Марвин Компер (роден на 14 јуни 1985 година во Тибинген) — германски фудбалер кој игра како централен дефанзивец за Фјорентина во Серија А.

Марвин Компер
Лични податоци
Роден на 14 јуни 1985(1985-06-14)(38 г.)
Роден во Тибинген, Западна Германија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција централен одбранбен
Клупски податоци
Сегашен клуб Фјорентина Фјорентина
Број 5
Младинска кариера
Борусија Менхенгладбах
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2007 Б. Менхенгладбах II 51 (5)
2005-2008 Борусија Менхенгладбах 31 (0)
2008-2013 Хофенхајм 157 (6)
2013- Фјорентина 12 (0)
Репрезентација
2008- Германија 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012

Кариера уреди

Рана кариера уреди

Во текот на сезоната 2002-03, Компер се преселил од младинскиот тим на Штутгарт во аматерскиот тим на Борусија Менхенгладбах. Во 2005 година, тој добил професионален договор. Поради повредите на двајца играчи Филип Демс и репрезентативниот дефанзивец на Германија Марсел Јансен, тој станал редовен играч во есента на 2006 година во Бундеслигата. Во првата половина од сезоната 2007-08, Компер одиграл само три натпревари за Борусија Менхенгладбах. Поради ова, во јануари 2008 година тој го напуштил клубот и потпишал за Хофенхајм 1899.

Хофенхајм уреди

Компер дебитирал за Хофенхајм на 1 февруари 2008 во натпревар од 2. Бундеслига против Вехен Виезбаден во кој неговиот тим победил со 2-0. Тој одиграл 17 натпревари во вториот дел од сезоната и бил еден од поважните играчи на клубот кој изборил промоција во 1. Бундеслига. Компер играл и во натпреварот од првото коло од Бундеслигата во сезоната 2008-09, кога Хофенхајм на најдобар можен начин го прославил почетокот на својата прва сезона во Бундеслигата, победувајќи го Енерги Котбус со 3-0 нагости. Својот прв погодок за клубот, Компер го постигнал на 27 септември 2008 во поразот нагостувањето кај Вердер Бремен со 5-4.

Тој бил незаменлив во клубот и во наредните три сезони во Бундеслигата. Но за разлика од претходните сезони кога клубот бил стабилен во средината на табелата, во сезоната 2012-13 тие не почнале добро и се нашле на последното место во лигата. Смената на неколкуте тренери придонела за многу промени и во играчкиот кадар, па кон крајот на јануари 2013 тогашниот тренер Марко Курц го изоставил Компер од тимот ставајќи го во втор план.

Фјорентина уреди

На 25 јануари 2013 година, Компер се пресели во редовите на италијанската Фјорентина за сума од 200.000 €.[1]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Compper: Florenz statt Hoffenheim“ (германски). kicker.de. 25 January 2013. Посетено на 25 January 2013.