Никола Јанкуловски

хирург

Никола Јанкуловски (Ресен, 4 март 1958) – универзитетски професор, абдоминален хирург, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 2016 до 2023 година[1], декан на Медицинскиот факултет – Скопје од 2009 до 2016 година[2].

Никола Јанкуловски
Роден 4 март 1958
Ресен, Македонија Македонија
Занимање универзитетски професор, хирург

Животопис

уреди

Јанкуловски основно и средно образование завршил во Скопје. На Медицинскиот факултет – Скопје се запишал во учебната 1976/1977 година, и студиите ги завршил со просечна оценка 9,30.[3]
По завршувањето на студиите и задолжителниот лекарски стаж добил стипендија од Министерството за наука на Р Македонија да работи на Клиниките за хируршки болести, а од 1.5.1985 година се вработил на Клиниката за дигестивна хирургија. Во 1988 година бил избран за помлад асистент по предметот хирургија, а во 1990 година го положил специјалистичкиот испит по општа хирургија.

Д-р Јанкуловски објавил бројни научни и стручни трудови во домашни и меѓународни списанија. Исто така имал повеќе стручни престои во меѓународни клинички центри.
Од 1999 до 2002 година бил хонорарен професор по предметот хирургија во државното средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“.
Во декември 2002 година, д-р Никола Јанкуловски ја одбранил докторската дисертација под наслов „Процена на имунокомпетенцијата кај билијарната опструкција и улогата на билијарната дренажа врз прогнозата на болеста“.
Во април 2004 година избран е за доцент по предметот хирургија на Медицинскиот факултет – Скопје. Од септември 2007 година до 1 април 2009 година ја извршува функцијата директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија.
Од 1 април 2009 година е назначен за в.д. декан на Медицинскиот факултет – Скопје, а во септември истата година е избран за декан за мандатниот период 2009-20013 година. Во јануари 2013 година, д-р Јанкуловски е реизбран за декан во мандатниот период 2013-2017 година.[4][5]

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. Ректор на УКИМ на семрежната страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
  2. д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 115-124
  3. Универзитетски весник бр. 98 - Проф. д-р Никола Јанкуловски декан на Медицинскиот факултет
  4. Нова Македонија - Никола Јанкуловски реизбран за декан на Медицинскиот факултет[мртва врска]
  5. Интервју со д-р Никола Јанкуловски[мртва врска]
  6. Награда „Св. Климент Охридски“ за 2013 година[мртва врска]
  7. „Врачување на државната награда „Св.Климент Охридски" за 2013 година“. Канал 5. Посетено на 29 мај 2024.
  8. Четворица добитници на наградата „11 Октомври“[мртва врска]
  9. „Доделување на државната награда „11 Октомври". Собрание на РМ. Посетено на 29 мај 2024.