Градни прешлени
Градните прешлени (латински: vetebrae thoracicae) , се наоѓаат на средината од ’рбетниот столб, меѓу вратните прешлени и слабинските прешлени.
Градни прешлени | |
---|---|
Позиција на градните прешлени кај човекот (црвен дел). Се состојат од 12 коски Т1, Т2, Т3, Т4, Т5, Т6, Т7, Т8, Т9, Т10, Т11, Т12. | |
Типичен граден прешлен, латерална страна. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | vertebrae thoracicae |
MeSH | A02.835.232.834.892 |
TA | A02.2.03.001 |
FMA | FMA:9139 |
Делови
уредиКај градните прешлени се разликуваат:
- тело (латински: corpus vertebrae);
- прешленски лакови (латински: arcus vertebrae);
- прешленски отвор (латински: foramen vertebrale);
- горни зглобни израстоци (латински: processus articulares superiores);
- долни зглобни израстоци (латински: processus articulares inferiores);
- напречни израстоци (латински: processus transversus), напречните израстоци носат зглобни површини за зглобување со ребрата;
- ’ртен израсток (латински: processus spinosus).
Особености
уредиОдлики на градните прешлени:
- прв граден прешлен (T1):првиот граден прешлен од двете страни носи зглобни површини за спојување со првото и второто ребро, напречните израстоци се подолги и подлабоки од израстоците на другите градни прешлени, под првиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (1);
- втор граден прешлен (Т2): под вториот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (2), вториот граден пршлен е поголем од првиот граден пршлен;
- трет граден пршлен (Т3): под третиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (3);
- четврт граден прешлен (Т4): четвртиот граден прешлен заедно со петтиот граден прешлен се наоѓаат на ниво како градниот агол (латински: angulus sterni), под четвртиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (4);
- петти граден прешлен (Т5): заедно со четвртиот, е на исто ниво како стерналниот агол (латински: angulus sterni), под петтиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (5).
- шести граден прешлен (T6): под шестиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (6);
- седми граден прешлен (T7): под седмиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (7);
- осми граден пршлен (Т8): осмиот граден прешлен заедно со деветтиот граден пршлен се на исто ниво како мечовидниот израсток (латински: processus xiphoideus), под осмиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (8);
- деветти граден прешлен (Т9): под деветтиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (9);
- десетти граден прешлен (Т10): под десеттиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (10);
- единаесетти граден пршлен (Т11): телото на единаесеттиот граден прешлен е слично по форма и големина со телото на слабинските прешлени, под единаесеттиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (11);
- дванаесетти граден пршлен (Т12): дванаесеттиот граден прешлен има слични одлики со единаесеттиот граден прешлен, но може да се разликува од него по своите инфериорни зглобни површини кои се конвексни, под дванаесеттиот граден прешлен поминува ’рбетен нерв (12);
Зглобови
уреди- Зглобовите меѓу зглобните израстоци на прешлените, се рамни зглобови и се врши само лизгање.
- Зглобовите меѓу пешленските тела, ги спојуваат телата со помош на меѓупрешленски плочи (латински: discus intervertebralis), коишто се зајакнати со помош на два надолжни лигаменти: преден и заден.
- Движења не се вршат бидејќи градниот ’рбет е најнеподвижен.
Кај животните
уредиПовеќето торбари имаат 13 градни прешлени, кај коњите, носорозите и слоновите има 18-20 градни прешлени.
Галерија
уреди-
Позиција на градните прешлени (црвен дел).
-
Граден прешлен.
-
Облик на градните прешлени (син и жолт дел).
-
Странична површина на градните пршлени (син и жолт дел).
-
Позиција на градните прешлени во ’рбетниот столб (син дел).
-
Граден прешлен (гледан одозгора).
-
Граден прешлен (гледан од долна страна).
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |