Лакотната коска (латински: Ulna) е една од долгите коски кои заедно со палечната коска (латински: radius) ја создаваат подлактицата. Лакотната коска е пократка од палечната коска.

Лакотна коска
Позиција на лакотната коска (црвен дел)
Десна рака, дланка предна и задна страна (лакотна коска 2)
Податоци
Назнаки
ЛатинскиUlna
MeSHA02.835.232.087.090.850
TAA02.4.06.001
FMAFMA:23466

Делови

уреди

На лакотната коска се разликуваат:

  • тело (латински: corpus ulnae);
  • горен крај составен од два коскени израстоци:
    • преден лакотен израсток (латински: processus coronoideus);
    • заден лакотен израсток (латински: olecranon);
  • долен крај составен од:
  • глава (латински: caput ulnae);
  • шилчест израсток (латински: processus styloideus).

Зглобови

уреди

Лакотната коска преку коскените израстоци се зглобува со макарата (латински: trochlea humeri) од хумерусот, се зглобува со главата од палечната коска, латерално главата од лакотната коска се зглобува со долниот коскен засек од палечната коска и на долниот крај главата преку врска се спојува со една од коските на коренот на шепата.

Кај животните

уреди

Кај четириножните животни товарот од телото паѓа на лакотната коска, а кај повеќето цицачи лакотната коска е споена со палечната коска и затоа не може да постои како посебна коска.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди