Хорхе Гарбахоса

(Пренасочено од Хорхе Гарбахоза)

Хорхезе Гарбахоса Чапаро Џуниор (шпански: Jorge Garbajosa) (роден 6 декември 1977) е пензиониран шпански крилен центар и моментален претседател на Шпанската федерација.Тој ја започна својата кариера во Шпанија во Тау Виторија во 1995, со кој ја освои домашната лига во 1998. Тој настапуваше и за Бенетон Тревизо под водство на Маурицио Џерардини, со кој подоцна се сретна и во Торонто, и Мајк Дантони од Феникс. Во 2005, се пресели во Торонто, каде имаше солидна прва сезона и стана миленик на навивачите, но се повреди пред „плеј-оф“от во март 2008, и до летото 2008 не се опорави. Се очекува да ја продолжи кариерата во Шпанија.

Гарбахоса со Торонто Репторс во 2007 година за време на претсезонскиот натпревар во Италија

Репрезентативно, тој го освои златниот медал на Светското првенство во кошарка во 2006, а придонесе и за сребрените медали на европските првенства во 2003 и 2007 и бронзениот во 2001. Џорхе доследно ја приоритезира репрезентацијата пред клупската игра, и настапува за Шпанија на секоја дадена прилика. Тој дури се откажа од неколку милиони долари во Торонто за да може да настапи за Шпанија на Олимписките игри во 2008