Акупунктура

(Пренасочено од Acupuncture)

Акупунктура е постапка на вметнување и манипулирање на игли во различни точки од телото за ослободување од болка или за терапевтски цели. Различни видови на акупунктура се практикуваат и учат низ целиот свет.[1]

Акупунктура
Медицинска процедура
Вметнување на игли во кожата на пациент
ICD-10-PCS[1]
ICD-9:99.91-99.92
MeSHD015670
OPS-301 code:8-975.2
Акупунктура
Упростено 针灸

Од доцниот 20 век акупунктурата е предмет на активни научни истражувања како во поглед на нејзината основа така и за терапевтската делотворност, но сепак останува контроверзна меѓу лекарите и медицинските истражувања. Истражувањето за акупунктурни точки и меридијани е прелиминарно и не ги опишува нивното постоење и нивните својства.Клиниќките проценки на третманите со акупунктура,поради нивната освојувачка и природа на лесно пронаоѓање, ги отежнуваат работите за користење соодветна научни контроли за плацебо ефекти .

Постојат докази кои ја поддржуваат употребата на акупунктурата за контролирање на некои видови гадење и болка но доказот за третманот на други состојби не е сигурен и според неколку статии кои ја разгледуваат делотворноста на акупунктурата можно е да се објасни преку плацебо ефектот .

Светската Здравствена Организација и Националниот Институт за Здравство на САД(НИЗ)изјавиле дека акупунктурата може да биде ефикасна во третманите за невролошките состојби и болки, но овие изјави се критикувани за пристрасност и потпирање врз студии кои користат сиромашна методологија. Изваштаи од Националниот Центар за Комплементарна и Алтернативна Медицина на САД (НЦКАМ),Американската Медицинска Асоцијација и други владини известувачи на САД ја изучувале и коментирале ефикасноста (или според тоа и недостатоците)на акупунктурата.Постои општа согласност дека акупунктурата не е опасна кога е изведувана од страна на добро обучени лекари кои користат стерилизирани игли,и дека е потребно понатамошно истражување.

Историја

уреди

Древни времиња

уреди

Почетоците на акупунктурата во Кина се несигурни. Едно објаснување е дека некои војници ранети со стрели во битка биле излечени од хронични болки кои инаку не се лекуваат,и постојат варијации за ова идеја. Во Кина, примената на акупунктурата можеби може да се проследи уште од Каменото Доба,со Биан Ши,или изострени камења.Во 1963 година биан камен е пронајден во Дуолун, Монголија,Кина со што се туркаат почетоците на акупунктурата во Неолитот.Пронајдени се хиероглифи и пиктографи кои датираат од Шанг(1600-1100 п.н.е)според кои акупунктурата била применувана со моксибустија(традиционална Кинеска медицинска терапија).

И покрај подобрувањата во металургијата со вековите, дури во 2от век п.н.е за време на династијата Хан каменот и коската биле заменети со метал. Најраните записи за акупунктурата се во „Записи на историчарот“ (Шеѓи) од Сема Ќен () каде се наведуваат понатамошни медицински текстови кои се несигурни, но може да се протолкуваат како објаснување за акупунктурата.Најраниот Кинески медицински текст за опишување на акупунктурата е Хуангди Неј Џинг, легендарната класика за интерна медицина на Жолтиот Император(Историја на Акупунктурата)која е создадена околу 305-204 п.н.е.

Хуангди Неј Џинг не прави разлика меѓу акупунктурата и моксибустијата и ги дава истите укажувања и за двата третмани.Текстот Мавангди,кој исто така датира од II век п.н.е (инаку настанал и пред Шији и пред Хуангди Неј Џинг), ја споменува употребата на поостри камења за отворање на апсцеси и моксибустија но не акупунктура. Сепак, до крајот на II век п.н.е,акупунктурата ја заменила моксибустијата како основен третман на системска состојба.

Во Европа, со прегледувањето на 5000 годишното мимифицирано тело на Ледениот човек Отзи биле откриени 15 групи на тетоважи на неговото тело, од кои неколку се наоѓале на места кои денес се гледаат како современи акупунктурни точки. Ова било наведено како доказ дека можеби практики слични на акупунктурата биле применувани во Евроазија за време на бронзеното доба.

Среден век

уреди

Акупунктурата се прошири од Кина до Кореја, Јапонија и Виетнам и насекаде во Источна Азија.

Околу деведесет дела за акупунктура беа напишани во Кина меѓу династиите Хан и Сунг, и во 1023 година Императорот Рензонг од Сонг, наредил да се изработи бронзена статуетка која ќе ги отсликува меридијаните и акупунктурните точки кои тогаш се користеле.Меѓутоа, по завршувањето на династијата Сунг, акупунктурата и лекарите кои ја практикувале започнаа да се гледаат како техничка а не научна професија. Тоа стана уште поретко во наредните векови, со замената со лековите и поистоветувањето со помалку престижните примени на шаманизам, акушерство и моксибустија.

Португалски мисионери во 16 век беа меѓу првите кои донесоа извештаи за акупунктурата на Западот.Џејкоб де Бондт, Дански хирург кој патувал во Азија ја опишал нејзината примената во Јапонија и во Јава. Меѓутоа,во Кина оваа пракса се поврзува со пониските класи и неписмените лекари.

Првиот Европски текст за акупунктура е напишан од Вилем тен Ријне, холандски лекар кој две години студирал пракса во Јапонија. Текстот се состоел од есеј со1683 медицински текстови за артритис.И Европејците во тоа време се повеќе се интересирале за моксибустија, за која тен Ријне исто така пишувал.Во 1757 година физичарот Ксу Дакун го опиша понатамошното опаѓање на акупунктурата, велејќи дека е изгубена уметност, со неколку експерти кои обучуваат. Нејзиното опаѓање делумно им е припишано на популарноста на рецептите и лековите, како и на нејзиното поврзување со пониските класи.

Во 1822,еден едикт од Кинескиот Император ја забрани примената и учењето на акупунктурата во рамките на Империската Академија за Медицина, како непогодна за примена од страна на господа-научници.Во тој период,на акупунктурата сè уште се гледаше и со скептицизам и со пофалби,со малку учење и со само мала количина експериментирања.

