Човечки скелет

(Пренасочено од Човечки костур)

Коските ја создаваат основата на организмот. Коските се поврзуваат меѓу себе со зглобови. Комбинацијата на коски и зглобови, поврзани со сврзливите ткива го создаваат скелетниот систем.[1]

Делови на човечкиот скелет.

Градба на коски

уреди
 
Коски кај човек

Коските се изградени главно од коскено ткиво. Коските не се безживотни. иако во просторите меѓу клетките на коскеното ткиво постојано се таложат цврстите соли на калциум, самите клетки се многу активни. Коските се органи со свој посебен систем на крвни садови, лимфни садови и нерви.[1]

Кај ембрионот повеќето од коските се составени од ’рскавица. Создавањето на коските почнува во текот на вториот и третиот месец од ембрионалниот развиток. Во овој развоен стадиум клетките што создаваат коски, наречени остеобласти, стануваат многу активни. Најнапред, овие клетки произведуваат супстанца, наречен меѓуклеточен материјал, што е сместен меѓу клетките, а има и големо количество на колаген. Потоа, калциумовите соединенија со помош на ензимите се таложат во меѓуклеточниот материјал, има групи на тврди клетки наречени остеоцити. Тоа се живи клетки што се наоѓаат во коската, но не создаваат ново коскено ткиво. Другите клетки, наречени остеокласти, се одговорни за преоцесите на ресорпција, или разградување на коската.[2]

Целосната коскена основа на организмот е наречена скелет. Скелетот е составен од коски со многу различен изглед. Тие можат да бидат:

 
Долга коска

Типични коски во градба на рацете и нозете се наречени долги коски. Ваквите коски имаат долго тело, во чие средиште поминува централната коскена празнина, наречена дијафиза, и два неправилни краја, наречени епифиза.

 
Градба на долгата коска

Има два вида на коскено ткиво. Едниот вид е компактна (вистинска) коска, што е тврда и збиена. Овој вид ткиво влегува во градбата на телото на долгите коски и надворешниот слој на другите коски. Остеоцитите во овој вид коска се сместени во редови на коскеното ткиво околу коските на централниот канал во кој има нерви и крвни садови. Вториот вид на коскено ткиво е наречен сунѓерлива коска.[1] о неа има многу повеќе празни простори, во споредба со вистинската коска. Коските имаат два вида на коскена срцевина: црвена коскена срцевина, што се наоѓа на краевите на долгите коски и во средиштето на другите коски и создава крвни клетки, и жолта коскена срцевина, која главно се наоѓа во средишните празнини на долгите коски. Жолта коскена срцевина главно е составена од масти.

Коските од надворешната страна се обвиткани (со исклучок назглобниот дел) со обвивка наречена покосница или периостеум. Во внатрешниот слој на оваа обвивка има остеобласти, што се неопходни за создавање на коската, не само во текот на растењето, туку и при заздравувањето на скршениците. Крвните садови и лимфните садови во периостеумот играат важна улога во исхранувањето на коскеното ткиво. Присуството на нервни влакна во периостеумот се гледа при скршеници. Обвивката што ја обложува празнината на коскената срцевина е наречена ендоостеум, а содржи клетки што помагаат во растењето и обновувањето на коскеното ткиво.[1]

Растење и обновуање на коските

уреди

Коските на ’рскавичното во коскено ткиво почнува од центарот и продолжува кон краевите на коските. На тој начин долгите коски постојано растат во должина. Овој процес трае од детството до возраст од 13 до 20 години, кога коските престануваат да растат во должина. Како што коската расте во должина, така телото на коската се обновува и расте во широчина со што и централната празнина за коскената срцевина се проширува. Во текот на животот процесите на создавање на коската и ресорпција на коската се постојани. Коските кај малите деца се поеластични и посвитливи, бидејќи содржат големо количество на ’рскавица, а во текот на стареењето обновувањето на коскеното ткиво се намалува во сите делови. Како резултат на тоа коските се ослабени и многу кршливи. Со стареењето исто така се намалува способноста за создавање белковинска основа на која солите на калциумот би се таложеле. Скршениците кај постарите луѓе многу побавно заздравуваат, а последица на тоа е намалениот метаболизам на коските.[3]

Основни функции на коските

уреди

Коските имаат голем број функции од кои најважни се:

  • тие се цврста основа за целиот организам;
  • ги заштитуваат нежните делови во организмот, на пример - черепниот мозок;
  • служат како лостови, што поттикнати од споените мускули овозможуваат движење;
  • тие се склад на соли на калциум, кои можат да се ресорбираат во крвта кога нема доволно калциум во исхраната;
  • тие создаваат крвни клетки (во црвената коскена срцевина).

