Дисменореја е болна менструација.[1][2] Вообичаено болката се јавува на почетокот на менструацијата.[1] Симптомите типично траат помалку од три дена.[1] Болката обично се јавува во пределот на карлицата или долниот дел на абдоменот.[1] Други симптоми може да вклучуваат болка во грбот, дијареа или наузеа.[1]

Дисменорејата може да се јави без друг причинител.[3][4] Најчести причинители на секундарна дисменореја се утерини фиброиди, аденомиоза, и најчесто ендометриоза.[3]

Дисменорејата се јавува поретко кај жени кои редовно вежбаат или имаат дете рано во текот на животот.[1] Третманот може да вклучува примена на топли облоги.[3] Лекови кои се користат во третманот се НСАИЛ како ибупрофен, хормонски контрацептиви и спирала со прогестерон.[1][3] Земање на витамин B1 или магнезиум може да биде корисно.[2] Докази за ефектот на јогата, акупунктурата и масажата се недоволни.[1] Доколку постои системски причинител може да биде потребна и хируршка интервенција.[2]

Проценките се дека дисменореја се јавува кај 20% до 90% од жените во репродуктивна возраст.[1][4] Дисменорејата претставува најчестото менструално нарушување.[2] Типично, се јавува во текот на првата година после првиот менструален циклус.[1] Кога не постои причинител, често болката се намалува со текот на годините или после раѓањето на дете.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Osayande AS, Mehulic S (March 2014). „Diagnosis and initial management of dysmenorrhea“. American Family Physician. 89 (5): 341–6. PMID 24695505.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 American College of Obstetricians and Gynecologists (Jan 2015). „FAQ046 Dynsmenorrhea: Painful Periods“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 27 June 2015. Посетено на 26 June 2015.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Menstruation and the menstrual cycle fact sheet“. Office of Women's Health. December 23, 2014. Архивирано од изворникот 26 June 2015. Посетено на 25 June 2015.
  4. 4,0 4,1 „Dysmenorrhea and Endometriosis in the Adolescent“. ACOG. American College of Obstetricians and Gynecologists. 20 November 2018. Архивирано од изворникот на 2018-11-22. Посетено на 21 November 2018.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори