Џон Битов (помладиот)
Џон Битов (помладиот) (англиски: John I. Bitove) (роден во Торонто, Онтарио, 1960) — канадско-македонски стопанственик и спортист.[1] Тој е главен акционер и претседател на Scott's Real Estate Investment Trust и на Sirius XM Canada. Исто така, контролира неколку државни и приватни бизниси. Од неодамна е и во бизнисот со телекомуникации преку компанијата Mobilicity која ја раководи. Тој е син на Џон Битов (постариот).
Тој e основач на Торонто Рапторс, клуб кој се натпреварува во Националната кошаркарска асоцијација, како и творец на новaта спортска арена во Торонто (Air Canada Center).
Тој исто така бил волонтер организаторот на Светското првенство за атлетика во сала во 1993 и на ФИБА Светското првенство на кошарката во 1994. Во 2005 година тој ја добил награда James Naismith на извонредност доделена од Canada Basketball.
Битов дипломиран во бизнис (маркетинг) од Универзитетот во Индијана во 1983 година. Од 2007 година бил член на одборот на доверители на Универзитетот Вејк форест од Северна Каролина.
Литература
уреди- ↑ Robertson, Grant (2008-03-28). „Meet John Bitove“ (англиски). Globe and Mail. Посетено на 2008-08-26.