Тилна коска
Тилната коска го гради задниот дел од покривот и задниот дел на черепот. На средината од коската се наоѓа голем тилен отвор (foramen magnum). Тилната коска се дели на четири делови:
- преден;
- заден;
- два бочни.
Тилна коска | |
---|---|
Човечка глава (тилната коска е десно на долната страна) | |
Позицијата на тилната коска (пакажано со зелено) | |
Податоци | |
Зглобови | the two parietals, the two temporals, the sphenoid, and the atlas |
Назнаки | |
Латински | os occipitale |
TA | A02.1.04.001 |
FMA | FMA:52735 |
Преден дел
уредиПреден дел или базиларен дел се наоѓа пред големиот отвор, а неговата горна страна е вдлабната во надолжна бразда каде што лежи продолжениот мозок и мозочниот мост.
Заден дел (squama occipitalis)
уредиЗадниот дел се наоѓа зад големиот отвор на неговата внатрешна и надворешна страна има тилно испакнување.
На внатрешната страна испакнувањето личи на крст којшто ограничува четири јами во кои лежат одделни делови на[малиот и големиот мозок. Централниот дел од крстот претставува внатрешно тилно испакнување (protuberantia occipitalis interna). На средината од внатрешната страна се наоѓа надворешно тилно испакнување (protuberantia occipitalis externa). Бочно од него тргнуваат коскени гребени за поврзување на задните вратни и грбни мускули.
Бочни делови
уредиНа долната страна поседуваат по едно зглобно испакнување наречено тилен кондил кој се зглобува со првиот вратен прешлен (atlas).
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |