Стапало
Стапало — дел од органот нога. Стапалото се наоѓа на самиот крај од ногата и служи за држење на тежината на единката, како и за движење и рамнотежа на телото. Стапалото е составено од поголем број на коски и нерви и секое стапало при нормален развој има пет прсти. Во зависност од видот на единката, прстите завршуваат со нокти, канџи или шепи. Анатомски гледано, стапалото е сложена структура на нерви, мускули, крвни садови и коски кои овозможуваат нормална функција на истото.
Стапало | |
---|---|
Податоци | |
Лимфа | синуси |
Назнаки | |
Латински | pes |
MeSH | A01.378.610.250 |
TA | A01.1.00.040 |
FMA | FMA:9664 |
Скелет на стапалото
уредиСкелетот на стапалото има значајна улога во статиката и динамиката на човечкото тело. На долната страна од стапалото се забележуваат два свода: надолжен и напречен. Тие му даваат еластичност на стапалото, а воедно ја олеснуваат неговата статика и динамика.
Скелетот на стапалото е составен од 26 коски поделени во три групи: а)коски на коренот од стапалото б)коски на докоренот и в)коски на прстите од стапалото.
Надворешни врски
уреди„Стапало“ на Ризницата ? |
- Анатомски илустрации Архивирано на 3 март 2007 г.
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |