди ќе го напаѓаат Си-Џеј, а пријателските членови на банди ќе пукаат и ќе ги гонат своите противници. Полицијата сега ќе ги гони и другите ривални гангстери кои вршат криминал, а не само играчот.

Промени на главниот лик

уреди

Rockstar ја нагласи персонализацијата на главниот протагонист преку додавање на многу нови функции. Облекувањето, модните додатоци, фризурите и тетоважите се сега овозможени за Си-Џеј и имаат поголеми реакции врз ликовите кои не се контролирани од играчот во споредба со реакциите на облеката од Vice City. Нивото на почит на Си-Џеј меѓу неговите членови на бандата од улицата Гроув се менува според неговиот изглед и неговите постапки, а од тоа зависат и неговите врски со девојките. Играчот мора редовно да го храни Си-Џеј и редовно да го тера да вежба за да остане здрав. Рамнотежата меѓу храната и физичката активност има ефект врз неговиот изглед и физичките атрибути.[7]

San Andreas исто така ги следи стекнатите вештини во областите возење, снаодливост со огнени оружја (кога статистиките се доволно високи, играчот може да ги удвои оружјата, односно да пука со огнени оружја со двете раце), кондиција и белодробен капацитет, кои се подобруваат со текот на играта. Си-Џеј може да ги научи трите различни стила на борба без примена на оружја (боксинг, боречки вештини и кик-боксинг) во секој од трите града. Си-Џеј може да зборува со голем број на пешаците на улиците, давајќи позитивен или негативен одговор; Rockstar тврди дека тој има вкупно 4200 реченици на искажан дијалог.[15]

Возила

уреди

Вкупно постојат близу 200 типови на возила во играта, споредени со приближно 85 во GTA III. Новите додатоци се велосипедите, возовите, комбајните, улучните чистачи, лебдилка и многу други. Физиката и можностите на возилата се слични со они на тркачкиот серијал на игри Midnight Club, дозволувајќи поголема контрола на возилото во воздух, како и примената на нитро и естетски модификации.

Има неколку различни класи на возила кои служат за различни намени. Возилата за теренско возење служат подобро во груби средини, додека тркачките автомобили се поефикасни на тркачки патеки или на асфалтните улици. Џет-авионите се брзи, но имаат потреба од авионска писта за слетување. Хеликоптерите можат да слетаат било каде, но се побавни. Додека претходните Grand Theft Auto игри имаа само неколку авиони кои беа ретко достапни и тешки за управување, San Andreas има 11 авиони и 9 хеликоптери што ги прави поинтегрирани во мисиите на играта. Повеќе различни бродови се додадени, додека некои се многу изменети во споредба со претходните изданија.

Други додатоци и промени

уреди

Други нови функции и промени во споредба со претходните Grand Theft Auto игри вклучуваат:

  • Војни на банди: Борби со непријателски банди се вклучени кога играчот (сам или придружен со други членови од Гроув Стрит фамилиите) одат во непријателска територија и убијат 3-4 члена на непријателската банда. Ако играчот преживее повеќекратни бранови на напад на непријателите, територијата е освоена, а пријателски гангстери ќе ги шетаат улиците на тие области. Колку повеќе територии поседува играчот, толку повеќе пари ќе бидат генерирани за собирање. Понекогаш поседуваните територии ќе бидат нападнати од непријателските банди и нивната одбрана ќе биде потребна за нивното зачувување. Откако сите одбележани територии ќе бидат поседувани од членовите на фамилиите од улицата Гроув, тие веќе нема да бидат под напад.
  • Модификација на коли: Повеќето автомобили во играта можат да бидат изменети или надградени во различни гаражи. Сите модификации се строго визуелни, освен нитро ситемите кои ѝ даваат забрзување на колата; и хидрауликата која ја менува висината на колата и му овозможува на играчот да контролира различни аспекти на амортизацијата на колата. Другите најчести модификации се префарбување со шари, бандажи, промена на каросеријата, спојлерите и вградување на стерео музички систем.
  • Грабеж: Продолжувајќи ја традицијата на контроверзија на серијалот, пробивањето во туѓи домови за кражба е вклучено како потенцијална активност за заработка на пари.[16] Преку крадењето на црно комбе за грабежи, Си-Џеј ноќе може да се прикрадува во живеалишта и да зема вредности или лично да ги ограби жителите.
  • Мини-игри: Повеќе мали игри се вклучени во San Andreas, вклучувајќи кошарка, билијард, предизвици засновани на ритам (танцување и 'скокање' на ниски автомобили со хидраулика), а машините за видеоигри се посвета на класичните аркадни игри. Во додаток, постојат казино игри и методи на коцкање, како што е обложувањето на виртуелни коњски трки.
  • Пари: Системот на пари е проширен во споредба со претходните наслови. Играчите можат да ја трошат својата готовина на коцкање, тетоважи, јадење и сл. Прекумерното коцкање може да го вовлече играчот во долг, што е прикажано со негативни броеви со црвена боја. Кога играчот ќе добие телефонски повик од мистериозна личност која му кажува на Си-Џеј за неговите долгови. Ако Карл не ги избрише своите долгови по вториот телефонски повик од мистериозната личност, четворица гангстери ненадејно се појавуваат и го напаѓаат.
  • Автоматски стоп: Кога ќе пристигне до маркерот за одредиште, колата автоматски ќе сопре со движењето штом ќе се допре маркерот, за разлика од претходните GTA игри каде беше потребно рачно да се сопре на маркерот. Оваа функција е стандардна за подоцнежните GTA игри.

