Ерен Дердијок (роден на 12 јуни 1988 година) — швајцарски фудбалер, напаѓач на Галатасарај и на Швајцарската репрезентација[1][2]

Ерен Дердијок
Лични податоци
Роден на 12 јуни 1988(1988-06-12)(35 г.)
Роден во Базел, Швајцарија
Држава Швајцарија Швајцарија
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Галатасарај Галатасарај
Број 9
Младинска кариера
Олд Бојс Олд Бојс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2006 Олд Бојс Олд Бојс 18 (10)
2006-2009 Базел Базел 63 (17)
2009-2012 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 90 (25)
2012-2014 Хофенхајм Хофенхајм 19 (1)
2013-2014Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 15 (1)
2014-2016 Касимпаша Касимпаша 40 (15)
2016- Галатасарај Галатасарај 50 (14)
Репрезентација
2008- Швајцарија Швајцарија 60 (11)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Ран живот уреди

Дердијок е роден во Базел, Швајцарија, но има курдско[3] потекло.

Од рана возраст Дердијок играл за фудбалскиот клуб од градот Базел, БСЦ Олд Бојс Базел. Со својата височина од 1.91 m, Дердијок е моќен напаѓач кој исто така може да игра и како централен-бек ако е потребно. Ја започнал својата кариера со Олд Бојс на почетокот на сезоната 2005-06, во која постигнал 10 голови во само 18 настапи. Тој постигнал гол и во натпреварот од Швајцарскиот куп, кога неговиот тим бил поразен со 1-6 од Базел на 22 октомври 2005.[4]

Клупска кариера уреди

Базел уреди

Откако во Базел го забележале неговиот инстикнт за постигнување голови го купиле него во 2006 година на возраст од 18 години. Дердијок го направил своето деби за првиот тим на 14 март 2007 година, како замена во куп натпревар против Арау. Четири дена подоцна тој го имал своето деби и во лигата, исто така против Арау. За време на сезоната 2006-07, Дердијок бил главно користен како замена, играјќи само еден цел натпревар. Тој имал 17 настапи за тимот под 21-на година таа сезоната. За Дердијок, сезоната 2007-08 се покажала како многу повеќе плодна и тој добил можност редовно да игра. Играјќи за Базел, Дердијок го постигнал својот прв хет-трик во натпреварот на гостувањето против Тун на 2 март 2008 година. На 6 април 2008 година, тој го освоил на Швајцарскиот куп, неговата прва титула.

На 29 јуни 2008 година, било објавено од страна на англиски медиуми дека тој е во преговори со претставници на Њукасл Јунајтед. Сепак, трансфер прозорецот поминал без каков било трансфер да се случи. На 27 август 2008 година, тој го постигнал победничкиот гол во победата со 2-1 на Базел над Виторија Гимараеш на Сент Јакоб-Парк што значело дека Базел се квалификувал за Лигата на шампионите. Исто така, во Лигата на шампионите, Дердијок им помогнал на Базел да дојдат до својот прв бод постигнувајќи гол против Барселона на Камп Ноу за да го израмни резултатот во 82 минута на 1-1. На крајот на сезоната 2007-08 сезона, Дердијок го освоил домашниот Дабл со Базел.

Баер Леверкузен уреди

По уште една солидна сезона во швајцарската прва лига и низата од настапи за репрезентацијата, Баер Леверкузен го обезбедил потписот на Дердијок на 28 мај 2009 потпишувајќи со него четиригодишен договор до 30 јуни 2013 година, откако и некој други големи европски клубови се обиделе да го привлечат вклучувајќи ги Галатасарај и некои клубови од Серија А, тој конечно му се приклучил на неговиот тимски колега Транквило Барнета. Пред да се пресели во Баер Леверкузен, Дердијок бил поврзан со трансфер во Евертон, но тој сепак ја отфрлил иницијативата, наведувајќи дека тој е непопустлив и дека тој е нестрплив да му се приклучи на Леверкузен.

Хофенхајм уреди

На 2 мај 2012 година, Дердијок потпишал договор со Хофенхајм за сезоната 2012-13 до јуни 2016 година. Сумата на трансферот на Дердијок е непозната. Клубот од Зинсхајм, бил во потрага по нов напаѓач кој ќе го замени Ведад Ибишевиќ, кој претходно заминал во Штутгарт. На 21 јули 2012, Дердијок постигнал гол на своето деби за Хофенхајм, во победата со 2-0 против Манхајм. Тој одиграл разочарувачка прва сезона во која постигнал само еден погодок во 19 натпревари во Бундеслигата. Единствениот гол за Хофенхајм во сезоната 2012-13, Дердијок го постигнал во поразот на неговиот тим со 1-3 од Волфсбург, на 18 ноември 2012.

Наводи уреди

  1. sbs.com.au, уред. (16 јуни 2010). sbs.com.au/news/article/1280042/the-changing-face-of-the-world-cup „The changing face of the World Cup“ Проверете ја вредноста |url= (help). Посетено на 29 јануари 2012 година. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Dzuba, Oliver. insidefutbol.com (уред.). / „Ерен Дердијок: Големата надеж на Швајцарија“ Проверете ја вредноста |url= (help). Посетено на јануари 29, 2012.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-11-11. Посетено на 2013-06-01.
  4. „Klarer Sieg im Cup gegen OB“ (германски). FC Basel 1893. 22 October 2005. Архивирано од изворникот на 2012-04-05. Посетено на 2 October 2011.