Модерна доба

уреди

Во првите години по кинеската граѓанска војна, водачите на кинеската Комунистичка партија ја исмевале традиционалната кинеска медицина, вклучувајќи ја акупунктурата, како суеверена, нерационална и неразвиена, тврдејќи дека не се совпаѓа со посветеноста на Партијата на науката како начин на напредок.Комунистичката партија на претседателот Мао Це Тунг подоцна ја разгледа оваа позиција, велејќи дека „Кинеската медицина и фармација се голема ризница и треба да се направат поголеми напори за да се развијат и да се кренат на повисоко ниво.“

Акупунктурата во САД се здоби со големо внимание кога Претседателот Ричард Никсон во 1972 година ја посети Кина.За време на еден дел од посетата, на делегацијата им беше покажан пациент врз кој се вршеа сериозни операции додека тој беше целосно буден, наводно под дејство на акупунктура наместо анестезија.Подоцна беше откриено дека пациентите одбрани за операцијата имаат висока толеранција на болка и примиле високи индоктринации пред операцијата.Во овие случаи исто така често им се дава морфиум тајно треку интровенозна инфузија за која на набљудувачите им било кажано дека содржи само течности и хранливи материи.

Најголемото изложување на Западот се случи кога известувачот на Њујорк Тајмс Џејмс Рестон, кој го придружувал Никсон за време на неговата посета, примил акупунктура во Кина за постоперативна болка откако му е извршена итна апендектомија(операција на слепото црево) под стандардна анестезија. Рестон бил толку импресиониран со ослободувањето од болка што тој го искусил од процедурата што по враќањето во САД пишува за акупунктурата во Њујорк Тајмс. Во 1973 година Внатрешната Служба за Приходи дозволува акупунктурата да се одзема од медицинските трошоци.

Во 2006 година, во еден документарец за Алтернативна Медицина во ББС бил сниман пациент за време на операција на отворено срце наводно под акупунктура-поттикната анестезија.Подоцна беше откриено дека на пациентот му бил даден коктел од слаби анестетици кои комбинирани имаат многу помоќен ефект. Програмата исто така е критикувана поради нејзиното нереално толкување на резултатите од експериментот за скенирање на мозокот.

Акупунктурната анестезија за операција излегла од употреба кај научно обучените хирурзи во Кина.Делегација на Комитетот за Научни Истражувања за Барање на Паранормалното во 1995 изјави: Нам не ни беше покажана акупунктурната анестезија за операција, најверојатно затоа излезе од употреба кај научно обучените хирурзи.На пример, Д-р. Хан нагласи дека тој и неговите колеги на акупунктурата гледаат како аналгетик (намалител на болка, а не анестетик (агенс кој ги блокира сите свесни чувства).

Традиционална теорија

уреди

Традиционална кинеска медицина

уреди

Традиционалната кинеска медицина (ТКМ) е заснована врз пред-научна парадигма на медицина која се развивала преку неколку илјади години и вклучува концепти кои немаат застапник во современата медицина.Во ТКМ, телото се третира како една целина составена од неколку „функционални системи“ познати како ценг-фу (脏腑).Овие системи се именувани по одредени органи, иако системите и органите не се директно поврзани.

Системите ценг се поврзани со цврстите, јин органи како црниот дроб додека системите фу се поврзани со шупливите јанг органи како што се цревата. Здравјето е објаснето како состојба на баланс помеѓу ''јин и јанг'', со болест припишана на кој било од овие небалансирани, блокирани или неактивни сили.

Силата јанг е нематеријалното ки,концепт кој е грубо преведен како „витална енергија“. Сојузник на јин е Крвта, која е поврзана но не и е идентична со физичката крв, и се пишува со голема буква за да се разликуваат.ТКМ е збир од различни интервенции, вклучувајќи притисок,топлина и акупунктура применети на акупунктурните точки(на Кинески 穴 или ксју со значење “празнини“) за да се модофицира значењето на ценг-фу.

Акупунктурни точки и меридијани

уреди

Класичните текстови ги опишуваат повеќето од главните акупунктурни точки како постојани на дванаесетте основни и две од осумте дополнителни меридијани (кои се нарекуваат и маи) за вкупно четиринаесет “канали“ низ кои ки и Крвта течат.И во другите точки кои не се на четиринаесетте канали исто така се вметнуваат игли.Локалната болка се лекува со вметнување игли на нежните “аши“ точки каде се верува дека ки или Крв стагнираат.

Ценг-фу на дванаесетте главни канали се Белите дробови, Дебелото црево, Желудникот ,Слезината,Срцето, Тенкото црево, Бешиката, Бубрегот, Перикардот, Жолчното ќесе, Црниот дроб и неопипливиот ''Сан Џиао'' . Другите осум патеки, кои колективно се нарекуваат ки џинг ба маи, ги вклучуваат Луо Садовите, Сувите Канали, рен маи и ду маи иако само во последните две(кои соодветно одговараат на торзото на предниот и задниот дел од стреловиден авионот)се вметнуваат игли.Останатите шест ки џинг ба маи се манипулираат од точки на дванаесетте меридијани во кои се вметнуваат игли.

Нормално ки е опишано дека тече низ сите канали во постојан круг. Покрај тоа, секој канал има посебен аспект и зафаќа два часа од “Кинескиот саат“.

Ценг-фу се поделени на јин и јанг канали,со три точки од секој вид сместени на секој екстремитет.Се верува дека ки се движи во круг низ телото, движејќи се како површински така и длабоко.Надворешните Патеки соодветствуваат со акупунктурните точки прикажани на акупунктурната табела додега длабоките патеки соодветствуваат со местото каде каналот влегува во телесната празнина поврзана со секој орган.

Трите јин канали на раката ( Белите дробови, Преикардумот и Срцето) почнуваат од градниот кош и внатрешната површина од дланката на раката. Трите јанг канали на раката (Дебелото црево,Сан Џиао и Тенкото црево) почнуваат на раката и продолжуваат по надворешната површина од дланката на раката.Трите јин канали на стапалото (Слезината, Црниот дроб и Бубрегот) започнуваат на стапалото и продолжуваат по внатрешната површина на ногата до градниот кош или слабината.

Трите јанг канали на стапалото (Желудникот, Жолчното ќесе, и Мочниот меур) започнуваат на лицето, во пределот на очите,продолжуваат надолу по телото и по надворешната површина на ногата до стапалото. Секој канал е поврзан и со јин и со јанг аспектот, без разлика дали е “апсолутен“ (џу-),“поголем“ (таи-) или “светлина“ (-минг).

Во еден стандарден наставен текст се коментира за природата и врската на меридијаните (или каналите) и органите Ценг Фу:

Теоријата на каналите е меѓусебно поврзана со теоријата на Органите. Традиционално, на внатрешните Органи никогаш не се гледало како на независни анатомски тела. Наместо тоа, вниманието се фокусира на функционалните и патолошките меѓуодноси помеѓу мрежата од канали и Органите.Ова идентификување е толку блиску што секој од дванаесетте традиционални Основни канали го носи името на некој друг витален Орган.Клинички, целата рамка на дијагностика,терапевтика и избирање на точки е засновано врз теоретската рамка на каналите.„Тоа е така бидејќи дванаесетте Основни канали кои луѓето ги живеат, каде се оформува болеста, места на кои луѓето се лечат и болеста се појавува(Духовна Оска, поглавје 12).Меѓутоа, мораме да признаеме дека од самиот почеток, како и други аспекти на традиционалната медицина, каналната теорија ги одразува ограничувањата во нивото на научните развивања во времето на нејзиното сордавање, и според тоа е заразаена со филозофскиот идеализам и метафизиката на постоењето.Тоа што содржи продолжена клиничка вредност треба да се преиспита преку пракса и истражување за да се одреди неговата вистинска природа.

Традиционална дијагноза

уреди

Акупунктуристите одредуваат кои точки да ги третираат со набљудување и испрашување на пациентот со цел да постави дијагноза според традицијата која тој или таа ја користи. Во ТКМ, постојат четири дијагностички методи:инспекција,сослушување и способност за мирисање, прашалник и (палпација) преглед со допир.

  • Инспекцијата се фокусира на лицето и особено на јазикот, вклучувајќи анализа на големината на јазикот, обликот, напнатоста, бојата и обвивката, и отсуството или присуството на белези од заби околу целиот раб.
  • Сослушувањето и способноста за мирисање се однесуваат на слушањето посебни знаци ( како асматичност)и следење на мирисот на телото.
  • Прашалникот се фокусира на “ седум барања“, а тие се: треска и температура; потење;зголемен апетит, жед и вкус; дефекација и мокрење; болка; сон; и менструација и леукореа.
  • Палпацијата вклучува чувствување на телото за нежни “аши“ точки, и палпација на левиот и десниот радијален пулс на две нивоа на притисок (површински и длабок) и три позиции Чун, Гуан, Чи (речиси приближно до зглобот, и приближната широчина на еден или два прста, вообичаено прегледот се врши со вториот, третиот и четвртиот прст).

Други форми на акупунктура вклучуваат дополнителни дијагностички техники. Во многу случаи на класична кинеска акупунктура, како и во јапонска акупунктура, палпација на мускулите и хара ( стомакот) се основни за дијагноза.

Перспектива на традиционалната кинеска медицина

уреди

Иако ТКМ е заснована врз третмани на “модели на дисхармонија“ наместо на биомедицински дијагнози, лекарите кои се запознени со двата системи коментирале за врските помеѓу нив.Одреден нодел на дисхармонија на ТКМ може да се одрази во одреден спектар на биомедицински дијагнози: според тоа, моделот наречен Недостаток на Слезина Чи може да се манифестира како хронична исцрпеност, дијареа или искилавеност. Исто така, популација од пациенти со одредени биомедицински дијагнози може да има повеќе модели на ТКМ. Овие примери се вклучени во ТКМ афоризмот „Една болест, многу модели; еден модел, многу болести“.(Капчук, 1982)

Вообичаено, во клиничката пракса, третманот со акупунктура е високо индивидализиран и се заснова на филозофски конструкции како и на субјективни и интуициски впечатоци, и не на контролирани научни истражувања.

Клиничка пракса

уреди

Повеќето модерни акупунктуристи користат игли за еднократна употреба од не’рѓосувачки челик со мал пречник ((0.007 до 0.020) во (0.18 до 0.51мм)), стерилизирани со етилен оксид или со стерилизатор-автоклав.Овие игли се со далеку помал пречник (а според тоа и помалку болни) од поткожните игли бидејќи тие не мора да бидат празни за целите на инјекцијата.Горниот трет дел од овие игли е обвиткан со подебела жица (вообичаено бронзена), или покриени со пластика, за да ја стврднат иглата и да обезбедат место за држење за акупунктуристот додека ја вметнува.Големината и видот на користените игли,и длабочината на вметнувањето зависат од видот на акупунктура што се применува.

Затоплување на акупунктурните точки, вообичаено со моксибустија (горење на комбинација од билки,првенствено див пелин), е различен третман од самата акупунктура и често , но не исклучиво, се користи како дополнителна терапија.Кинескиот термин жен џиу(針灸),кој често се користи за означување на акупунктурата, доаѓа од жен што значи “игла“, и џиу значејќи “моксибустија“ . Моксибустијата се користи во различни степени меѓу сегашните училишта за ориентална медицина. На пример, една добро позната техника е вметнување игли на посакуваната акупунктурна точка,се прикачува сува мокса на надворешниот крај на акупунктурната игла, и потоа се запалува.Моксата потоа ќе догорува неколку минути (во зависност од количината додадена на иглата)и спроведува топлина низ иглата до ткивото околу иглата во телото на пациентот.Друга вообичаена техника е да се држи голем блескав стап на мокса врз иглите.Понегогаш моксата се гори и директно на кожата, најчесто со применување на помада врз кожата за да се заштити од изгореници,иако горењето на кожата е општа пракса во Кина.

Примери на третман со акупунктура

уреди

Во Западната медицина, васкуларните главоболки (оние што се придружени со чукање на вените во слепоочниците)обично се третираат со аналгетици како аспирин и/или со употребата на агенси како ниацин кои се шират на засегнатите крвни садови во главата, но во акупунктурата вообичаена терапијата за таквата главоболка е да се стимулираат чувствителните точки кои се наоѓаат приближно околу центарот на мрежите помеѓу палците и дланките на раката на пациентот хе гу точките.Тие точки од акупунктурната теорија се опишани како „целење на лицето и главата“ и се сметаат за најважни точки при лекувањето на болести кои влијаат на лицето и главата.Пациентот легнува,и прво се стерилизираат со алкохол точките на двете раце,потоа тенки,игли за еднократна употреба се вметнуваат на длабочина од околу 3-5 мм додека пациентот не почувствува карактеристичен “бодеж“,кој често е придружуван со слабо грчење во областа помеѓу палецот и дланката.

