Издавач на видеоигри

Издавач на видеоигри е компанија што издава видеоигри што ги изработила самата или некој друг изработувач на видеоигри.

Видео-игра-контролер-икона

Исто како кај издавањето на книги или ДВД филмови, издавачите на видеоигри се одговорни за изработка и промовирање на нивните производи, што подразбира и истражување на пазарот и рекламирање.

Обично самите ја финансираат изработката, некогаш со плаќање на изработувач на видеоигри (тоа се нарекува „надворешна изработка“), а некогаш „внатрешно“ ги изработуваат игрите, со свое „студио“. Големите издавачи сами ги дистрибуираат игрите што ги издаваат, додека помалите издавачи плаќаат надворешни дистрибутери (или поголеми издавачи на видеоигри) да ги дистрибуираат игрите што ги издаваат.

Други функции што ги вршат издавачите се одлучување дали ќе плаќаат за лиценци за игрите, локализација, дизајни на омоти и кутии, штампање, а понекогаш и пишување на упатства за користење.

Позначајни издавачи на видеоигри

уреди

Ова е список на 20-те најголеми издавачи, рангирани од страна на Game Developer во октомври 2009 година, по редослед на бодови во шест главни полиња.[1]

Место од 2009 г. Име на издавачот Место од 2008 г.
1   Nintendo 1
2   Electronic Arts 2
3    Activision Blizzard 3
4   Ubisoft 4
5   Take-Two Interactive 6
6    Sony Computer Entertainment 5
7   Bethesda Softworks 999n/a (new entry)
8   THQ 8
9   Square Enix 10
10   Microsoft 9
11   Konami 11
12   Sega 7
13   Capcom 14
14   MTV Games 999нема податоци
15   Namco Bandai 13
16   Warner Bros. Interactive 999нема податоци
17   Disney Interactive 16
18     Atari 999нема податоци
19   Atlus 999нема податоци
20   LucasArts 17

Наводи

уреди
  1. Game Developer, CMP Media LLC, 6 октомври 2009 http://www.gamasutra.com/php-bin/news_index.php?story=25506 Отсутно или празно |title= (help)