Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
„Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) — најстар и најголем универзитет на македонски јазик со седиште во Скопје. Формиран е на 24 април 1949 година со три факултети, а денес претставува заедница на 24 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 6 други институции. За прв ректор е избран Кирил Миљовски[1], а сегашен ректор е Никола Јанкуловски.
Вид | државен |
---|---|
Основан | 24 април 1949 |
Ректор | Билјана Ангелова |
Студенти | 36.700 |
Место | Скопје, Македонија |
Припадност | Мрежа на универзитети на ЈИЕ |
www.ukim.edu.mk |
Состав на универзитетот
уредиРанг на универзитетот | |
---|---|
Глобално рангирање | |
THE World[2] | 1501+ (2024) |
USNWR Global[3] | =1 291 (2023) |
Регионално рангирање | |
QS Emerging Europe and Central Asia[4] | 159 (2022) |
Универзитетот е составен од 23 факултети, 5 составни институти и 4 јавни научни установи, како и 6 други организации кои соработуваат со универзитетот.
Факултети
уредиДенес во универзитетот постојат 23 факултети од сферата на природните, медицинските, техничките, општествените и биотехничките науки како и уметноста.
Природни науки
уредиМедицински науки
уреди- Медицински факултет
- Стоматолошки факултет
- Фармацевтски факултет
- Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Технички науки
уреди- Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
- Архитектонски факултет
- Градежен факултет
- Машински факултет
- Факултет за електротехника и информациски технологии
- Технолошко-металуршки факултет
- Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Општествени науки
уреди- Филозофски факултет
- Филолошки факултет „Блаже Конески“
- Економски факултет
- Правен факултет „Јустинијан I“
- Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Биотехнички науки
уреди- Факултет за земјоделски науки и храна
- Шумарски факултет
- Факултет за ветеринарна медицина
- Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Уметности
уредиСоставни институти
уреди- Економски институт
- Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
- Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
- Земјоделски институт
- Институт за сточарство
Придружни членки
уредиЈавни научни установи
уреди- Институт за македонска книжевност
- Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
- Институт за национална историја
- Институт за фолклор „Марко Цепенков“
Други високообразовни институции
уредиДруги организации
уредиУниверзитетска библиотека
уредиАкадемска библиотека на „Св. Кирил и Методиј“ е НУБ „Св. Климент Охридски“, која е воедно и национална библиотека на Македонија. Отворена е во 1920 година како библиотека на Филозофскиот факултет, а подоцна станала јавна Народна библиотека и библиотека на универзитетот во сегашната зграда.
Награди
уредиВо 2007 година Универзитетот „Кирил и Методиј“ е одликуван со Орден на Република Македонија за постигнатите исклучителни резултати во долгогодишната научна, наставна и апликативна дејност, давајќи значителен придонес за севкупниот развој и афирмација на Република Македонија како современа демократска држава во светот.
Дипломци
уреди- Борис Трајковски - Втор претседател на Република Македонија
- Бранко Црвенковски - Трет претседател на Република Македонија
- Зоран Јолевски - Македонски амбасадор во САД
Наводи
уреди- ↑ Ректори на УКИМ
- ↑ „Saints Cyril and Methodius University in Skopje“. Times Higher Education (THE). 4 април 2024. Посетено на 4 април 2024.
- ↑ U.S. News. „Saints Cyril & Methodius University of Skopje“. Посетено на 9 април 2024.
- ↑ „QS World University Rankings-Emerging Europe & Central Asia“. Посетено на 15 January 2023.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Студентски правобранител на УКИМ Архивирано на 28 октомври 2019 г.