Омер Калеши (Србица, Кичевско, 1932 - Истанбул, Турција, 16 април 2022) — истакнат македонски и француски сликар[1][2].

Животопис

уреди

Калеши роден е во кичевското село Србица во 1932, од татко Албанец и мајка Македонка, со муслиманско потекло. Матурирал отсек електроника при средното техничко училиште во Скопје, а веќе во 1956 година емигрирал во Турција. Во 1959 година започнал со студии на Ликовната академија во Истанбул и 7 години подоицна, во 1965 година ги завршил студиите во класата на Бедри Рахми. Се преселува во Париз каде и денес живее и работи. Имал многу изложби низ Македонија и целиот свет[3].

Старамајка ми беше Македонка и од мајка ми ја се македонски су учел. Татко ми беше Албанец. Ја су со пасапорт турски, 35 години живеам во Франција... Не знам што су, само мене ме интересира човекот и уметноста. Така се осеќа[3]

На 6 јуни 2018 година, Омер Калеши е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.[4][5]

Наводи

уреди
  1. Robert D. Denham (2010). Poets on Paintings: A Bibliography (англиски). McFarland. ISBN 9780786447251.
  2. „Проекција на филм за Омер Калеши“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-12-26.
  3. 3,0 3,1 „Изложба на Омер Калеши во Музејот на Град Скопје -Секој човек е посебна ѕвезда“. Време. 23 април 2004. Посетено на 2010-12-26.[мртва врска]
  4. Соопштение на МАНУ на семрежното место на МАНУ
  5. Омер Калеши стана почесен член на МАНУ на семрежното место на Магазин

Надворешни врски

уреди