Бојо Андрески
македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија
Бојо Ц. Андрески ( 1924во Модриште, Порече — 26 октомври 1944 во Србица, Кичевско) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Бојо Андрески | ||
Роден | 1924 година Модриште | |
---|---|---|
Починал | 26 октомври, 1944 година Србица, Кичевско | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБојо бил роден во 1924 година во селото Модриште кај Македонски Брод. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ пристапил доброволно во 15-та Поречка бригада во август 1944 година. Загинал при ослободување на Кичево во близина на селото Србица на 26 октомври 1944 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.210