Ѓунер Исмаил

македонски политичар

Ѓунер Исмаил (роден на 27 септември 1951 година во Битола) — македонски политичар, издавач, публицист, општественик и политичар од турско потекло.[1]

Ѓунер Исмаил
Ѓунер Исмаил (cropped).jpg
Роден 27 септември 1951
Битола
Националност Турчин
Занимање политичар

ЖивотописУреди

Завршил Филозофски факултет во Скопје. Со пишување почнал во студентските денови, со театарски рецензии за МОТ и фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Првите публицистички трудови ги објавил во весникот „Комунист”, а кон крајот на осумдесеттите години соработувал и во „Млад борец”. Во наредната деценија е колумнист во „Дневник”. Заедно со Сашо Ордановски е основач и сопственик на магазинот „Форум”, подоцна „Форум плус”, каде што од првиот број (30 декември 1997) е колумнист. Пишува и за списанија од областа на политиката и општествените науки. Бил министер за култура во периодот од 5 септември 1992 до 20 декември 1994 и портпарол на Владата на Македонија.

ФилмографијаУреди

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Исмаил“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 620. Text "series " ignored (help)