Стиховно војување
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Стиховно Војување е музичка рап група од Битола (Република Македонија), оформена зимата на 22 декември 2006 година од пет основачи :
- Аџиоски Христијан - Кичо
- Мирчевски Васко
- Котевски Жанко
- Лутовски Дејан
- Мартин Шишкин
Нивната творба е разгранета на повеќе области од кои најзастапени се : Пишување песни, прозни дела, снимање, рецитирање, аудио продукција, компонирање музика, графички дизајн, цртање, аниминирање, сценографија, организирање културно уметнички настани на локално и на регионално ниво.
Почетоците во групата :
уредиПочетоците на оваа група се темелат и пред нејзиното оформување. Кон крајот на 2005 година Кичо, Васко и Џо ја оформуваат својата прва група. Но како овој состав не снимија ниту една песна. Првата демо снимка е направена во жешкиот август, 2006 година, од Кичо и Васко Патуљче, насловена како "Животот и Реалноста", снимена во детската соба на Васко Патуљче, со ниско буџетна опрема и аматерски удел. Првите удари на музичко поле се случија кога Жанко го презеде местото на Џо и стана почесен член на непобедливото трио Кичо, Васко и Жанко. Во исто време, Декс и Шишкин исто така ја оформија својата прва група, градејќи си своите способности, но без ниту еден снимен материјал. Малку подоцна, доаѓа до запознавање на овие две помали групи и давање идеја за оформување на една поголема група која ќе ја истакнат на површина, ќе ја искачат на врвот.
Оваа петорка длабоко го вкоренува својот труд во музичката сфера, така што секој поединечно своите почетоци максимално ги посветува во групата, здружено и активно започнуваат да ја врежат својата историја во рамките на македонскиот рап. Како млади и перспективни деца, на возраст од 14 до 16 години, си поставуваат цел која има дава трнлив патоказ кон нејзино остварување. Првата официјална демо снимка како Стиховно Војување ја направија јануари, 2007 година, за темата "Сè што ми пречи" Овие првични песни, заедно со уште десетина музички обиди од 2006та и 2007ма година, никаде не се објавени, во согласност со членовите на Стиховно Војување. На 07. 04. 2007 година се случи нивниот прв настап, во Битолскиот некогашен клуб Зодијак, а подоцна бројот на нивните настапи почна значително да се зголемува како во Битола така и пошироко низ Македонија. Летото, 2008ма година, кочечно ја напуштаат детската соба на Васко, отворајќи го нивното прво студио и почнуваат да фукционираат и постојат под своја продукција “Feel tha mic records”.
Здружение КУД Стиховно Војување - Продукција :
уредиКон почетокот на 2010 година, членовите на Стиховно Војување го реставрираат старото место кое значеше студио со полупрофесионална опрема, складна на условите и прават целосна реконструкција на таканареченото студио. Собата ја збогатуваат со опрема од продукциски, но и од композициски музички карактер. Студиото оформува тим за работа и спроведува систем на функционирање. Мирчевски Васко, кој веќе неодамна имаше диплома за завршен курс по Продукциски часови во приватното училиште "Ентерпрајс" во Скопје беше официјално назначен за продуцент и водач сите продукциски активности. На 22 септември, 2011 година, добиваат решение за основано здружение на граѓани насловено како Културно Уметничко Друштво "Стиховно Војување - Продукција", каде Христијан Аџиоски - Кичо е назначен за Претседател на здружението. Зад цела обработка на дизајнот и графиката застанува Котевски Жанко, кој исто така има завршено курс за 2D и 3D дизајнер.
Промени во составот :
уредиКорените како петчлена екипа низ историјата на нивното творештво не траеа уште предолго. Пристигна часовен појас која го повика распадот на петорката. Кон почетокот на 2011та година, Мартин Шишкин, од сопствени причини ја напушта групата. После неговото заминување продолжуваат останатите, четворицата основачи. Мартин Шишкин имаше дадено свое учество единствено во компилацијата "Ништо Нема Да Не Промени" во 2009та година, а од видео материјалот сними само два видео записи "Понуда (2009)" и "Дива Лига (2010)". Една и пол година подоцна, Стиховно Војување изгуби уште еден член. Дејан Лутовски - Декс, ја напушта групата летото, 2012та година и остануваат оние истите од на почетокот, од лулката на нивното формирање. Кичо, Васко и Жанко. Оваа тројка останува на позиција, работи на големи проекти со големи амбиции до нивно успешно реализирање.
