Акциско-авантуристичка игра

Акциско-авантуристичка или акционо-авантуристичка игравидеоигра што спојува својства од авантуристичкиот жанр и акционите игри. Веројатно е најширокиот и најразновиден жанр во видеоигрите и содржи многу игри што може да се сместат во потесни поджанрови. Првата позната игра од овој жанр е Adventure (1979) за Atari 2600.[1]

Делот „авантуристичка“ од изразот „акциско-авантуристичка игра“ не се однесува на тематиката на играта (како на пример во авантуристичките филмови), туку на начинот и стилот на играње. Слично и делот „акциона“ (односно „акциско-“) не мора да значи дека играта содржи насилни дејствија (како тепање), туку дека играта воглавно содржи физички предизвици, како брзи рефлекси и добра координација.

Бидејќи акциско-авантуристичкиот жанр е мешан жанр, игрите од овој жанр содржат и физички и умствени предизвици, без разлика дали има и насилство.

Некои истражувања покажуваат дека машките повеќе уживаат во акциско-авантуристичките игри од женските.[2][3]

Наводи

уреди
  1. Волф, Марк Џ. П.; Перон, Бернард, уред. (2003). „Foreward“. Video Game Theory Reader. Routledge. стр. x. ISBN 0-415-96878-0 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  2. Хитер, Кери; Kaitlan Chunhui Chu, Rhonda Egidio, Punya Mishra, Leigh Graves-Wolf (ноември 2004). „Do Girls Prefer Games Designed by Girls?“ (PDF). Michigan State University: 3–4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-02-05. Посетено на 2009-02-05. Наводот journal бара |journal= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Вортела, Елен (септември 2002). „New Generations – New Media“ (PDF). Nordicom Review. Гетеборг, Шведска: Nordicom. 23 (1–2): 26. ISSN 1403-1108. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-06-09. Посетено на 2009-02-05.