Во клиничката пракса на акупунктуристите, пациентите често објаснуваат повеќе видови чувства кои се поврзани со овој третман:

  • Екстремна чувствителност на болка на точките во мрежата на палците.
  • Во случај на лоши главоболки, чувство на гадење кое трае приближно колку и стимулацијата администрирана на мрежите од палците.
  • Истовремено ослободување од главоболката.

Упатувања според акупунктуристите на Западот

уреди

Американската Академија за Медицинска Акупунктура (2004) изјавува: „Во САД, акупунктурата го има својот најголем успех и прифаќање во третирањето на мускуло-скелетни болки.“ Тие велат дека акупунктурата може да се смета како дополнителна терапија за состојбите наведени подолу, велејќи: „Повеќето од овие упатувања се поддржани од учебници или барем од 1 статија во весник. Сепак, дефинитивни заклучоци врз основа на наодите од истражувањата се ретки бидејќи состојбата од истражувањата за акупунктурата се сиромашни но напредуваат.“ На пример, предложена е детоксикација од лекови но постојат многу малку докази.

Научна основа и истражувања за ефикасноста

уреди

Акупунктурата е предмет на активни научни истражувања како за нејзината основа така и за терапевтската делотворност од доцниот 20 век, но останува контроверзна помеѓу медицинските истражувачи и лекари.Истражувањето за акупунктурните точки и меридијани е прелиминарно и не ги покажа убедливо нивното постоење или својства.Клиничката проценка на акупунктурните третмани, поради нивната инвазивна и лесно детектирачка природа, го отежнува користењето на соодветна научна контрола за плацебо ефектите.

Доказите ја поддржуваат употребата на акупунктурата за да се контролираат некои видови гадење и болка но доказите за третирање на другите состојби се несигурни и неколку статии кои ја дискутираат делотворноста на акупунктурата заклучиле дека е можно да се објасни преку плацебо ефектот.

Светската Здравствена Организација и Националниот Институт за Здравство на САД(НИЗ)изјавиле дека акупунктурата може да биде ефикасна во третманите за невролошките состојби и болки, но овие изјави се критикувани за пристрасност и потпирање врз студии кои користат сиромашна методологија. Изваштаи од Националниот Центар за Комплементарна и Алтернативна Медицина на САД (НЦКАМ),Американската Медицинска Асоцијација и други владини известувачи на САД ја изучувале и коментирале ефикасноста (или според тоа и недостатоците)на акупунктурата.Постои општа согласност дека акупунктурата не е опасна кога е изведувана од страна на добро обучени лекари кои користат стерилизирани игли,и дека е потребно понатамошно истражување.

Критики

уреди

Иако се предложени бројни теории, ниту едно истражување не воспостави согласност со анатомската структура или функција за акупунктурните точки и меридијани.Се претпоставува дека предизвикувачките точки се поврзани со акупунктурните точки, но ретко се наоѓаат заедно, идентификуваните предизвикувачки точки ретко се користат од акупунктуристите и кога се користат, не се користат за истите индикации. Поради реакцијата на ткивото од убодот на иглата, изгубеното сврзувачко ткиво пронајдено помеѓу и во мускулите, но нема воспоставено цврсти заклучоци. Нервниот систем е оценет за врска со акупунктурните точки, но ниту една структура не е јасно поврзана со нив. Контроверзните студии кои користат јадрена визуелизација предложија дека може да се користат трагачи за да се следат меридијаните и не се поврзани со вените или со лимфните ткива, но толкувањето на овие резултати е нејасно. Електричниот отпор од акупунктурните точки и меридијани исто така е испитуван, но доказот се смета за “сугестивен“ и недоволен да поддржи теории за нивните електрични својства.

Меридијаните се дел од контроверзиите во напорите да се поврзат акупунктурата и конвенционалната медицина. Во изјавата на Националниот Институт за Здравје 1997 за развојот на акупунктурата се вели дека акупунктурните точки, ки, системот на меридијани и поврзаните теории играат важна улога во употребата на акупунктурата, но тешко се поврзуваат со современото сфаќање за телото.Кинеската медицина забранува дисекција, и како резултат на тоа сфаќањето за тоа како фукционира телото се заснова врз систем кој е поврзан со светот околу телото наместо неговата внатрешна структура. 365те “поделби“ на телото се направени врз основа на бројот на деновите во годината, и дванаесетте меридијани предложени во системот на ТКМ се врз основа на 12 најголеми реки кои течат низ Кина.

Овие древни традиции на ки и меридијани немаат свој застапник во современите студии по хемија, биологија и физика и до денес научниците не успеаа да пронајдат доказ кој ќе го поддржи нивното постоење.

Феликс Ман, основач и претходен претседател на Медицинската Заедница за Акупунктура (1959-1980), првиот претседател на Британската Медицинска Заедница за Акупунктура (1980), и автор на првото дело за акупунктура на сеопфатен Англиски јазик Акупунктура: Древната кинеска уметност на исцелувањето за првпат објавено во 1962, во неговата книга Повторно откривање на Акупунктурата: Нов концепт на Древната медицина изјави:

Феликс Ман се обидел да ги придружи неговите медицински знаења со тие од кинеската теорија.И против неговите противења за теоријата, тој бил фасциниран од неа и обучил многу луѓе на запад со деловите кои ги позајмил од неа.Исто така напишал и многу книги на оваа тема.Негово наследство е дека постои колеџ во Лондон и систем за вметнување игли кој е познат како „Медицинска Акупунктура“.Денес овој колеџ обучува само доктори и медицински професионалци од запад.

Медицинската акупунктура предизвикала многу спротивставености помеѓу традиционалните лекари. Британскиот Совет за Акупунктура сакал да се вика “третман со игли“,и да го отстрани името Акупунктура, бидејќи е многу различна од традиционалните методи но морале да го повлечат тоа по притисокот од професионалната медицина.Ман предложил дека акупунктурните точки биле поврзани со нервните завршетоци и тој ја назначил новата корист на точките.Тој назначил теорија според која дадените третмани не се повеќе поединечни за секој клиент. Комбинацијата од игли се разликува зависно од возраста на клиентот, времетраењето на состојбата што ја имаат, видот на болка што ја чувствуваат и нивната здравствена историја. Во медицинската акупунктура ова не се спомнува и презентираниот симптом се третира со поставување група на точки.

Во еден извештај за КНИБНП за псевдонаука во Кина напишан од Валанс Сампсон и Бери Бејерштеин се вели:

Според неколку кинески научници иако ки е само метафора, сè уште е корисна физиолошка апстракција (на пр: дека концептите кои се однесуваат на јин и јанг паралелно модерните научни сознанија од ендокринологијата и механизмот на метаболичко враќање). Тие велат дека ова е корисен качин да се обединат Источната и Западната медицина. Нивните потврдоглави колеги тивко го отфрлиле ки само како филозофија, поддржувајќи реална врска со модерната физиологија и медицина.

Клиничкиот професор по психијатрија на Универзитетот во Мисури Училиште за медицина, Џорџ А.Улет вели:

Поделбите за метафизичките мислења, акупунктурата станува поедноставна техника која може да биде корисна како метод за контрола на болка без лекови.Тој верува дека традиционалната кинеска разноликост првенствено е плацебо третман, но електрична стимулација на околу 80 акупунктурни точки се покажала како корисна за контрола на болка.

Консензус на Националните институти за здравје на САД

уреди

Според консензузот од 1997 на НИЗ изјавата за акупунктурата гласи: И покрај значителните напори да се разбере анатомијата и физиологијата на “акупунктурните точки“, дефинирањето и карактеризирањето на овие точки останува контроверзна. Уште понеостварлива е основата на некои од клучните традиционални концепти на Источната медицина како циркулацијата на ки, меридијанскиот систем, и пет фазната теорија, кое е тешко да се помират со современите биомедицински информации по продолжува да игра важна улога по оценувањето на пациентите и формулирањето на третманите за акупунктура.

Плацебо-ефект

уреди

Во систематски преглед на акупунктурата за болка откриено е дека не постои разлика помеѓу вметнување игли во “вистинска“ акупунктура во традиционалните акупунктурни точки наспроти “плацебо“ точките кои не се поврзани со акупунктурните точки и меридијани на ТКМ.Прегледот заклучил дека е “Пронајден аналгетско влијание од акупунктурата, кај кое се чини дека недостасува клиничка важност и не може јасно да се разликува од пристрасноста. Дали вметнување игли во акупунктурните точки, или во било која страна, веднаш ја намалува болката од психолошкото влијание од ритуалниот третман е нејасно“.

Можен нервен механизам на дејство

уреди

Нервните механизми кои ја нагласуваат акупунктурата и индуцираат анаелгезија се непознати но може да вклучуваат ангажирање на сопствените системи за намалување на болката на телото, и зголемено намалување на ендорфини, серотонин, норадреналин, или ГАБА.

Ефикасен дизајн на изучување

уреди

Еден од најосновните предизвици во истражувањето на акупунктурата е дизајнот на соодветна плацебо контролна група. Во испитувања на нови лекови, двојно слепило е прифатен стандард, но бидејќи акупунктурата не е лек туку процедура, тешко е да се изготват студии во кои и акупунктуристот и пациентот се заслепени од третманот. Истиот проблем се јавува во двојно-заслепувачки постапки кои се користат во биомедицината, вклучувајќи ги сите хируршки постапки, стоматологија, физикална терапија итн. Како што вели Институтот за Медицина :“ Многу поретко се прават контролирани испитувања на хируршки процедури отколку студии за лекарства бидејќи е многу потешко да се стандардизира хируршкиот процес.Хирургијата зависи од истиот степен на вештини и обука на хирургот и специфичната околина и тимот за поддршка кои му се достапни на хирургот. За многу САМ модалитети, исто тешко е да се разделат ефикасноста на третманот од ефиканоста на личноста која го врши третманот.“ Исто така самата акупунктура е многу цврст плацебо, и може да предизвика многу високи очекувања од пациентите и тестираните субјекти, ова е особено проблематично за здравствените проблеми како хронична болка во долниот дел од грбот, додека конвенционалниот третман често е релативно неефикасен и можеби бил неуспешно користен во минатото.Во вакви ситуации, можеби не е соодветно „конвенционалната нега“ да се смета за соодветна контролна интервенција за акупунктура бидејќи очекувањата на пациентот за конвенционална нега се значително мали.

Ослепување на лекарот во акупунктурата останува предизвик. Едно предложено решение за ослепување на пациентите бил развојот на “шам акупунктурата“, односно површинско вметнување на игли или во не-акупунктурни страни. Останува контроверзност за тоа дали, и под кои услови, шам акупунктурата може да функционира како вистински плацебо, особено во студии за болка, во кои вметнување на игли насекаде близу болните региони може да изнуди корисен одговор.Во еден преглед во 2007 година биле забележани неколку изненадувачки прашања за шам акупунктурата: „ Слаба физиолошка активност на површни или продирање на шам игли е предвидена од неколку истражувања, покажувајќи поголемо влијание од површинското продирање на акупунктурната игла отколку тие на непродирачката шам контрола, истражувања за позитрон томографска емисија укажуваат дека шам акупунктурата може да стимулира делови од мозокот поврзани со природното производство на опијати, и животински студии кои покажуваат дека вметнувањето на шам иглата може да има неспецифично влијание од аналгетици преку предвиден механизам на “контрола на дифузно штетни инхибитори“.Всушност, површното продирање на иглата е вообичаена техника во многу автентични традиционални јапонски акупунктурни стилови.“

Анализа на 13 студии за третирање на болка со акупунктура, објавена во јануари 2009 година во весникот БМЏ, заклучил дека постои мала разлика во ефектот од вистинска, шам и никаква акупунктура. Истражување во Универзитетот Дисбург-Есен покажува дека третманот со акупунктура е над психолошкото во мозокот на пациентот.

Медицина заснована врз докази

уреди

Постои научна согласност дека рамката на медицината заснована врз докази (МЗД) треба да се искористи да се оценување на здравствените резултати и дека систематските прегледи со строги протоколи се од суштинско значење. Организации како Кокран Колаборација и Бандолиер издаваат такви прегледи. Во пракса, МЗД е „за интегрирање поединечни клинички експерти и најдобрите надворешни докази и според тоа не бараат докторите да ги игнорираат истражувањата надвор од нивните критериуми на „топ- ниво“. Не се невообичаени научните несогласувања за бројни аспекти од истражувањата за акупунктура.

Развојот на базата на докази за акупунктура е резимирана во еден преглед од истражувачот Едзард Ернст и колегите во 2007 година.Тие споредиле систематски прегледи спроведени (со слична методологија)во 2000 и 2005 година: „ Делотворноста на акупунктурата останува контроверзно прашање... Резултатите покажуваат дека базата на докази се зголемила за 13 од 26 состојби вклучени во оваа споредба. За 13 индикации состојбите станале попозитивни (односно ја фаворизираат акупунктурата) а за 6 се смениле со споротивна насока. Заклучено е дека истражувањето за акупунктура е активно. Се чини дека клиничките докази наведуваат дека акупунктурата е делотворна за некои но не за сите состојби.“

Не постојат доволно докази за јака болка во долниот дел од грбот да препорачаат за или против користењето акупунктура или суво вметнување на игли, иако за хронична болка акупунктурата е поефикасна од третманите шам но не и поефикасна од конвенционалните и алтернативните третмани за краткотрајно ослободување од болка и подобрување на функциите. Меѓутоа, кога се комбинира со други конвенционални терапии, е малку подобра од самата конвенционална терапија. Еден преглед за Американското Друштво за Болка/Американскиот Колеџ за Физичари открил соодветни докази дека акупунктурата е делотворна за хронична болка во долниот дел од грбот. Спроведување на истражување за болка во долниот дел од грбот е невообичаено проблематично бидејќи повеќето пациенти искусиле „конвенционална нега“, која самата е релативно неефикасна, и имаат мали очекувања за неа. Како такви, групите за конвенционална нега можеби и не се соодветна научна контрола и можеби дури и водат до ноцебо ефекти кои можат дополнително да се зголемат од очигледната делотворност на акупунктурата.

Постојат позитивни и негативни извештаи во однос на делотворноста на акупунктурата кога е комбинирана со вонтелесното оплодување.

Еден Кокран преглед заклучил акупунктурата била ефикасна во намалувањето на ризикот од пост-оперативни лошења и повраќање со минимални несакани ефекти, но сепак помалку или исто толку ефикасна како и превентивните лекарства против повраќање.Еден преглед од 2006 година заклучил дека акупунктурата е поефикасна од лековите против повраќање, но авторите следствено го навеле овој заклучок на објавената пристрасност во Азиските земји кои ги изобличиле резултатите. Нивниот краен заклучок бил во согласност со прегледот на Кокран, кој бил блиску до акупунктурата, но не и подобар од превентивните лекови против повраќање кои лечат лошења. Друг Кокран преглед заклучил дека електроакупунктурата може да биде корисна во третманот за повраќање по почнувањето со хемотерапија, но потребни биле повеќе истражувања за да се тестира нивната делотворност наспроти модерните лекови против повраќање.

Постојат умерени докази за болката во вратот, поверојатно е акупунктурата да биде делотворна отколку третманот шам и во споредба со тие кои се на листа за чекање нуди краткотрајно подобрување.

Постојат докази ко можат да ја поддржат употребата на акупунктурата во лечењето главоболки кои се идиопатски, но сепак доказите не се конечни и потребно е да се направат повеќе студии. Неколку испитувања укажале дека пациентите со мигрена имаат корист од акупунктурата, иако се чини дека точното поставување на иглите е помалку важно отколку што вообичаено се мисли за акупунктурата. Се вкупно во овие истражувања акупунктурата е поврзана со малку подобри резултати и помалку несакани ефекти од профилактичките третмани со лекови.

Постојат конфликтни докази за користа од акупунктурата за остеоартритис на коленото, со позитивни и негативни резултати. Интернационалното Друштво за Истражување на Остеоартритис во 2008 година објави неколку консензусни препораки според кои акупунктурата може да биде корисна за лечење на симптоми на остеоартритис на коленото.

Систематски преглед на најдобрите пет достапни контролни истражувања заклучил деак нема доволно докази да се поддржи употребата на акупунктура во лечењето третмани со симптоми на медицинска неурамнотеженост.

За следните состојби, Кокран Колаборацијата заклучила дека не постојат доволно докази да се одреди дали акупунктурата е корисна, често поради малиот број и слабиот квалитет на истражувањата, и дека се потребни понатамошни истражувања:хронична астма,неурамнотеженост на нерви (Bell's palsy),зависност од кокаин, депресија, дисменореја (која вклучува ТЕНС, епилепсија,глаукома, несоница, синдром на иритирано дебело црево, индукција на породувањето, ревматоид артритис, болка во рамото, шизофренија, престанување со пушењето, нервен слом, рехабилитација, тениски лакт, и васкуларна деменција.

Позитивните резултати од некои истражувања за делотворноста на акупунктурата може да се како резултат на сиромашните истражувања. Едзард Ернст и Симон Синг изјавија дека бидејќи квалитетот на екстерименталните тестови за акупунктурата се зголемиле во текот на неколку декади (преку подобро заслепување, користењето на шам вметнувањето игли како форма на плацебо контрола, итн.) резултатите покажуваат се помалку докази дека акупунктурата е подобра од плацебо во третманот на повеќето состојби.

Изучување на невровизуелизација

уреди

Литературен преглед од 2005 година истражувајќи ја употребата на функционална магнетна резонанца и позитрон томографска емисија за да ги истражи промените во активностите на мозокот предизвикани од акупунктура заклучил дека податоците за невровизуелизација до денес покажале способност за разликување на кортикалните ефекти од очекуваните, плацебо, и вистинската акупунктура. Повеќето студии биле мали и поврзани со болка, и потребни се повеќе истражувања да се одреди специфичноста на активацијата на нервниот супстрат во безболни индикации.