Дискографија :
уредиГодина на издавање | Име на албумот | Продукција | Промоција |
---|---|---|---|
2009 | Ништо нема да не промени | Feel Tha Mic Records | 07.09.2009 |
2011 | Шоуто мора да продолжи | S.V. Production | 18.07.2011 |
2011 | Ме научи да научам | S.V. Production | 10.12.2011 |
2013 | Сега или некогаш | S.V. Production | 10.08.2013 |
Ништо нема да не промени (2009)
уреди- Ништо нема да не промени е компилациско издание или mixtape во кои се собрани поголем број на соработки со други артисти, пејачи, продуценти. Оваа компилација содржи 13 нумери, од кои дури 10 се снимени и продуцирани во сопственото студио Feel Tha Mic Records. На 07.09.2009 година, за првпат се појавуваат како организатори со нивната прва промоција на овој проект во Олимписки Базен - Битола, каде што заедно со Mixtape - от, на истиот датум беше промовиран и нивниот прв видео запис "Понуда".
Шоуто мора да продолжи (2011)
уреди- Шоуто Мора Да Продолжи е соло проект на Васко Патуљче, кој како и во секој проект, освен како артист се појавува и како продуцент на целосно снимениот материјал. А зад композицискиот дел на овој проект стои Битолскиот музичар Филип Тодоровски. Промоцијата на овој албум се случи во Битолскиот кафе бар "Код" на 18 јули 2011 година.
Ме научи да научам (2011)
уреди- Ме Научи Да Научам е производ на нивниот прв никогаш неиздаден албум "Од поинаков поглед" кој се спремаше полни три години (2007 - 2010), но никогаш не се очекуваше точниот датум за завршниот чин на овој албум. Работата и уделот кои беа вложени во овој проект значитечно се одразија врз нивниот раст на квалитетот како група, но и како поединци. Иако овој проект беше поништен од целосно реализирање, беше позитивно влијателен врз основа да се почни со изработка на нов албум, кој ќе го носи името "Ме научи да научам". Всушност самото име ја изразува благодарноста за трпението и упорноста која беше стекната додека се реализираше "Од поинаков поглед (2007 - 2010)". Албумот беше целосно завршен есента во ноември 2011та година, а промоцијата на истиот се случи на 10 декември 2011 година, во НУ Центар за култура - Битола, во малата сала каде членовите на Стиховно Војување направија необична изведба, по што се и препознатливи самите креативци. Седеа читајќи поезија поврзана со нивните почетоци, авантури, снимања и годините низ нивната младост. Се појавија како раскажувачи на своите дела кои ја водеа публиката низ времето од кога се оформија, до јубилејниот настан каде славеа пет години од нивното постоење.
Сега Или Некогаш (2013) - Сè уште во изработка
уредиАлбумот насловен како "Сега или некогаш" е во моментална изработка, снимањето се одвива во "Стиховно Војување - Продукција", а како автори на песните и нивните тематски содржини се појавуваат членовите на Стиховно Војување. Албумот ќе содржи 12 нумери, а промоцијата на истиот се очекува да биде реализирана кон почетокот на мај 2013 г., за која веќе се проектира организирана турнеја низ повеќе градови во Македонија.
Видео Спотови :
уредиГодина | Име на спот | Продукција | Сценарио | Албум |
---|---|---|---|---|
2009 | Понуда | Дарио Јанкович | Стиховно Војување | Ме научи да научам |
2010 | Навикнавме | Кичо & Жанко | Кичо & Жанко | / |
2010 | Дива лига | Дрим Каст Продукција | Стиховно Војување | Ме научи да научам |
2011 | Ми треба | Дрим Каст Продукција | Васко Патуљче | Шоуто мора да продолжи |
2011 | Супер изроди | Дрим Каст Продукција | Стиховно Војување | Ме научи да научам |
2011 | Нашите песни | Гнасни Деца Продукција | Стиховно Војување | Ме научи да научам |
2012 | Модерен заплет | Гнасни Деца Продукција | Стиховно Војување | Сега или некогаш |
2012 | Кога си тука | Гнасни Деца Продукција | Стиховно Војување | Сега или некогаш |
2012 | Сега или некогаш | Гнасни Деца Продукција | Стиховно Војување | Сега или некогаш |
2013 | Запри го возот | Гнасни Деца Продукција | Стиховно Војување | Сега или некогаш |
Настапи :
уреди06.04.2007 - Зодијак (Битола)
26.10.2007 - Зодијак (Битола)
09.06.2008 - Техничко Училиште (Битола)
20.12.2008 - Зодијак (Битола)
03.01.2009 - Клуб Кастро - Total Demo Fest(Скопје)
28.02.2009 - Зодијак - Eksik Fest (Битола)
03.04.2009 - Клуб Ас (Велес)
11.04.2009 - Клуб Кастро (Скопје)
09.05.2009 - Плоштад Магнолија - Ден на Европа (Битола)
01.07.2009 - Олимписки Базен (Битола)
08.07.2009 - Градска Фонтана (Битола)
26.08.2009 - Олимписки базен (Битола)
07.09.2009 - Олимписки базен - Промоција на албум и спот (Битола)
18.12.2009 - Зодијак (Битола)
26.12.2009 - Клуб Кастро - Хип Хоп награди (Скопје)
23.01.2010 - Клуб Кастро - Total Demo Fest (Скопје)
03.02.2010 - Техничко Училиште (Битола)
24.02.2010 - Центар за Култура - Хуманитарен коцерт (Битола)
26.02.2010 - Клуб Ајс (Штип)
12.03.2010 - Пит Стоп (Битола)
17.04.2010 - Апореа - Денот на планетата земја (Прилеп)
09.06.2010 - Олимписки базен - Урбан Фест (Битола)
14.06.2010 - Олимписки базен (Битола)
05.07.2010 - Олимписки базен BUS FEST 1 (Битола)
06.07.2010 - Олимписки базен BUS FEST 1 (Битола)
07.07.2010 - Олимписки базен BUS FEST 1 (Битола)
25.08.2010 - Градски парк (Битола)
29.08.2010 - Олимписки базен (Битола)
07.09.2010 - Олимписки базен - Промоција на спот (Битола)
08.10.2010 - Центар за култура (Битола)
14.01.2011 - Клуб Кастро - Total Demo Fest (Скопје)
03.02.2011 - Клуб Гете - Промоција на спот (Битола)
07.05.2011 - Код Кафе - Промоција на спот (Битола)
10.06.2011 - Код Кафе (Битола)
18.06.2011 - Код Кафе (Битола)
06.07.2011 - Широк Сокак - Денот на музиката (Битола)
18.07.2011 - Код Кафе - Промоција на албум (Битола)
11.09.2011 - Аеро Митинг (С.Логоварди - Битолско)
23.11.2011 - Спортска сала Младост - Химанитарен Концерт (Битола)
30.11.2011 - Кафе Бар Данте - Хуманитарен концерт (Битола)
10.12.2011 - Центар за култура - Промоција на албум
29.12.2011 - Плоштад Магнолија - Нова година (Битола)
09.05.2012 - Плоштад Магнолија - Ден на Европа (Битола)
10.06.2012 - Центар за Култура - Хуманитарна претстава (Битола)
21.06.2012 - Широк Сокак - Soul Street (Битола)
23.06.2012 - Градски парк (Битола)
01.07.2012 - КЦ Магаза - Промоција на книга "Подарок за блиски раце" (Христијан Аџиоски) (Битола)
03.08.2012 - Градски Парк - BUS Fest (Битола)
30.12.2012 - Плоштад Магнолија (Битола)
Учество во хуманитарни акции :
уреди- Концертот на Црвен Крст Македонија
Стиховно Војување се надалеку познати по своите хуманитарни одлики, така што неколкупати се имаат појавено како изведувачи на Хуманитарни организации во Битола. На 26 Февруари 2009 година, настапија во Центарот за Култура, на настан од хуманитарен карактер, организиран од Црвен Крст на Македонија. Средствата беа наменети за децата кои боледуваат од Хемофилија и за децата со посебни потреби.
- Концертот "Битола со срце за Мартина"
Нивниот следен хуманитарен удел се случи есента на 23 ноември 2011 година, во спортската сала Младост во Битола каде настапија заедно со многу други музички имиња од градот, а и надвор од него. Стиховно Војување настапија со придружба на студиото за хип-хоп и модерен балет "Dare 2 Dance" Средствата од овој концерт беа наменети за лекување на деветгодишната Мартина која боледуваше од рак на бели дробови. Цената на влезницата изнесуваше 60 денари, а на концертот беа продадени 2500 влезници.
Членови и основачи :
уредиАктуелни претставници на Стихово Војување :
уреди- Аџиоски Христијан е роден на 14 март 1992 година во Битола.
