Оризарско Поле (Чифлик)
„'Оризарско Поле – Старо Село“
| |
Местоположба | 41°23′15″N 22°13′46″E / 41.38750° СГШ; 22.22944° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Чифлик (Демирхисарско) |
Општина | Демир Капија |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Оризарско Поле – Старо Село – Модра Стена – Бесвичко Поле —археолошко наоѓалиште во Чифлик општина Демир Капија. Претставува населба од римското време. На источната периферија на селото, во просторот на наброените локации, кои зафаќаат површина од неколку хектари, како и во самото село, има остатоци од поголема населба. Пронајдени се темели од големи и мали објекти од кои со орањето биле откриени столбови, капители и друг конструктивен материјал од мермер, како и римски вази. Дел од овие масивни наоди се пренесени во кругот на болницата во Демир Капија. Во 1954 година во самото село се откриени остатоци од темели на четвртест објект со зачувана бања со хипокауст. Кај денешната црква се најдени споменици со натписи меѓу кои и еден на кој се споменува името Јуменион. Откриени се и остатоци од темели на поголема вила. Крај патот за Демир Капија исто така има остатоци од населба, и тоа од II-III век. Најдено е и депо на римски денари од I-III век.[1]
Поврзано
уреди- Грамаѓе — рудник од римското време – експлоатација на злато;
- Илинов Рид —населба од римското време;
- Оризарски Гробишта - Воденица — некропола од римското време;
- Оризарско Поле – Старо Село — населба од римското време;
- Чифлик;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 238, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069