Стролонгос
Стролонгос или Неја Мадитос (грчки: Νέα Μάδυτος; до 1927 г. Στρόλογγος) — село во Општина Бешик од Солунски округ на Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 г. местото било дел од општината Стролонгос (Мадитос)[2].
Стролонгос Νέα Μάδυτος | |
---|---|
Координати: 40°37′N 23°33′E / 40.617° СГШ; 23.550° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Општина Бешик |
Општ. единица | Стролонгос |
Надм. вис. | 70 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 1.369 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 14 |
Повик. бр. | +30-2397-xxx-xxx |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 76 километри источно од Солун и на 14 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, на два километри јужно од Бешичко Езеро. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала.
Селото опфаќа површина од 35 км2.[3].
Историја
уредиВо XIX век Стролонгос било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители Грци[4].
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 35 Грци[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било мешано со 357 семејства и 1277 лица бегалци[6], додека во 1940 година селото броело 1432 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1361 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 1521 жител, во 1971 година имало 1501 жител, во 1981 година имало 1371 жител, додека во 1991 година имало 1820 жители[7]. Денеска, населението на селото е 1621 жител според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.432 | 1.361 | 1.521 | 1.501 | 1.371 | 1.820 | — | 1.621 | 1.369 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.