Чи
Кинеско име
Пинјин
Вејд-Џајлс ch'i4
Традиционален кинески
Поедноставен кинески
Јапонско име
Ромаги што
Канџи
Корејско име
Романизација gi
Хангул
Хања
Виетнамско име
Виетнамска азбука кхí
Тајландско име
Тајландска азбука ชี่

Ки е основа на традиционалната кинеска култура. Општо се дефинира како „воздух“ или „здив“ и ја претставува „животната сила“ или „духовната енергија“ што е дел од сè што постои. Ки се споменува во филозофијата уште од најраните забележани времиња во Кина . Иако е концепт чие значење е многу важно за сите кинески филозофии, постојат различни дефиниции за истиот.

Идеограмот „ки“ (氣) настанал со спојување на симболот на пареата (气) што се издига над ориз (米) кој се готви.

Важно прашање што филозофите го оспоруваат е дали ки постои посебно од материјата . Дали ки постои заради материјата или обратно. Некои будисти и таоисти го фаворизираат второ верување, додека некои будисти веруваат дека целата материја е илузија. Спротивно на тоа, нео-конфуцијаните го критикуваат ставот дека ки постои одделно од материјата и го гледаат како продолжение на материјата. Повеќето теории од ки како метафори за основните физички својства на универзумот потекнуваат од нео-конфуцијците во последните илјада години.

Ки во традиционалната кинеска медицина уреди

Сите теории на традиционалната (народна) кинеска медицина се изведени од верувањето дека ки го крева телото по природна шема на канали наречени меридијани. Симптомите на разни болести се сметаа како нерамнотежо и нарушено движење на ки преку меридијаните. Третманот на болеста се заснова на подобрување на циркулацијата на телото преку различни терапевтски техники. Некои од овие техники се хербални лекови, специјални диети, чи кунг, боречки вештини, масажа и акупунктура. Традиционалните азиски воени вештини исто така се занимаваат со ки. На пример, nei chia, внатрешен борбен систем, се потпира особено на употребата на ки со цел заштита за време на борбата подобрување на здравјето.

Ки во боречки вештини уреди

Ки е главен концепт во многу боречки вештини, особено оние на nei chia внатрешниот борбен систем во кој спаѓа Тај чи чуан . Во Чи Кунг ки исто така игра централна улога. Во јапонските воени вештини, ки се развива со помош на аикидото, особено со ки-аикидо. Овие форми содржат вежби кои им овозможуваат на учениците да развијат чи или ки.

Во воените вештини, постоењето на ки не се доведува до прашање. Не се пронајдени прецизни био-физички докази и се смета дека ки не може да се опише со зборови и дека се потребни одредени физички вежби за развој и разбирање на ки. Ки може да се смета како силна техника на визуелизација, целосно опуштање на мускулите, подобрување на држење во телото, правилно дишење, фино функционирање на нервниот систем. Некои училишта додаваат и метафизички аспект - ки доаѓа од дантијан кој се наоѓа во долниот дел на стомакот и се движи низ телото. Концептот може да се прошири за да вклучува „Ќинг Шенг Ли“ или надворешна енергија што доаѓа од неботи и земјата.

Поим кој често се јавува и во кинеската фикција, каде главниот лик обично го влада чи до таква мерка што може да ги промени силите на природата. Овој вид карактер дојде на запад во форма на филмови за боречки вештини. Исто така, постојат големи сличности на терминот ки со терминот сила во сагата „ Војна на ѕвездите “.

Поврзано уреди