Жунињо Пернамбукано

Антонио Аугусто Рибеиро Реис Жуниор (роден 30 јануари 1975), попознат како Жунињо или Жунињо Пернамбукано,[1] е поранешен бразилски фудбалер, играч од средниот ред. Моментално работи како фудбалски коментатор за бразилската спортска мрежа Реде Глобо.[2]

Жунињо Пернамбукано
Лични податоци
Роден на 30 јануари 1975(1975-01-30)(49 г.)
Роден во Ресифе, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 30 јануари 2014 (39 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1994 Спорт Ресифе Спорт Ресифе 24 (2)
1995-2001 Васко да Гама Васко да Гама 111 (26)
2001-2009 Олимпик Лион Олимпик Лион 248 (75)
2009-2011 Ал-Гарафа Ал-Гарафа 40 (15)
2011-2012 Васко да Гама Васко да Гама 50 (11)
2013 Њујорк Ред Булс Њујорк Ред Булс 13 (0)
2013 Васко да Гама Васко да Гама 21 (2)
Репрезентација
1999-2006 Бразил Бразил 40 (6)
* Ажурирано на: 28 јуни 2013
** Ажурирано на: 28 јуни 2013

Во својте играчи фудбалски денови Жунињо бил познат како специјалист за умртвување на топката и се сметал за еден од најголемите мајстори за изведување на слободните удари.[3][4] Со вкупно 77 постигнати гола од слободни удари во кариерата, тој го држи рекордот на сите времиња во оваа категорија.

Својата кариера Жунињо ја започнал во Спорт Ресифе во Бразил, а потоа играл и шест години за Васко де Гама пред да дојде во францускиот Олимпик Лион каде играл осум години и станал легенда на клубот. Тој му помогнал на Лион да освои 7 последователни титули во Лига 1, постигнувајќи точно 100 гола на 350 официјални натпревари за клубот.[5] По неговото заминување од Франција во 2009 година, Жунињо играл во Ал-Гарафа од Катар, во Њујорк Ред Булс во МЛС лигата и повторно во Васко да Гама каде се пензинорал во 2013 година.

За бразилската репрезентација Жунињо постигнал шест гола во 40 натпревари, а од репрезентативниот фудбал се повлекол по Светското првенство 2006.

Титули

уреди

  Олимпик Лион

уреди
2001-2002, 2002-2003, 2003-2004, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008.
2007-2008.
2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007.

Наводи

уреди
  1. Неговиот прекар доаѓа од комбинација на бразилскиот димунитив "Жунињо", кое најчесто се применува на секое лице со името "Јуниор" и "Пернамбукано", што значи некој роден во североисточниот дел на бразилската држава Пернамбуко. Тој бил често нарекуван како "Пернамбукано" и во јужниот дел на Франција.
  2. „Comentarista da Globo, Juninho Pernambucano "corneta" prêmio da ESPN“.
  3. Adam Axon (27 January 2009). „Top Ten Free Kick Specialists Of All Time“. soccerlens.com. Посетено на 17 March 2011.
  4. George Rader (11 October 2010). „Top 10 Free Kick Takers Of All Time“. bleacherreport.com. Архивирано од изворникот на 2014-01-05. Посетено на 17 March 2011.
  5. R.B. „Juninho... ses chiffres lyonnais – Article – Accueil“. Olweb.Fr. Посетено на 27 April 2010.

Надворешни врски

уреди