Скелет

уреди

Поделба на скелет

уреди
 
Поделба на скелет

Скелетот може да се подели на две групи на коски:

Скелет на глава

уреди

Коскената основа на главата е наречена череп. Тој е поделен на два дела:

Коски на череп
уреди
 
Градба на череп
  • Челна коска (os frontale) го зафаќа предниот дел на главата. Оваа коска е дел и од покривот за очите и носните празнини. Во оваа коска има празнини наречени челни синуси, кои се поврзани со носните празнини. Овие синуси заедно со другите што се блуску до носот се наречени параназални синуси.
  • Двете темени коски (os parietale) го составуваат најголемиот дел од врвот и страничниот дел на краниумот.
  • Двете слепоочни коски (os temporale) составуваат дел од страната и основа на черепот. Во себе имаат по еден астроиден синус кој е место за ушниот канал, ушното тапанче и целото средно и внатрешно уво. Мастоидните продолженија како слепоочни испупчени делови, надолу ги заштитуваат надворешните делови на очите и се место на кое се поврзуваат мускулите.
  • Ситеста коска (os ethmoidale) е многу лесно кршлива коска сместена меѓу очите. Таа учествува како среден вид на очните вдлабнатини, а мал дел се наоѓа во основата на черепот, а дел и на покривот на носната празнина. Таа има неколку воздушни простори што се дел од параназалните синуси. Оваа коска составува голем дел од носната преграда.
  • Клинеста коска (os sphenoidale), се наоѓа во основата на черепот пред слепоочните коски. Кога се гледа одозгора, е слична на лилјак со раширени крилја.
  • Тилна коска (os occipitale) претставува дел од задната страна и дел од основата на черепот. Во основата на тилната коска е сместен голем отвор (foramen magnum) преку кој се поврзуваат черепниот и ’рбетниот мозок.[6]
 
Подјазична коска
Коски на лице
уреди
 
Преден дел на череп
  • Долната вилица (mandibula) е единствена подвижна коска на черепот.
  • Засебните горни вилици на средината се споени и ја создаваат горната вилица(maxilla). Секоја горна вилица има голем воздушен простор, наречен максиларен синус, кој е сврзан со носната празнина.
  • Двете јаболчни коски (os zygomaticum) се наоѓаат на двете страни на лицето. Оваа коска го создава испупчувањето на образите.
  • Парните носни коски (os nasale) се издолжени и се сместени една до друга, при што ја создаваат носната преграда.
  • Двете солзни коски (os lacrimale) се големи колку ноктот на прстите. Сместени сè до аголот на очите и го создаваат средниот ѕид на очната празнина.[6]
  • Ралото (vomer) е коска што личи на лемеш на плуг, а го составува најмалиот дел на носната празнина.
  • Парните непчеви коски (os palatinum) се псотавени хоризонтално и странично на носната празнина. Дел на ситестата коска се и споените горни и средни школки.
 
Детски череп

Како додаток на коските на черепот и лицевиот дел се и три ситни ковчиња во средно уво, единечна коска коњско или турско седло (Sella turcica) и коската што е долна потпора на черепот наречена подјазична коска (os hyoideum), со која се поврзува јазикот.

Детски череп
уреди

Черепот на децата има делови без целосно формирани коски, што создаваат обвивки наречени „меко место“. Најголема и најпозната е онаа блиску до местото каде што се спојуваат двете темени коски со челната коска. таа е наречена предна фонтонела и обично не се затвора пред осумнаесеттиот месец од животот на децата.[7]

Скелет на труп

уреди
 
Пршлен

Во коските на трупот се вклучени ’рбетниот столб и коските на градниот кош. ’Рбетниот столб е составен од низа коски со неправилен облик наречени пршлени. Децата имаат 33 или 34 прешлени, а со растењето коските во долните делови на ’рбетот се спојуваат, па кај возрасните ’рбетниот столб се состои од 26 коски. Секој пршлен(vertebrae), со исклучок на првите два вратни пршлени, има тело што е свртено нагоре и дел кој служи како основа и држач. Меѓу телата на пршлените има дискови од ’рскавица што на ’рбетниот столб му даваат голема свитливост.[7]

Коски на ’рбетен столб
уреди

Во средиштето на секој пршлен има голем отвор. Кога сите пршлени ќе се поврзат во низа со ленти на јакото сврзливо тквио (лигаменти) овие отвори го создаваат ’рбетниот канал, во кој е сместен ’рбетниот мозок. Кога се гледа отстрана ’рбетниот столб може да се види дека има низа од меѓупршленски отвори низ кои излегуваат ’рбетни нерви.

