Машински факултет - Скопје
Машинскиот факултет во Скопје — еден од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[1].
Вид | државен |
---|---|
Основан | 1959 |
Место | Скопје, Македонија |
Припадност | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
www.mf.ukim.edu.mk |
Историја
уредиСтудиите по машинство започнале есента 1959 година на Техничкиот факултет во Скопје, во рамките на кој бил формиран Електро-машински отсек. Поради нараснатите општествени потреби од машински инженери во земјата, во 1965 година во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со Закон на Собранието на СРМ во 1965 г. бил основан Електромашинскиот факултет со два оддели и два степена на образование: континуирана настава (9 сем.) и степен (5 сем). Од старата зграда на Техничкиот факултет, Електромашинскиот факултет во 1963 бил преместен во бараки, но веќе во 1968 година се вселил во денешната зграда.
Развојот на студиите по машинство ја наложило потребата за формирање посебен Машински факултет и од 1977 година тој постои до денес. Од 1977 година Машинскиот факултет постои како самостојна високообразовна институција. Првиот наставен план бил донесен во 1959/60 г., во 1960/61 бил усвоен нов по општо машинство, а во 1965/66 со две насоки. Во 1971/72 г. била воведена 3-та насока, а во 1976/77 г. е усвоен со 5 насоки. Во 2004/05 г. се воведува настава по ЕКТС на академски четиригодишни студии (9 насоки) и на професионални тригодишни студии (5 насоки). Во учебната 1972/73 г. започнале двегодишни студии на Ⅲ степен (9 насоки), кои се иновирани во 1985/86, за да се приспособи на Болонската декларација во 2005 г. Во текот на своето постоење, Машинскиот факултет развива свои одлики кои во најголем дел се поклопуваат со визиите на неговите основачи, а го рефлектираат стекнатото искуство при развојот. Последната реформа на студиските програми на Машинскиот Факултет била во 2004 година која ги внесела новите трендови од областа на машинството.
Денес, Машинскиот факултет во Скопје нуди образование кое одговара на последните трендови на Европската Област за Високо Образование, како ЕКТС и постулатите на Болоњската декларација. Студиските програми се согласно потребите за производство на кадар кој ќе одговори на барањата за развој на индустриските гранки во Република Македонија, кадар кој ќе одговара на потребите на светски познатите компании.
На Факултетот има шест Институти и еден Оддел и тоа:
- Институт за производно машинство со 5 лаборатории;
- Институт за машински конструкции, механизациони машини и возила со 3 лаборатории;
- Институт за термотехника и термоенергетика со 5 лаборатории;
- Институт за хидротехника, пневматика и автоматика со 2 лаборатории;
- Институт за заварување и заварени конструкции со 4 лаборатории;
- Институт за механика со една лабораторија
- Оддел за математика и информатика.
Институтите понатаму се поделени на добро опремени катедри и лаборатории или работни групи одговорни за академски и студиски развој во нивните полиња на научен интерес. Секој институт има свој раководител кој е одговорен за работата на институтот и за виското ниво на академски и професионален придонес на сите негови членови. Во состав на Факултетот, како посебни единици, работат и Сметачкиот центар и заедничките служби.
Во наставно-образовниот процес, Факултетот нуди две програми за додипломски студии, и тоа: четири годишни студии (Академски) со чие завршување студентите се здобиваат со звањето Дипломиран инженер по машинство и три годишни студии (Професионални) по која студентите се здобиваат со некое од звањата: Дипломиран инженер по производна информатика, Дипломиран инженер по индустриски дизајн, Дипломиран инженер по применето топлинско инженерство, Дипломиран инженер по хидраулика и информатика, Дипломиран инженер по заварување и дизајн на конструкции.
Организација
уредиФункција | Име и презиме |
---|---|
Декан | Д-р Дарко Данев |
Продекан за наставна дејност | Д-р Бојан Јованоски |
Продекан за финансиско и материјално работење | Д-р Виктор Гаврилоски |
Продекан за меѓународна соработка, наука и развој | Д-р Никола Тунески |
Секретар | Сузана Насковска |
Вработени и студенти
уредиДенес дејноста на Факултетот ја остваруваат 126 работници, од кои 35 редовни и 16 вонредни професори, 10 доценти, еден виш предавач, 8 асистенти, 23 помлади асистенти, а другите се стручни соработници, лаборанти и административно-технички работници. Факултетот постојано посветува внимание на стручното и научното усовршување на својот кадар.
Во учебната 2008/2009 г. на Машинскиот Факултет се запишале вкупно 456 студенти во прва година, и дипломирале 5704 студенти до истата година. Постдипломски студии завршиле 232 кандидати, а со докторат на науки се стекнале 101 кандидат.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Машински факултет“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 932. Text "series " ignored (help)