Во Стиховно Војување е уште од самиот почеток, работи како текстописец, вокален изведувач, артист, сценарист, писател и претседател на здружението КУД "Стиховно Војување-Продукција" во Битола. Автор на романот "Подарок за блиски раце". Студент на Педагошкиот факултет во Битола, насока "македонски јазик и книжевност".
- Мирчевски Васко е роден на 7 септември 1991 година во Битола. Основач и основоположник на Стиховно Војување. Продуцент на сите аудио материјали кои се снимени во С.В. Продукција, завршен курс по продукциски часови во "Enterprise" Скопје (2009). Освен тоа работи и како текстописец, артист, вокален изведувач и сценарист. Студент на Педагошкиот факултет во Битола, насока македонски и англиски јазик.
- Котевски Жанко е роден на 21 мај 1991 година во Битола. Основач на Стиховно Војување. Извршител на сите графички активности во здружението. творец на цртежи, сцени, фотографии, видео игри, анимации... Освен тоа, работи како текстописец, артист, вокален изведувач и сценарист. Вработен како 2D и 3D дизајнер во Motion Universe во Битола, каде има завршен курс за професионален дизајнер на интернационално ниво.
Поранешни членови :
уреди- Лутовски Дејан е роден на 6 јули 1990 година во Битола. Основач на Стиховно Војување, работеше како текстописец, артист и вокален изведувач. Заминување : август 2012
- Мартин Шишкин е роден на 8 октомври 1992 година во Битола. Еден од основачите кој ја даде идејата за оформување на Стиховно Војување. Работеше како текстописец и вокален изведувач, цели четири години. Заминување : јануари 2011
Проекти и реализации :
уреди- BUS Fest е настан под организација на Здружението СВ Продукција со традиционален карактер. Се одржува во повеќе вечери, со богат репертоар од многубројни музички имиња од земјата, од различни жанрови.
- BUS Fest 1 беше одржан во Олимиски Базен на 5, 6 и 7 јули 2010 година. Фестивалот траеше три вечери, а зедоа учество доста млади и талентирани бендови кои негуваат повеќе музички стилови. Гостуваа гости од Скопје, Тетово, Прилеп, Велес, Неготино и Битола.
- BUS Fest 2 беше проект како дел од Битолско културно лето БИТ ФЕСТ, а како покровител на настанот беше Општина Битола. Вториот BUS Fest траеше два вечери и тоа на 3 и 4 август 2012та година. На Фестивалот настапија групи од Скопје, Куманово, Прилеп и Битола.
- Подарок за блиски раце е првиот роман на Христијан Аџиоски со автобиографски карактер. Припаѓа на правецот психолошки реализам, а содржински е поделен на пет чина. Авторот пишува за своето детство поминато со групата, зборува за созревањето на детето и неговите амбиции во своите младешки денови. Ја споделува радоста, ги осознава страдањата, ги негува гордоста и упорноста сплотени во тој поетски дух, кој се стреми кон нешто, ита кон успех, за Стиховно Војување.
Во страните на овој роман често се сретнува судир помеѓу желбите и можностите, каде авторот заедно со своите другари низ годините крваво ги совладува, носејќи го товарот низ долгите патешествија, кога сонцето останува тмурно, а потта се лизга по измореното лице, само авантурите остануваат запишани. И запамтени. Ова е подарок за сите генерации, што дефинира издржливост и е значителен чувар пред портите на младоста. Романот беше издаден од Битолското издавачко здружение ДАТА Песнопој, а печатен во Полиграфика - Битола.
Промоцијата на овој роман се случи на 1 јули 2012 година, во културниот центар Магаза. Проектот беше организиран во склоп на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, а покровител на настанот беше Општина Битола. Денес, Подарок за блиски раце може да се најде на продажба во битолската книжарница "Дениција". Цената на романот изнесува 200 денари.
- H.O.P.E. е музички албум на Битолскиот музичар Филип Тодоровски. Материјалот е снимен во С.В. Продукција, а продуциран од страна на Васко Мирчевски. Сите седум песни се изведени на Англиски јазик, а како автор на текстот и музиката се појавува и самиот изведувач Филип Тодоровски. Промоцијата на овој албум, е проект на здружението КУД С.В. продукција кој беше организиран во склоп на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, на 17 јули 2012 година, во културниот центар Магаза. Албумот беше распродаден на самиот настан, каде што беше поставен штанд за продажба од Општина Битола.