Штрково
Штрково (грчки: Πλατύ, Плати; до 1927 г. Στύρκοβα, Стиркова[2]) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 85 жители (2021). Сè до Грчката граѓанска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]
Штрково Πλατύ | |
---|---|
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Штрково | |
Координати: 40°48.46′N 21°7.57′E / 40.80767° СГШ; 21.12617° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Преспа |
Општ. единица | Преспа |
Надм. вис. | 900 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 85 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во областа Голема Преспа, 39 км северозападно од градот Лерин. Лежи во подножјето на планината Бела Вода, 3 км североисточно од Малото Преспанско Езеро.[3] Распослано е на гола висорамнина, обиколено од разграноците на Бела Вода наречени Плоштина, Под Присо, Рамне и Осо.[4]
Атарот зафаќа околу 15 км2, од кои дел отпаѓа на рамничарско обработливо земјиште, дел на ридско-планинско обраснато со ретка дабова и букова шума и дел на одлични планински пасишта (сообено во месностите Плоштина, Осоо, Присоо и Горни Печкоец).[4] Според Тодор Симовски, селото има уште 6 км2 кои се под вода во Малото Преспанско Езеро.[3]
Штрково се дели на три маала: Горно Маало на исток, Долно Маало на запад и Онака (Странично Маало) на југ. Крај селото тече Сува Река, која е мала и лете има доста намален тек, но знае да надојде и направи наплив при присуството на поројни дождови поради стрмнината на земјиштето.[4]
Во самото село се вкрстуваат повеќе улици, кои се среќаваат во сретселото каде има базен во кој се фрлал крстот за Водици.
Топонимија
уредиОва е список на позначајните топоними во атарот на Штрково:[4]
Б — Бавчи Чантаровски, Бакалица, Баченско, Бачилиштето, Бигла, Бигоска Орница, Босилои Лозја, Бресје
В — Вител, Водоажда, Врбица
Г — Герамницата, Гоедарски Пат, Горни Печкоец, Горни Рамништа
Д — Дабјето, Дапчето, Долни Печкоец, Долни Рамништа, Друмо
Ѓ — Ѓонојца, Ѓула
И — Илоиците
К — Качурица, Кобел, Коријата, Корито, Короите
Л — Лаико, Лапата, Лекоита Вода, Ливаиштата, Лозјата, Лонго,
М — Мала Ѓула, Манастирчица, Мачковден, Мишко Гумно, Мосто
Н — Наќеа Горница, Ноаче Ритче
О — Опаа, Опаа Чешма, Осејнцата
П — Паприте, Пасливаиште, Пероо, Печкоа Чешма, Печкоец, Пијо, Плоштина, Под Корублина, Порои, Пресеката, Присоо
Р — Рамништа, Рударски Лозја, Рудашница
С — Самата Врба, Свети Ѓорѓија, Свети Димитрија, Свети Илија, Свети Никола, Свети Сотирија, Селбина, Скопецо, Слатина, Сливината, Слого, Сретсело, Старите Лозја, Студен Камен, Сува Река
Т — Трите Добја, Тричињата
Ќ — Ќеротина
У — Устрел
Ц — Цара Кладенец, Церимата, Црвена Стена, Црничките
Ч — Чемеро Бавча, Чолеста
Ш — Шабаноата Црничка, Шешури, Широки Рид
Историја
уредиПодалечно минато
уредиИсточно од селото, на просторот помеѓу него и месноста Рамништа се пронајдени парчиња од ќерамиди, тули, јагленисани дрва и други предмети, од што може да се заклучи дека во подалечното минато таму имало населба.[4]
Во Отоманското Царство
уредиСелото за првпат по име се споменува во османлискиот записник од 1568/69 г. за Горичката каза, а потоа и во Слепчевскиот кодик од истиот век. Спомнато е и во патописот на Јохан Хан 1865 г.[4]
Малата селска црква „Св. Спас“ е изградена од 1591 г.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 160 Македонци христијани.[6][7] Следната 1902 г. Л. Огненов завел 22 куќи 170 вкупно жители.[4].
За време на Илинденското востание селото учествувала со своја чета под водство на Божин Чантаро. При задушувањето на востанието, населението го напуштило и два месеци се криеле длабоко во планината. Во борбите и прогоните загинале неколку мештани.[4] Од ова село потекнуваат Илија Цветков и Крстан Петров, кои учествувале во Кресненското востание од 1878-79 г. и Илија Цветков, кој бил претставник во Националното собрание на кое е избрана Привремената влада на Македонија во 1880 г.[4]
По востанието во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Штрково (Chtarkovo) имало 176 Македонци под егзархијата.[6][9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Штрково се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[10]
Припојување кон Грција
уредиЗа време на Балканските војни во селото се доселиле неколку семејства од поранешното село Опаја, кое било 2 км западно од Штрково крај езерскиот брег. Во 1913 г. Ѓорѓи Трајчев 20 куќи и 2011 жители, а исто толку куќи забележал и Боривое Милоевиќ.[4] По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година имало население од 170 жители кое во 1920 г. се зголемило на 215.[3] Нешто подоцна неколку штрковчани биле испратени како војници на боиштата во Мала Азија во Грчко-турската војна (1919-1922). Во 1927 г. е преименувано во Плати (со значење „широко“).[11] На пописот во 1928 г. во Штрково се заведени 253 жители.
Во овој период грчките власти воделе жестока политика на денационализација и асимилација на населението, придружена со забрани и казни.[4]
Во Втората светска и Грчката граѓанска војна
уредиЗа време на Втората светска војна Штрково влегло во окупациската зона на Италија по капитулацијата на Грција во Грчко-италијанската војна. Во таа војна, на фронтот во Албанија биле мобилизирани 15 штрковчани, од кои загинал еден. По капиулацијата на Италија во 1943 г. Штрково станало слободна територија на НОАВМ и ЕЛАС, во чии партизански одреди се приклучиле четворица мештани од Штрково.[4]
Населението на Штрково дало значаен отпор во Грчката граѓанска војна со 45 борци, од кои 15 загинале во борбите. Во текот на војната од селото се иселиле 47 семејства со вкупно 214 жители.[3] На нивните имоти властите населиле 14 семејства грчки колонисти од Епир, кои претходно биле доселени во селото Ошени во Костурско. По 1949 г. во Штрково останале само 7 македонски семејства, а некои од нив подоцна се преселиле во прекуокеанските земји.
Во 1947 г. е отворено училиште на македонски јазик, кое замрело со протерувањето на населението.[4]
Родови
уредиСпоред податок од 1949 г. во селото живееле следниве семејства: Босилковци, Гроздановци, Дробиштани (доселени од с. Дробитишта), Ѓорговци, Костовци, Костадиновци (доселени од с. Опаја), Клинчаровци, Кирјаковци, Каптелови, Крстиновци, Келепуровци, Миовци, Муневци, Ноачевци, Настевци, Нолевци, Пачовци, Ристовци, Ќосевци и Чантаровци.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 268 | 133 | 154 | 83 | 67 | 86 | 108 | 73 | 85 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Цркви
уредиВо селото постојат три цркви и две ваковчиња:[4]
- Цркви
- „Св. Ѓорѓија“ — во западниот од селото изградена меѓу двете светски војни; има иконостас и камбанарија; тука се селските гробишта
- „Св. Преображение“ („Св. Спас“) од 1591 г.
- Ваковчиња
- „Св. Илија“ — околу 0,7 км јужно од селото, во месноста Бресје
- „Св. Никола“ — 1 км северно од селото, во месноста Долни Печкоец
Традиционална селска слава е Спасовден (или Сотировден), на 19 август (6 август по стар стил). На празникот се служела риба бидејќи се јавува за време на пости.
Стопанство
уредиСелото е доста богато. Се произведуваат големи количества жито, леќа, грав и други земјоделски производи. Доста развиено е и сточарството.[3]
Традиционално, селото се занимавало со полјоделство, сточарство, риболов и печалбарство. Најзастапени полјоделски производи биле житарките, лозниците, градинарските култури (зеленчук и ниско овошје) и тутунот. Се чувал разновиден добиток, а рибата се ловела во Малото Преспанско Езеро на различни начини.[4]
Личности
уреди- Починати во Штрково
- Иван Кафеџијата (? – 1903) — македонски револуционер
- Спиро Преспанчето (1870-ти - 1903) — разбојник и револуционер
- Гоче Трајков — револуционер на МРО, војвода на чета од Долна Преспа во 1911 г.[12]
- Јане (Георгијади) Костовски (1930 – 1948) — комунистички деец
- Ѓорѓи Георгијадис (? – 1949) — комунистички деец[13]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Στύρκοβα - Πλατύ
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 180.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 450–455. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ „Πολιτιστικά μνημεία“. Ο υγρότοπος των Πρεσπών. Посетено на 10 јануари 2015.
- ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.242.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр.125.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 170.
- ↑ „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 2019-11-26.