Ставови на медицински организации

уреди

Цитирајќи ги истражувањата кои се насобрале од 1993 година, во 1997 година Американската Медицинска Асоцијација (АМА) направи извештај во кој се вели дека нема доволно докази да се поддржи делотворноста на акупунктурата во лечењето болести, и ја нагласи потребата за понатамошни истражувања. Извештајот исто така вклучувал полиса која го нагласи недостатокот докази, а понекогаш и докази против безбедоста и ефикасноста на интервенциите на алтернативната медицина, вклучувајќи ја акупунктурата и повикале за „добро дизајнирани, строго контролирани истражувања...да се процени делотворноста на алтернативните терапии .“

Исто така во 1997 година, Националниот Институт за Здравје (НИЗ) на САД издаде изјава со согласност за акупунктурата што покажало дека и покрај тешкотиите при спроведувањата на истражувања за акупунктура, постојат доволно докази да се охрабрат понатамошни истражувања и да се прошири нивната употреба.Изјавата за согласност и конференцијата која таа ја произвела беа критикувани од Валанс Сампсон, кој пишувал за независното објавување на Кваквач Quackwatch кој изјави деак состанокот беше предводен од силен предводник на акупунктурата и не успеал да ги вклучи говорниците кои имале негативни резултати за студиите за акупунктура.Сампсон исто така изјави дека тој верува дека извештајот покажал резултати за псевдонаучни расудувања. Во 2006 година Националниот Центар за Комплементарна и Алтернативна Медицина на НИХ изјави дека тој продолжува да се придржува кон препораките од изјавата за согласност на НИХ, дури и ако истражувањата сè уште неможат да го објаснат неговиот механизам.

Во 2003 година Одделот за есенцијални лекови и медицинска политика на Светската Здравствена Организација направи преглед на акупунктурата.Прегледот беше изготвен, прегледан и ажуриран од Цу-Фан Ксие, директорот на Институтот за Интегрирана Медицина од Медицинскиот Институт во Пекинг, и содржи, врз основа на резулттаите од истражувањата достапни во раните 1999 години, список на болести, симптоми за состојби за кои се верува дека акупунктурата се покажа како делотворен третман, како и втор список на состојби кои може да се лекуваат со акупунктура.Забележувајќи ги тешкотиите во спроведувањето контролирано истражување и дебатата за тоа како најдобро да се спроведи истражување на акупунктура, извештајот е опишан како „... наменет да ги олесни истражувањата и проценката и примената на акупунктурата. Се надеваме дека ќе понуди корисни извори за научниците, здравствените работници, државните здравствени власти и јавноста.“ Координаторот на екипата која го направила извештајот, Сјаожуеј Џанг, изјави дека извештајот е направен со цел да се олесни истражувањето за акупунктура, не препорачува третман на специфични болести.Извештајот е контроверзен, критичарите го напаѓаат како проблематичен бидејќи, и покрај одрекувањето, приврзаниците го користат да тврдат дека СЗО ја одобри акупунктурата и други алтернативни медицински пракси кои се или псевдонаучни или немаат доволно докази. Медицинските научници изразија загриженост дека доказите кои ја поддржуваат акупунктурата нагласени во извештајот се слаби, и дека самиот извештај е доказ „СЗО е инфилтрирана од мисионерите алтернативната медицина“.Извештајот исто така беше критикуван во книгата Заблуда или Лечење во 2008 година, дека не е создаден од комисија која воопшто не вклучува критичари на акупунктурата, содржејќи две големи грешки, содржи премногу резултати од нискоквалитетни клинички испитувања, и содржи голем број испитувања кои потекнуваат од Кина каде, најверојатно подари пристрасноста, никогаш не произлегле негативни испитувања. Спротивно на тоа, студиите кои потекнуваат од Запад вклучуваат мешавина од позитивни, негативни и неутрални резултати. Ернст и Синг, авторите на книгата, го опишале извештајот како „многу погрешен“, „ѓубре од дело кое никогаш не било сериозно прегледано“ и изјавиле дека резултатите од висококвалитетните клинички испитувања не ја поддржуваат употребата на акупунктурата за лечење нешто друго освен болка и гадење.

Националната Здравствена Служба на Велика Британија изјави дека постои „разумно добар доказ дека акупунктурата е ефикасен третман“ за гадење, повраќање, остеоартритис на коленото и неколку видови болка но „поради несогласувањата за начинот на кој треба да се изведуваат акупунктурните испитувања и за тоа што значат резултатите, овој доказ не ни дозволува да изготвиме конечни заклучоци“.НЗС тврди дека постојат докази против користа на акупунктурата на ревматоид артритис, престанувањето со пушење и губењето на тежина, и несоодветни докази за многу други состојби за кои се користи акупунктура.

Безбедност

уреди

Бидејќи акупунктурните игли продираат низ кожата, многу форми на акупунктурата се инвазивни процедури, и според тоа не се без ризик.Ретки се повредите меѓу пациенти кои се третирани од обучени лекари. Во повеќето надлежности, според законот иглите мора да се стерилизирани и да се користат само еднаш.На некои места иглите може да се искористат повторно доколку повторно се стерилизираат, на пример во автоклав. Кога иглите се заразени, се зголемува ризикот од бактериски и или други инфекции, како при повторното користење на било кој вид игли. Неколку видови јапонска акупунктура користат не-вметнувачки игли, со што создаваат целосно неинвазивна постапка.Кај не-вметнувањето игли иглата се донесува до кожата, но никогаш не продира, и многу други акупунктурни алатки се користат за да се допре или забие меѓу меридијаните.Значајни примери за овие видови се Tōyōhari и Shōnishin.

Несакани настани

уреди

Проценки за несакани настани како резултат на акупунктурата генерално се мали, се рангираат од 671 ди 1137 за 10000 третмани. Сепак, систематскиот преглед за 2010 година заклучил дека акупунктурата била поврзана со голем број смртни случаи, најчесто тоа се должи на пнеумоторакс, но со соодветна обука смртните случаи може да се избегнат.

Други повреди

уреди

Други ризици од повреди од несоодветно вметнување на акупунктурни игли вклучуваат: повреда на нерв, како резултат на случајна пункција на некој нерв, повреда на мозокот или нервен слом, што е можно со многу длабоко вметнување игла на основата на черепот,Пневмоторакс од длабоко вметнување игли во белите дробови, оштетување на бубрезите од длабоко вметнување игли во долниот дел од грбот, хемоперикардија, или пункција на заштитната мембрана околу срцето, што може да се случи со вметнување игли над стерналниот форамен(дупка во градата, која се јавува како резултат на вродена мана. Ризикот од прекинување на бременоста со употребата на одредени акупунктурни точки кој покажал дека стимулира производство на хормонот за пораст и окситоцин, и со нестерилизирани игли и недостаток од контрола на инфекција, пренесување на инфективни болести.