Синопсис

уреди

Поставување

уреди

Grand Theft Auto: San Andreas е поставена во измислената држава Сан Андреас, која е основана на секции од сојузните американски држави Калифорнија и Невада. Составена е од три поголеми фиктивни града: Лос Сантос кореспонидира на вистинскиот град Лос Анџелес, Сан Фиеро кореспондира на Сан Франциско, а Лас Вентурас и околната пустина на вистинскиот град Лас Вегас и на пустините во Невада и Аризона.[7] Играчите можат да се искачат на 800 m високата планина Чилијад (заснована на планината Диабло, да скокаат со падобран од разни врвови и облакодери и да посетат 12 рурални гратчиња и села сместени во три окружоци: Ред, Флинт и Боун Окружок (ориг.:Red County, Flint County и Bone County). Други познати одредишта се браната Шерман (заснована на браната Хувер), голема воена база наречена Област 69 (ориг.:Area 69, заснована на Област 51), микробранова чинија и многу други географски знаменитости. Сан Андреас има површина од 35 квадратни километри,[17] приближно четири пати поголема од Вајс Сити, а пет пати поголема од GTAIII изданието на Либерти Сити. Додека нејзините претходници беа ограничени само на урбани локации, Сан Андреас вклучува големи градови и населби, но исто така и селски области меѓу нив.

Лос Сантос

уреди
 
Лос Сантос е заснован на вистинскиот град Лос Анџелес. Овде е прикажан поглед врз сиромашната населба Ајдлвуд.

Лос Сантос е градот во кој играчите почнуваат со играта, и е единствениот де факто отклучен град во кој играчите можат да играат. Лос Сантос е заснован на вистинскиот град Лос Анџелес, и како и Лос Анџелес, Лос Сантос се состои од неколку различни делови од градот, вклучувајќи ги „Гантон“, „Вилоуфилд“, „Џеферсон“, „Идлвуд“, и „Источен Лос Сантос“. Овие територии се засновани на вистинските „Комптон“, „Вилоубрук“, „Ватс“, „Инглвуд“, и „Источен Лос Анџелес“, сите делови од вистинскиот Лос Анџелес. Исто така, сместен длабоко во градот, е и „центарот на градот“, кој е исто како и другите делови на Лос Сантос, заснован на вистинскиот центар во Лос Анџелес. Градот ги состои и областите „Родео“, и „Виневуд“ (засновани на „Беверли Хилс“, и „Холивуд“). Споменицитеи градбите на Лос Сантос, се исти со тие на Лос Анџелес. Името Лос Сантос преведено од шпански значи светците, или ангелите, оттука доаѓа и името „Град на ангелите“ - име со кое Лос Сантос е нарекуван. Судејќи според насилството, корумпцијата, трговијата со луѓе и нивото на порнографија во градот, ова име е шега во играта.

Сан Фиеро

уреди

Сан Фиеро е вториот град претставен во оваа игра и е заснован според вистинскиот град Сан Франциско. Сан Фиеро вклучува неколку градби кои се засновани на вистинските градби во Сан Франциско како што се мостот „Голден Гејт“, кулата-часовник „Ембаркадеро“, и пирамидата „Трансамерика“. Исто така, Сан Фиеро содржи и некои области кои се содржат и во Сан Франциско вклучувајќи ги областите „Кастро“, „Кинескиот кварт“, „Хајт-Ашбери“ и многу други. Сан Фиеро е најмал од трите поголеми градови во Сан Андреас.

Лас Вентурас

уреди

Лас Вентурас е третиот претставен град во оваа игра. Овој град е заснован на вистинскиот Лас Вегас, и во него се вклучени многу хотели, казина и градби инспирирани од тие во Лас Вегас. Во казината во Лас Вентурас играчот може да игра Блекџек, Видео-покер, рулет, тркало на среќата, или да си ја проба среќата на слот машините. Покрај казината, тука се и стриптиз-клубовите кои се многу чести во овој град. Многу градби, хотели и казина во Лос Сантос се засновани на вистински градби во Лас Вегас како што се хотелите „Екскалибур“, „Луксор“, „Мираж“, „Фламинго“ и многу други. Сите работи кои се за продажба во Лас Вентурас се 20% поскапи од истите работи во другите два града.

Забелешки и наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Grand Theft Auto: San Andreas за PlayStation 2 – опис на издавањето“. GameSpot. CNET Networks. Архивирано од изворникот на 2008-12-18. Посетено на 3 февруари 2008.
  2. „Grand Theft Auto: San Andreas за Xbox – опис на издавањето“. GameSpot. CNET Networks. Архивирано од изворникот на 2009-01-14. Посетено на 3 февруари 2008.
  3. „Grand Theft Auto: San Andreas за компјутер – опис на издавањето“. GameSpot. CNET Networks. Архивирано од изворникот на 2007-10-13. Посетено на 3 февруари 2008.
  4. „Windows системски побарувања“. Take-Two Interactive. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 29 август 2006.
  5. Насловот е кованица од англискиот израз grand theft auto кој го означува законскиот престап на кражба на моторни возила и од Сан Андреас, името на измислената држава во кој се одвива дејствието на играта. Кражбата на автомобили е еден од поважните концепти во стилот на игра на целиот серијал Grand Theft Auto.
  6. „Grand Theft Auto: San Andreas сценарио на играта“. Посетено на 17 март 2007.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Герстман, Џеф (25 октомври 2004). „Grand Theft Auto: San Andreas преглед“. GameSpot. Посетено на 22 март 2008.
  8. Пери, Даглас Ц (2003). „Потврден датумот на GTA 4“. IGN. Архивирано од изворникот на 2008-04-05. Посетено на 2008-07-12.
  9. „Нови докази за GTA: Град на гревот“. uk.ps2.ign.com. 5 јануари 2004. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на 25 мај 2008.
  10. Колман, Стефан (2004). „Grand Theft Auto: San Andreas“. IGN. Архивирано од изворникот на 2005-11-08. Посетено на 2008-07-12.
  11. „GTA: San Andreas издадена во Јапонија“. TheGTAPlace.com. Посетено на 29 јануари 2007.
  12. СВАТ - англиски: SWAT - Special Weapons And Tactics, претставува елитен специјален одред на американската полиција за борба против тероризам и за справување со високоопасни ситуации.
  13. ФБИ - Федерално Биро за Истрага (Federal Bureau of Investigation) е главната истражна сила на Министерството за правда на САД, служејќи како федерално истражно тело и како домашна агенција за разознавање.
  14. Грег Касавин (13 август 2004). „Grand Theft Auto: San Andreas викенд новост: Кражба и домашни инвазии“. GameSpot. стр. . 2. Посетено на 22 март 2008.
  15. Grand Theft Auto: San Andreas викенд апдејт: Зборување на улицата, GameSpot, 23 октомври 2004
  16. Грег Касавин, Grand Theft Auto: San Andreas викенд апдејт: Грабеж и домашна провала, GameSpot, 13 август 2004
  17. „Grand Theft Auto: San Andreas прашања и одговори - Под хаубата, GameSpot. Архивирано од изворникот на 2009-01-23. Посетено на 11 јануари 2008.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: