Дигитален видеодиск

(Пренасочено од Дигитален видео диск)

Дигитален видеодиск англиски: Digital Versatile Disc (скратено DVD или ДВД) — пренесувач на податоци-оптички уред со доста поголем капацитет од неговиот претходник CD (Compact Disc). DVD е оптички диск кој се користи како средство за висококвалитетно складирање на податоци, но во масовна употреба воглавно служи за складирање филмови. DVD изворно е препознатливо како (Digital Video Disc). DVD-дисковите по големината и по изгледот се потполно идентични со CD-дисковите.

Плејстејшн,2 првата конзола за видео игри што работи ДВД -а

Историја уреди

Доаѓањето на ДВД-форматот е најавен во септември 1995 година, а негова прва службена спецификација е претставена една година подоцна. Првите ДВД-плеери на јапонскиот пазар се појавени во 1996 година, а во САД во продажба се влезени во март 1997 година. ДВД-уредите на почетокот биле многу скапи и достигнувале цена од над 500 долари, а пролетта во 1999 година нивната цена за првпат паднала под 300 долари, таа година брзо паднала продажбата на VHS касети,но денес ДВД-дисковите се убедливо попродавани од VHS-касетите во некои држави продажбата на ДВД-дискови достигнува и над 95 % за разлика од ниско капацитивните VHS касети. ДВД-дисковите и плеерите денеска можат да се купат во сите поголеми продавници, а нивните цени почнаа да паѓаат до, па дури и под цените на VHS-уредите.

Во 2000 година Јапонската компанија „Сони“ во продажба го пушти играчкиот систем Play Station 2 кој користи CD-и и DVD-и, кои покрај можноста да се играат видеоигри, нудат и репродукција на ДВД-филмови, што во Јапонија се покажало како полн погодок бидејќи конзолата била толку евтина за нивниот пазар што достигнала пониска цена отколку на ДВД-плеерите.

Компанијата „Сони“ на својата следна конзола Play Station3 воведува можност за репродукција на филмови со синозрачни Блу-реј дискови (кој се HD-DVD еден од наследниците на DVD.

На 15 април 2004 година компанијата „Сони“ го произведе првиот двостран диск кој има капацитет од 25 ГБ, или за околу 5 пати поголем капацитет од стандардните ДВД -и со 4,7 гб. Последната генерација на BLUE RAY дискови имаат капацитет од 15-25 ГБ за едностран двослоен запис и од 30-50 ГБ за двослоен запис.

Видови DVD уреди

• DVD-ROM

• DVD-5 има едностран запис и капацитет од 4,7 ГБ

• DVD-9 има двослоен едностран запис икапацитет 9 ГБ

• DVD-10 има двостран двослоен запис и капацитет од 10 ГБ

• DVD-18 има двостран двослоен запис и капацитет од 18 ГБ

• DVD-R има капацитет од 4.7 ГБ и дисковите служат за едно снимање

• DVD-RW има капацитет од 4,7 ГБ, а дисковите имаат можност за преснимување на снимениот материјал

• DVD-RAM бара посебна единица за читање дискови од 4,7 или 9,4 ГБ снимен материјал, а таквите дискови се сместени во пластично куќиште. Дисковите со 2,6 ГБ капацитет можат да бидат извадени од куќиштето и да се користат во DVD-ROM единица, чиј најголем капацитет е 9,7 ГБ

• DVD+R има едностран еднослоен запис и капацитет од 4,7 ГБ а дисковите служат за едно снимање

• DVD+R DL дискови се извадени од DVD+R а користат двослоен запис,тие служат за еднократно снимање од 8,5 ГБ податоци.

• DVD+RW има капацитет од 4,7 ГБ а дисковите имаат можност и за преснимување,нивниот запис може да биде прикажан на стандарден DVD уред.