 
’Рбетен столб
 
Поделба и градба на ’рбетниот стоолб

Пршлените во ’рбетниот столб се означени одозгора надолу според местото на кое се наоѓаат:

  • 7 вратни пршлени што се сместени во предлот на вратот. Првиот пршлен се нарекува атлас(atlas) и со негова помош се овозможува стабилност на главата и нејзина рамнотежа, а вториот се нарекува axis (axis) кој служи како пилот кога главата се врти од една на друга страна.
  • 12 градни прешлени што се сместени во висина на градниот кош. За овие пршлени се пворзуваат задните краеви на 12-те пара ребра.
  • 5 стомачни прешлени или уште се нарекуваат слабински пршлени, што се сместени во мал дел од грбот. Тие се поголеми и потешки од другите прешлени и издржуваат повеќе тежина.
  • Крсни прешлени се пет одделни коски, но самo кај децата. Кај возрасните најчесто се спојуваат во една коска наречена крст (os sacrum). Оваа коска го составува задниот дел од карлицата.
  • Опашна коска (os coccygis) е составена од четири или пет тенки коски кај децата, а кај возрасните се спојуваат и создаваат една коска.

Кога се гледа од страна може да се види дека на ’рбетниот столб има четири кривини, кои соодветствуваат на четирите групи пршлени. Ваквите кривини на ’рбетниот столб обозможуваат потскокунување и трчање, како и неопходна рамнотежа при движењето.[8]

Коски на градниот кош
уреди
 
Коски на градниот кош

Во градбата на градниот кош (thorax) влегуваат дванаесет парови на ребра (costae) и градна коска (sternum).

Градната коска личи на меч. Гордниот дел е наречен дршка на градната коска(manubrium), чиј врв од секоја страна се поврзува со клучната коска (clavicula), а странично надолу се поврзува со првиот пар ребра. Телото на градната коска е долго и личи на сечило на меч. по должината од секоја страна се поврзува со ребрата. Долниот крај на градната коска има мал врв, кај младите создаден од ’рскавица, а кај возрасните создаден од коска. Тоа е мечовито продолжение (procesus xiphoideus). Тој се користи како место за притискање на градниот кош при давање прва помош за стимулирање на работата на срцето од надвор.

Сите 24 ребра (12 пара), одназад се поврзуваат со ’рбетниот столб за разлика од тоа нивните врски при поврзување од напред се многу слаби. Според начинот на поврзување на градната коска, ребрата се поделени на:

  • Вистински ребра, кои се поврзуваат непосредно со градната коска со помош на ’рскавица. Такви се првите седум пара на ребра.
  • Лажни ребра се другите пет пара. Од нив осмиот, деветтиот и десеттиот се поврзуваат со ’рскавица, а последните два пара немаат директно порзување со градната коска и тие се наречени пливачки ребра.

Просторот меѓу ребрата, наречен меѓуребрен простор е составен од мускули, крвни садови и нерви.[9]

Скелет на екстремитети

уреди

Скелет на екстремитетите може да се подели на два дела: горни екстремитети и долни екстремитети. Во горните екстремитети влегуваат коските на раменски појас и коски на рацете, а во долните екстремитети влегуваат карличен појас и коски на нозете.

Коски на горни екстремитети
уреди
 
Градба на горни екстремитети

Во горните екстремитети спаѓаат: коски на раменскиот појас и коски на рацете.

