Анестезија (од грчки αν- ан- „без“ + αἲσθησις аистезис „чувство“) или опојка традионално ја означува состојбата на блокирање на секакво чувство (вклучувајќи го чувството на болка). Ова им овозможува на пациентите да одат под хируршка операција и други зафати без стресот и болката која онака би ја чувствувале. Анестезиологија претставува медицинска специјалност која ја опфаќа примената на анестезијата во хируршките и другите зафати. Лекарот кој е специјализиран за анестезиологија се нарекува анестезиолог. Зборот 'анестезија' е кованица на Оливер Вендел Хоумс во 1846 г. Друга дефиниција на истиот поим е „реверзибилен недостаток на свесност“, без разлика дали недостигот на свесност се однесува на целосно губење на свест (на пр. општ анестетик) или на дел од телото (како на пр. ’рбетен анестетик или друг нервен блок). Анестезијата се разликува од анелгезијата во блокирањето на сите чувства, не само на болката.

Забна анестезија пред вадење на заб.

Анестезијата во популарната култура

уреди

Наводи

уреди