Дланката (латински: manus, мн. manūs) е телесен орган која е дел од горните екстремитети. Дланките се составени од по пет прсти и се наоѓаат веднаш под подлактицата. Дланките се главните органи за физичка манипулација со околината кои се користат за големи и мали моторни вештини. Прстите од дланките содржат голем број нерви, што пак реагира со големо чувство на допир. Како и останатите симетрични органи, така и рацете се контролирани од спротивните мозочни полутопки.

Дланка
Двете страни на десната дланка кај човекот
Рендгентска снимка на човечка дланка
Податоци
Венаdorsal venous network of hand
живецUlnar, median, radial nerves
Назнаки
ЛатинскиManus
MeSHA01.378.800.667
TAA01.1.00.025
FMAFMA:9712
Tupaia javanica, Homo sapiens

Скелет

уреди

Скелетот на шаката е составен од 27 коски поделени во три групи:

  • коски на коренот на шаката
  • коски на докпоренот и
  • коски на прстите од шаката.

На скелетот се разликуваат две страни: предна или дланска (facies palmaris) и задна страна (facies dorsalis).

Корен на дланката (ossa carpi)

уреди

Коренот (carpus) се состои од осум коски распоредени во два реда. Одејќи од палецот кон малиот прст во горниот ред се наоѓаат следните коски: чунеста, полумесечеста,триаглеста и грашковидна коска. Долниот ред е составен од трапезна коска, трапезоидна коска, главеста коска и кукеста коска.

Подкорен на дланката (ossa metacarpalia)

уреди

Претставуваат пет долги коски означени со редни броеви идејќи од палецот кон малиот прст.Тие ги спојуваат карпалните коски со коските од прстите. На сите метакарпални коски се разликуваат тело и два краја. Горните краеви се зглобуваат со долниот ред од карпалните коски, а долните краеви се зглобуваат со првите коски од прстите.

Прсти (ossa digitorum manus)

уреди

Коските на прстите се наречени фаланги на број 14 и претставуваат долги коски. Секој прст со исклучок на палецот е составен од три коски-членчиња (phalanges), а палецот од две. На секоја фаланга се разликува тело и два краја. Горните и средните фаланги на двата краја имаат зглобни површини, а долните фаланги на долните краеви се рапави.

Болести и неправилности на раце

уреди

Дланката како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Двете дланки“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[3]
  • „Рајот на твоите дланки“ (англиски: Heaven Of Your Hands) — песна на американската рок-група American Music Club од 1989 година.[4]
  • „Плескај со дланките“ (англиски: Clap Hands) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[5]
  • „Човечки дланки“ (англиски: Human Hands) — песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1982 година.[6]
  • „Терминатор Х зборува со неговите дланки“ (англиски: Terminator X Speaks With His Hands) — песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1987 година.[7]
  • „Дланката што ја ниша лулката“ (англиски: The Hand That Rocks The Cradle) — песна на британската рок-група Смитс (The Smiths) од 1984 година.[8]
  • „Дланка во ракавица“ (англиски: Hand In Glove) — песна на Смитс (The Smiths) од 1984 година.[8]
  • „Дланката на Хари“ (англиски: Harry's Hand) — песна на британската панк-рок група Тој долс (The Toy Dolls).[9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Three-armed boy to have surgery“. BBC News. 2006-05-31. Посетено на 2007-12-24.
  2. „Polydactyly and Syndactyly“. Milton S. Hershey Medical Center, Pennsylvania State University. Архивирано од изворникот на 2010-03-07. Посетено на 2007-12-24.
  3. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 59.
  4. DISCOGS, American Music Club ‎– United Kingdom (пристапено на 15.4.2021)
  5. DISCOGS, Tom Waits ‎– Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
  6. DISCOGS, Elvis Costello And The Attractions* – Imperial Bedroom (пристапено на 13.5.2022)
  7. DISCOGS, Public Enemy ‎– Yo! Bum Rush The Show (пристапено на 23.8.2019)
  8. 8,0 8,1 DISCOGS, The Smiths ‎– The Smiths (пристапено на 9.7.2019)
  9. Toy Dolls – We're Mad! (The Anthology) (пристапено на 26.12.2023)

Надворешни врски

уреди