29 август (настани)
шаблон на Викимедија
1189 | Банот Кулин во својата Повелба ги дефинира границите на Босна помеѓу Сава, Дрина и Уна. |
1289 | Основана е Инквизицијата, суд на католичката црква за заштита на верата. |
1521 | Турците го освоиле денешен Белград. |
1526 | Турците под водство на Сулејман Величествениот ги победиле Чешко-Унгарско-Хрватските сили на Мохачко поле. |
1541 | Турците го освоиле Будим, денес дел од Будимпешта. |
1782 | Еден британски брод потона во близина на пристаништето Портсмут, во Велика Британија, и притоа се удавија повеќе од 1.000 патници и членови на екипажот. |
1831 | Мајкл Фарадеј ја открил електромагнетната индукција. |
1842 | Со склучувањето мир во Нанѓинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии, па Кина, по замешувањето и на другите велесили сосема падна под влијание на западните држави. |
1885 | Готлиб Дајмлер го патентирал првиот мотоцикл. |
1898 | Основано е претпријатието „Гудјиар“. |
1949 | СССР го извршил првото тестирање на атомска бомба на полигон во Казахстан. |
1995 | НАТО ја започнал кампањата „Решителна сила“ против босанските Срби. |
2005 | Ураганот Катрина уништил поголем дел од крајбрежјето на САД во Мексиканскиот Залив од Луизијана до Флорида, убивајќи над 1.836 луѓе и предизвикувајќи штета од над 115 милијарди долари. |
2011 | Јошихико Нода е избран за премиер на Јапонија. |