Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“православен теолошки факултет на Македонската православна црква – Охридска архиепископија придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“
Поглед на црквата „Св. Јован Крстител“
Видјавен
Основан8 декември 1977
Матична установа
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
ДеканДејан Борисов
МестоСкопје, Македонија
41°58′50″N 21°24′48″E / 41.9806864° СГШ; 21.413248° ИГД / 41.9806864; 21.413248
Јазикмакедонски
http://pbf.edu.mk/

Историја

уреди

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје е основан во 1977 година, десет години од возобновувањето на Македонската православна црква. Тој е всушност возобновител на Светиклиментовиот универзитет од пред 1122 години како негов директен наследник. Името на Факултетот било дадено според заштитникотСв. Климент Охридски“, аналогно на основоположникот на културно-просветниот центар во Охрид, наречен Светиклиментов универзитет. Од причини што факултетот тогаш не можел да се вклопи во високото државно школство во Република Македонија, тој егзистирал со статус под други високообразовни установи. Македонската православна црква со самото осамостојување го создала прво средното училиште – Богословијата и имала потреба од дипломирани теолози за идните архијереи, за професорите во богословијата, за свештенството во градските средини, како и свештеници за новоформираните македонски црковни општини во дијаспората. Овие потреби на црквата биле основната причина Синодот да донесе одлука за отворање на Православен богословски факултет во Скопје. Указот за прогласување на Уредбата за основање на Богословски факултет во Скопје бил објавен на 8 декември 1977 година, на денот на Свети Климент, патронот на факултетот и со тоа практично започнала да работи оваа највисока црковно-просветна институција на Македонската православна црква. Со редовна настава факултетот започнал во летниот семестар. Матичната комисија за основање на Богословскиот факултет била составена од универзитетски професори на Филозофско-историскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и од Македонската академија на науките и уметностите. Главен иницијатор за отворање на факултетот и негов прв декан бил тогашниот митрополит Повардарски Гаврил, а подоцнежен трет поглавар на Македонската православна црква. Православниот богословски факултет во студиската 2008/09 година добил државна акредитација со целосно финансирање од државата. Факултетот се обврзал да работи според Европскиот кредит трансфер систем и според Болоњската декларација.[1]

Простории

уреди

Богословскиот факултет во својот почеток располагал со скромни погодности за работа. За изведување на наставата, на факултетот му била дадена на располагање административната зграда на манастирот „Св. Јован Крстител“ во месноста Капиштец – Скопје заради можноста за извршување на богослужби, односно практичната настава во непосредна близина на спомнатата зграда. Локацијата се покажала извонредна. Манастирскиот храм во 1995 година бил срушен до темел и бил обновен со поголеми димензии. Факултетската зграда, пак, на двапати се доградувала и денес располага со корисна површина над 800 квадратни метри и дворно место од еден хектар.[1]

Наставен кадар

уреди

Првите професори на факултетот биле најистакнатите црковно-просветни дејци и професори од богословијата. Тоа биле учени луѓе, со теолошки факултет, а некои од нив и уште со друг факултет од општествените, односно историско-филозофските науки. Некои од нив подоцна станале и архијереи на МПЦ. Меѓувремено факултетот се дополнувал со млади професори кои се враќале од подипломските студии во земјата и странство, а професорски кадар едновремено имало и од Белград, како и континуирано за одредени општествени дисциплини од Скопскиот универзитет.

Денес Православниот богословски факултет има петнаесетина реномирани професори, кои се познати во современата теолошка мисла кај нас и пошироко. Тие своето образовно и научно оформување го здобиле на овој факултет, на некои од универзитетите во нашата земја и во странство, како на пример на познатите теолошки центри во Рим, Атина, Белград, Софија, Бари и др. Учествуваат на научни конференции во земјава и во странство и даваат свој придонес во современото богословие. На Факултетот се ангажирани и асистенти, кои се школувале и во некои од странските теолошки универзитети.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „За факултетот“. ПБФ. Посетено на 15 јануари 2023.

Надворешни врски

уреди