Прешлен

коска во’рбетниот столб
(Пренасочено од Пршлени)

Прешлен или пршлен (лат. vertebra) — градбена единка на ’рбетниот столб. Тие се многубројни коскени елементи кои се сместени во медијалната рамнина, под кожата на грбот. Ембрионално, тие потекнуваат од хордата (на латински chorda dorsalis).

Вратни (цервикални) прешлени кај човекот.

Општа градба на прешлените

уреди

Секој прешлен се состои од тело (corpus vertebrae), лак (arcus vertebrae), странични израстоци (processus laterales vertebrae), зглобни израстоци (processus articulares vertebrae) и бодлест израсток (processus spinosus vertebrae).

Видови на прешлени

уреди
  • вратни (Vertebrae cervicales)
  • градни (Vertebrae thoracales)
  • карлични (Vertebrae lumbales)
  • крсни (Vertebrae sacrales)
  • опашни (Vertebrae coccygeales)

Број на прешлени кај различни животни

уреди
Вид Број на прешлени
вратни градни карлични крсни опашни вкупен број
Човек
7
12
5
5
3-5
32-34
Коњ
7
18
6
5
15-21
51-57
Говедо
7
13
6
5
18-21
49-52
Овца
7
13
6-7
4
16-18
46-49
Свиња
7
14-15
6-7
4
20-23
51-56
Куче
7
13
7
3
20-23
50-53
Мачка
7
13
7
3
22-23
52-53
Зајак
7
12
7
4
16
46
Морско прасе
7
13-14
6
2-3
4-6
32-36
Видра
7
14
6
3
18
48
Жирафа
7
14
6
3
11
41