Ризикот може да се намали преку соодветна обука на акупунктуристите. Дипломираните на медицинските училишта и (во САД) акредитираните училишта за акупунктура добиваат темелна инструкција во соодветни техники со цел да се избегнат овие настани.

Изоставување на современата медицинска нега

уреди

Примањето алтернативна медицина како замена за стандардната современа медицинска нега може да резултира со несоодветна дијагноза или третман на условите за кои современата медицина има подобар рекорден третман.

Изразена е исто така загриженост дека неетичките или наивните лекари може да предизвикаат пациентите да ги исцрпат финансиските извори со вршењето неефективни третмани. Професионалниот етички кодекс поставен од акредитивни организации како Националната Комисија за Сертификација за Акупунктура и Ориентална Медицина бараат да се направат упатувања „ навремено упатување кон други професионалци за здравствена нега како што е соодветно“. Во Канада, одделенијата за јавно здравство во провинциите Онтарио и Британска Колумбија регулира акупунктура.

Споредба со други третмани

уреди

Коментирајќи за релативната безбедност на акупунктурата со другите третмани,согласноста на НИХ вели дека „несаканите ефекти на акупунктурата се екстремно мали и често помали од конвенционалните третмани“.Тие исто така изјавија „појавата на несакани ефекти е значително помала отколку таа на многу лекови или други прифатени медицински процедури користени за истите состојби. На пример, мускулно-скелетни состојби, како неурамнотеженост, хронична болка, и тениски лакт... се состојби за кои акупунктурата може да е корисна. Овие болни состојби често се користат со, меѓу другото, лекови против воспаление (аспирин,ибупрофен,итн.) или со стероидни инјекции.И двете медицински интервенции имаат потенцијал за штетни несакани ефекти но сè уште се многу застапени и се сметаат за прифатливи третмани.“

Правен и политички статус

уреди

Акупунктуристот може да практикува хербална медицина и манипулативна терапија(туи на),или да биде лиценциран лекар или натуропат кој ја вклучува акупунктурата во поедноставена форма.Во многу држави, не е потребно медицинските доктори да имаат формална обука за изведување акупунктура.Над 20 земји дозволуваат практичари да вршат акупунктура со помалку од 200 часа обука.Карактеристичен број на часови на медицинската обука од лиценцирани акупунктуристи е над 3000 часа. Дозволата е регулирана од државата или провинцијата во многу земји, и често бара полагање на одборен испит.

Во САД, акупунктурата се применува од многу здравствени работници.Оние што специјализираат Акупунктура и Ориентална Медицина обично се нарекуваат „лиценцирани акупунктуристи“, или Л.А. Кратенката „Дипл.Ак.“ означува Дипломиран Акупунктурист и значи дека сопственикот има дозвола од советот на НККАОМ. Професионални дипломи најчесто се на ниво на магистерска титула.

Една анкета на американски доктори во 2005 година покажала дека 59 % веруваат дека акупунктурата е донекаде делотворна.Во 1996, Администрацијата на САД за храна и лекови го смениле статусот на акупунктурните игли од медицински помагала со Класа 3 на Класа 2, што значи дека иглите се сметаат за безбедни и ефикасни кога се користат соодветно од лиценцирани лекари. Од 2004 година, близу 50% од Американците кои беа запишани во здравствените осигурителни планови за вработување беа покриени со акупунктурни третмани.

Канадските акупунктуристи се лиценцирани во Британска Колумбија од 2003 година. Во Онтарио, праксата со акупунктура сега е регулирана од Традиционалната Кинеска Медицинска Уметност, 2006, С.О. 2006,поглавје 27. Владата е во процес на воспоставување колеџ чија надлежност ќе биде да ја надгледува имплементацијата на политиките и препораките поврзани со професијата.

Во Обединетото Кралство, акупунктурата не е регуларна професија. Доброволно саморегулирање дозволува пациентите да најдат практикувачи на акупунктура со ниво на обука и кои се придржуваат кон професионален кодекс на пракса. Основното тело за професионални стандарди во традиционална акупунктура е Британскиот Совет за Акупунктура, Британскиот Медицински Совет за Акупунктура е во интер дисциплинарното професионално тело за регулирано здравствено професионално лице користејќи акупунктура како модалитет а тука е и Акупунктурната асоцијација за физиотерапевти.

Во Австралија традиционалната акупунктура не е регуларна професија.Традиционалната акупунктура или кинеска медицина не е вклучена во Националниот закон за регулирање на здравството. Акупунктурата нема да биде признаена како професија во Австралија туку како модалитет дали во кинеската медицина / традиционалед азиски систем за исцелување или во предметот на пркса на регулираните професии за здравство.Примената на акупунктурата е предводена во најголем број од државата, законите на територијата поврзани со заштита на потрошувачите и контрола на инфекции. Викторија е единствената држава во Австралија со оперативен одбор за регистрирање. Во моментов акупунктуристите во Нов Јужен Велс се поврзани со насоките на Регулативата за јавно здравство 2000(продирање во кожата), кој се спроведува на локално општинско ниво.Други држави во Австралија имаат нивни сопствени акти за продирање во кожата.

Традиционалната акупунктура во Нов Зеланд не е регулирана здравствена професија. Остеопатите имаат предмет на пракса за Западната медицинска акупунктура и sродните техники на вметнување игли. Државната корпорација компензација на надоместок надоместува за акупунктурните третмани со регистрирани практикувачи на здравствена нега и некои традиционални акупунктуристи кои припаѓаат на доброволните професионални асоцијации.

Многу други држави не издаваат лиценци на акупунктуристи и ne бараат да бидат обучени.

Акупунктурата во популарната култура

уреди
  • „Акупунктура“ - песна на македонската рок група „Леб и сол“ од 1978 година.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Novak, Patricia D.; Norman W. Dorland; Dorland, William A. N. (1995). Dorland's Pocket Medical Dictionary. Philadelphia: W.B. Saunders. ISBN 0-7216-5738-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Discogs, Leb I Sol ‎– Leb I Sol 2 (пристапено на 8.1.2021)

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди