Удовски Остров

речен остров во Македонија


Удовски Островречен остров во Вардар кај селото Удово, во југоисточниот дел на Македонија. Островот е најголем од групата на Удовските Острови. Тој е еден од десетте средореци (површина над 1 хектар) во Вардар и е најголем речен остров (средорек) во Македонија.[1]

Удовски Остров
Поглед на Удовскиот Остров
Карта
Географија
МестоВардар
Координати41°20′30.7″N 22°26′13.8″E / 41.341861° СГШ; 22.437167° ИГД / 41.341861; 22.437167
Површина0,06 км2
Должина650 м
Ширина120 м
Брегова линија1,4 км
Држава
Општина Валандово
МестоУдово
Демографија
Население0 (2021)

Опис

уреди

Удовскиот Остров е долг околу 650 м и широк околу 120 м, а зафаќа површина од околу 6 ха.[2] Бреговата линија на островот е долга 1,4 км.[3] Над островот минува мост кој ги спојува селата Удово и Давидово, долж регионалниот пат 1105.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Колку острови има во Македонија?“. 5.6.2020. Посетено на 25 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Милевски, И. (2013). „За островите во Република Македонија“. Географски разгледи, 47: 31–46.
  3. „Не е само еден: 13-те македонски острови“. 14.3.2021. Посетено на 25 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди