Бели дробови

(Пренасочено од Белите дробови)

Бели дробови (латински: pulmo) — главните органи за дишење кај цицачите и повеќето други ‘рбетници. Тоа се парни органи со розова боја, обвиткани со мембранозна обвивка наречена плевра. Во нив навлегуваат бронхиите каде што завршуваат со алвеоли. Белите дробови го опкружуваат срцето и крвните садови во градниот кош.

Бел дроб
Дијаграм на белите дробови со респираторниот тракт, и белодробните лобуси прикажани со различна боја
Податоци
СистемРеспираторен систем
Назнаки
Латинскиpulmo
Старогрчкиπνεύμων (пнеумон)
MeSHA04.411
TAA06.5.01.001
Белите дробови го опкружуваат срцето и крвните садови во градниот кош. (Извор: Грејова анатомија на човечкото тело)

Основната функција на белите дробови е вдишување на кислород од атмосферата во крвта и издишување на јаглерод диоксид од крвта во атмосферата. При вдишувањето тие се шират, додека при издишувањето се собираат. Размената на овие гасови се одвива во алвеолите. Меѓутоа, белите дробови имаат и некои нереспираторни функции.

Анатомија на белите дробови

уреди

Човечкиот респираторен систем започнува од носот и устата, каде што воздухот се внесува (вдишува) и изнесува (издишува). Воздушната цевка која се протега од носот се нарекува назофарингс. Цевката која го носи вдишаниот воздух од носот се нарекува орофарингс. Овие две цевки се спојуваат во душникот. Орофарингсот исто така ги транспортира проголтаните супстанции, како што е храна, вода и плунка кои мора да поминат низ дијафрагмата за да дојдат до желудникот. Душникот е заштитен со таканаречена врата која се нарекува мажлец (епиглотис). Мажлецот го спречува навлегувањето на проголтаните супстанции, како и на оние што се враќаат наназад (при повраќање), во душникот и во правец на белите дробови. Корисен метод за претставување на респираторниот систем е да се замисли дрво превртено наопаку. Душникот се спојува со трахејата, која е трупот на дрвото и воедно најширокиот дел од респираторниот систем. Трахеата се дели на два дела, леви и десни бронхии. Секоја од овие бронхии се разгранува на повеќе помали бронхии, кои навлегуваат во ткивото на белите дробови. Секоја бронхија се дели на уште помали цевки, сè до крајните бронхиоли. Воздушните кеси, во кои настанува размената на кислород-јаглерод диоксид, се наредени на краевите на бронхиолите во форма на ливчиња на дрво. Тие се нарекуваат алвеоли. Ткивото на белите дробови кое има само придружна функција за бронхиите, бронхиолите и алвеолите се нарекува белодробно крило.

Функција на респираторниот систем

уреди

Главната функција на респираторниот систем е да обезбеди кислород, најважниот извор на енергија за келииите на човечкото тело. Вдишаниот воздух (воздухот кој се внесува при процесот на дишење) содржи кислород, кој патува низ респираторниот систем до алвеолите. Кислородот се движи надвор од алвеолите и преку циркулација на крвта се пренесува до целото тело како дел од црвените крвни клетки. Кислородот во вдишаниот воздух се разменува во алвеолите за нус производот претставува остаток од човечкиот метаболизам, јаглерод диоксидот. Воздухот кој го издишувате содржи гас наречен јаглерод диоксид. Гасот излегува од алвеолите при издишување. Да се сумира ваквата размена на гасови би било дека, вдишувате кислород, издишувате јаглерод диоксид