Брајан Коланџело
Брајан Коланџело (англиски: Bryan Colangelo) е преседател и генерален менаџер на НБА тимот Торонто Рапторс, а претходно беше генерален менаџер на Феникс Санс. Коланџело беше студент на Корнел Универзитетот во Њујорк и изучуваше бизнис менаџмент и применета економија. Тој беше избран за „Менаџер на годината“ во сезоните 2004/2005 и 2006/2007. Неговата менаџерска стратегија најдобро се објаснува како обратното од старата поговорка „Не го поправај ако не е расипано“, затоа што Брајан смета дека ситуацијата секогаш може да се подобри. После подрувањето на „Рапторси“. Коланџело е познат во Торонто како „Кумот на Кошарката“, што алудира на неговото италијанско-американско потекло.
Кариера и Транзакции во Феникс
уредиБрајан Коланџело беше дел од организацијата Феникс Санс 15 години, 11 од кои како генерален менаџер. НБА Менаџери често се мерат по нивните транзакции, а Коланџело не е исклучок. Неговите транзакции се како вртелешка, и кога направи ретка грешка, брзо ја корегираше. Историски, тој е пофален за драфтовањето на звездите Шон Мерион и Амари Стадемаер, а куден за замената на Џејсон Кид кон Њу Џерси Нетс за Стефон Марбери. Марбери го замена кон дисфункционалните Њујорк Никс за многу пари, со кои го потпиша Стив Неш од Далас Маверикс, играч кој Брајан претходно го имаше заменато. Неш стана МВП на лигата во наредните две сезони (2004/2005 и 2005/2006), Феникс имаа 62 победи во 2004/2005, надобро во Западната конференција, и Коланџело ја доби титулата „менаџер на сезоната 2004/2005“.
Во летото на 2005, Коланџело беше вообичаено хиперактивен на пазарот на НБА играчи, и го смена бекот Џо Џонсон кон Атлана Хокс за Французинот Борис Диав и два пикови во второто коло на драфтот. Исто така, Брајан го продаде Квентин Ричардсон кон Њујорк. Иако на Феникс му недостасуваа овие два играчи, и звездата Амари Стадемаер играше само 3 од 82те утакмици во сезоната затоа што беше сериозно повреден, Феникс втора година по ред во 2005/2006 ја освои Тихоокеанската Дивизија. Коланџело беше многу блиску до повторување на освојувањето на „Менаџер на сезоната“ во 2005/2006, втора сезона по ред, но Елџин Бејлор, менаџер на ЛА Клиперс го победи. Коланџело беше вклучен и во други проекти на Феникс асоцијацијата, како Феникс Арена Спортс, сопственици на Аризона Ретлерс од „Арена Футбол Лигата“ и на Феникс Меркури од Женската НБА.
Кариера и транзакции во Торонто
уреди2006/2007
уредиВо 2004, франшизата Феникс Санс беа продадени, и прашања за иднината на Брајан почнаја да се појавуваат. Тој остана како менаџер и преседател на тимот, затоа што во тоа време, веќе беше афирмиран како менаџер, одделно од сјајната кариера на татко му Џери. Во Јануари од 2006, после турбулентни и неочекувани замени, разочарувачкиот Роб Бабкок беше отпуштен од Торонто, и иако „Рапторси“ велеа дека неможат да најдат адекватна замена, се очекуваше дека Коланџело ќе це сели на север во Торонто. Во февруари 2006, Коланџело даде отказ во Феникс и беше прогласен за претседател и менаџер на Торонто Рапторс. На 23 Мај 2006, Коланџело и Торонто ја победија НБА лотаријата иако имаа само 8% шанса на победа, и го добија првиот пик на драфтот. Сè беше подготвено за активно лето, и во петте недели помеѓу 23 Мај и 28 Јуни, Коланџело веќе направи неколку транзакции. На 8 Јуни 2006, Коланџело го замена разочарувачкиот Бразилец Рафаел Арауџо за Роберт Вејли и Крис Хамфрис од Јута Џез. Денови подоцна, Коланџело го отпушти Вејли. Со неговта втора размена, Брајан ги замена Ерик Вилиамс, Мет Бонер и пик од второто коло на НБА драфтот во 2009, за ветеранот Рашо Нестеровиќ од Сан Антонио Спарс.
Прва голема размена беше разменувањето на вториот најдобар „руки“(млад дебитант) во НБА, Чарли Вилануева, за нискиот атлетски нежен плејмејкер Т.Џ. Форд од Милвоки Бакс, кој не играше во сезоната 2004/2005 со повреда на ’рбетот. Иако Коланџело жртвуваше потенцијална звезда во Вилануева, знаеше дека му треба плејмејкер околу кој да го гради целиот тим. Исто така, Вилануева и звездата на Рапторс Крис Бош играа на истата позиција крило/центар, и еден на друг си пречеа во развојот. Коланџело го одбра Андреа Барњани со првиот пик на драфтот, во историски потег затоа што првпат Европеец беше драфтован прв, и само третпат меѓународен играч беше драфтован прв (Другите два беа Јао Минг и Андрју Богут). Барњани претходно играше за Бенетон Тревизо во Италија, и неговото драфтовање изгледаше контроверзиално затоа што денови пред драфтот, Коланџело го вработи Морицио Џерардини, менаџерот на Барњани во Бенетон. Но, една година подоцна, на крајот на сезоната 2006/2007, разни репорти почнаја да се појавуваат, раскажувајки потенцијални замени кои Коланџело понудил на дента на драфтот, некои од кои беа: првиот пик за Реј Ален од Сиетл Суперсоникс, и првиот пик за Луол Денг од Чикаго. Ова го покажа главниот атрибут на Коланџело, неговата воља да жртвува било кои играчи за доброто на тимот, и неговиот економски перспектив на тимот како збир не на играчи или атлети, но збир на проспекти кои може да ги користи за закрепнување на тимот.
Нареден потег на Коланџело беше тоа што ги потпиша Шпанецот Хорхе Гарбахоса и Американецот Антони Паркер, кој играше за Израелскиот тим Макаби Тел Авив и беше најдобриот играч во ЕвроЛигата во 2004/2005 и 2005/2006. Исто така, Коланџело го задржа Крис Бош во Торонто и го потпиша на четиригодишен договор кој започнува во 2007/2008. Договорот му даде опција на Крис да ја откажи четвртата година од договорот, и го плаќа Бош 65 милиони Американски долари преку четирите години. Во текот на сезоната 2006/2007, Коланџело го дојсе Лук Џексон од Ајдахо од НБА Д-Лигата, за да надомести за повредите на Антони Паркер и Андреа Барњани, па и за Хорхе Гарбахоса кој се повреди два-три дена подоцна. Исто така, тој го отпушти П.Џ. Такер, 35от пик на драфтот, кој испадна многу мал за да има присуство како крилен центар. Уште една размена на Коланџело во текот на сезоната беше замената на Фред Џонс за Хуан Диксон од Портланд Треилблејзерс.
Во 2006/2007, после многу-годишна пауза, Рапторс се пласираја во НБА Плејофот, првпат победија својата Атлантска дивизија, и се подобрија на 47 победи и 35 порази од 27 победи и 55 порази претходната година. Ова подобрување општо се верува дека е благодарејки на Брајан Колангело, попознат во Торонто како “Кумот на кошарката”, кој освои менаџер на годината за сезоната 2006/2007. Торонто изгубија во првото коло на плејоф, но иднината изгледа добра за младиот тим.
2007/2008
уредиКоланџело го започна летото пред сезоната 2007/2008 со замена која го донесе Аргентинецот Карлос Делфино во Торонто од Детроит за два идни пикови во второто коло на НБА драфтот. Исто така, Брајан го потпиша Џејсон Капоно на неколку-годишен договор и го пронајде и рекрутира Џамарио Мун од послабите Американски лиги. На 21 Февруари, тој го размена Хуан Диксон за Примо Брезец. После поразот на Торонто од Орландо во разигрувањето во април 2008, Коланџело најави активно лето, и веројатна размена на бекот Т.Џ. Форд, ако несогласувањата со соиграчот Хосе Калдерон продолжат.
Ајзеја Томас • Глен Грунвалд • Јек Меклоски (вршител) • Роб Бабкок • Вејн Ембри (вршител) • Брајан Коланџело
Претходник Вејн Ембри (вршител) |
Генерален Менаџер на Торонто Рапторс 2006– |
Наследник непознат |