Коски на раменски појас
уреди

Раменскиот појас се состои од две коски:

  • Клучна коска (clavicula) е тенка коска со две мали кривини. Напред се пворзува со градната коска, а назад со лопатката и служи како потпора на рамото. Бидејќи е издолжена на големо оптоварување што доаѓа како од рацете, така и од удари во пределот на рамото, таа многу често е подложна на кршење.
  • Лопатката (scapula) се поврзува со клучната коска преку продолжение наречено акромион. Гребенот на лопатката е многу голем и може да се напипа одназад на рамото во горниот дел на грбот. Мускулите што ја движат раката се поврзуваат со вдлабнатините што се горе и долу на гребенот на лопатката. Оваа спојување може да се забележи како највисока точка на рамото. Pод акромионот има една чашка, гленоидна празнина, што служи за спојување со коската на надлактицата.[10]
Коски на рака
уреди
 
Градба на рака
 
Коски на дланка

Коските на рацете се сотавени од:

Коски на долни екстремитети
уреди
 
Коски на долни екстремитети (карличен појас и нозе)

Коските на долни екстремитети се групирани на сличен начин како и коските на горните екстремитети.

Коски на карличен појас =
уреди
 
Женска карлица

Коските на карлицата се цврста основа на трупот и на органите во долниот дел на стомачната празнина, вклучувајќи ги мочниот меур, внатрешните полови органи и делови на цревата. Женската карлица е приспособена за бременост и раѓање на детето, таа e поширока за разлика од машката карлица.

 
Машка карлица

Каричниот појас се состои од цврсти коски што ја создаваат карлицата. Тој е составен од две карлични коски што се наоѓаат однапред и од страна на карлицата и од крсната коска што се поврзува со карличните коски, затворајќи ја карлицата одназад. Секоја карлична коска (os coxae) почнува да се развива како три засебни коски кои потоа се спојуваат.

  • Слабинска коска (os ilium) го составува горниот дел од карличната коска. Слабинскиот гребен има искривен раб по должината на долниот раб на оваа коска. Овој гребен може лесно да се напипа под слабината.
  • Седечката коска (os ischii) е најмал и нацврст дел од оваа коска. Оваа коска служи како основа за носење на тежината на трупот, особено при седечка положба.
  • Срамна коска (os pubis) го составува предниот дел на карличната коска. При создавањето со двете карлични коски се создава зглоб наречен пубисна симфиза.

Деловте на сите три коски заедно создаваат длабоко грло, ацетабулум, кое може да ја обиколи главата на бутната коска и го создава карличниот зглоб.[12]

Коски на нозе
уреди

Долните екстремитети се состојат од следните коски:

 
Бутната коска
  • Бутна коска (femur) е најдолгата и најјаката коска во организмот. На горниот дел има голема топчеста глава со која се поврзува со карличната коска.
 
Колеинска капсула на десно колено
 
Голема и мала писка (tibia/fibula)
  • Во потколеницата има две коски. На средината е голема писка (tibia) која е долга коска која ја носи тежината на организмот. Tаа однапред има остро испупучување кое може да се види на површината. Странично е сместена потенката мала писка (fibula) која не создава зглобовисо коленото, и е коска што не помага во носењето на тежината на телото.
 
Коски на стапалото
  • Градбата на стапалото е слична со градбата на раката. Меѓутоа, бидејќи стапалото ја носи тежината на организмот, тоа е многу поцврсто споено и понеподвижно во споредба со дланката. Во коренот на стапалото има седум зададилни коски (tarsus) што се поврзуваат со прстите на нозете. Најголема од нив е петична коска (calcaneus). Има пет одилни коски (metatarsus) кои ја создаваат основата на стапалото, а главите на овие коски ја создаваат топката на петицата.
  • Коски на прстите на нозе (phalanges) се составен дел на прстите на нозете и се идентични со коските на рацете. Има по три вакви ковчиња во секоја прст на ногата, со исклучок на палецот во која има само две ковчиња.[13]

Скршеници (фрактури) на коски

уреди

Дејстовот на различни видови удари може да предизвика скршеници (фрактури) речиси на секоја коска. Скршениците можат да бидат:

Многу важна постапка при прва помот при скршеници е заштита од движење на оштетените делови. Кај луѓето што имаат повреди на грбот, ако внимателно и правилно се пренесуваат на цврстите табли или врати, може да се спречи да добијат и сериозни повреди на ’рбетниот мозок. Ако нема надворешно крварење, завиткувањето на повредениот со ќебе може да помогне да се избегне шокот.[14]

Скелетот како мотив во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.26
  2. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.27
  3. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.26/27
  4. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.28
  5. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.29
  6. 6,0 6,1 Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.30
  7. 7,0 7,1 Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.31
  8. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.31/32
  9. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.32
  10. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.33
  11. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.33/34
  12. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.34
  13. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.34/35
  14. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.36/37
  15. Discogs, Anthrax ‎– Among The Living (пристапено на 10.6.2020)