Спика
Спика (Spica) позната и како Ариста (α Vir / α Virginis) — најсјајна ѕвезда во соѕвездието Девица, и 15-та најсјајна ѕвезда на ноќното небо. Се наоѓа на 260 светлосни години од Земјата. Оваа ѕвезда е син џин, променлива ѕвезда од типот Beta Cephei.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Девица |
Ректасцензија | 13h 25m 11.6s |
Деклинација | −11° 09' 41" |
Прив. величина (V) | +1,04 |
Особености | |
Спектрален тип | B1III-IV/B2V |
U−B Боен показател | −0,93 |
B−V Боен показател | −0,13 |
Променлив тип | β Cep, Rotating ellipsoid |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | +1.0 км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: −42.50 млс/г Дек.: −31.73 млс/г |
Паралакса (π) | 12.44 ± 0.86 млс |
Оддалеченост | 260 ± 20 сг (80 ± 6 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −3.55 |
Податоци | |
Маса | 11/7 M☉ |
Полупречник | 7.8/4.0 R☉ |
Сјајност | 13,400/1,700 L☉ |
Температура | 22,400/18,500 K |
Други ознаки | |
Историја на набљудувањата
уредиЗа Спика се верува дека е ѕвезда која Хипарх ја искористил за да ја открие појавата прецесијата на рамноденицата.[1] Храмот на Менат (порано Хатор) во Теба бил изграден во 3200 година п.н.е., и свртен кон Спика, но со време, поради прецесијата, забележливо е изместувањето на линијата што ја имале ѕвездата и храмот.[2] Никола Коперник направил многу забелешки во врска со оваа ѕвезда, при неговото проучување на прецесијата.[3]
Особености
уредиСпика е сјајна ѕвезда, чија привидна величина се движи меѓу +0,92 и +1,04, со вртежен период од 4,0142 дена. Таа е променлива ѕвезда од типот Бета Кефеј. Сјајноста ѝ е 2.300 пати поголема од онаа на нашето Сонце. Спика е двојна ѕвезда, а растојанието меѓу двете ѕвезди е толку мало што речиси и не се забележуваат како две, туку како една.
Видливост
уредиБидејќи е сместена блиску до еклиптиката, Спика може да биде затемнета од Месечината и понекогаш од некои од планетите. Последното затемнување на Спика се случило кога Венера поминала пред ѕвездата (гледано од Земјата) на 10 ноември 1783 година. Наредното затемнување ќе се случи на 2 септември 2197 година, кога Венера повторно ќе помине пред Спика. Сонцето поминува на околу 2º северно од Спика секоја година околу 16 октомври.
Најлесниот начин да се најде Спика на ноќното небо е да се следи линијата на седумте ѕвезди од соѕвездието Голема Мечка до Арктур, а потоа да се додаде истата должина и ќе се дојде до Спика.
Етимологија и значење
уредиИмето „Спика“ доаѓа од латинското spīca virginis „Клас жито на Девицата“ (обично се мисли на пченица). Во кинеската астрономија, оваа ѕвезда е позната како Jiao Xiu 1 (角宿一). Во хиндуистичкиот календар, Спика се нарекува „Накшатра Читра“.
Во астрологијата, Спика е една од фиксните ѕвезди, со значење смарагд која носи неограничена добра среќа. Корнелиус Агрипа кабалистичкиот симбол за Спика го посветил на Хермес Трисмегист.
Наводи
уреди- ↑ Evans, James (1998). The History and Practice of Ancient Astronomy. Oxford University Press. стр. 259. ISBN 0195095391.
- ↑ Allen, Richard Hinckley (2003). Star Names and Their Meanings. Kessinger Publishing. стр. 468. ISBN 0766140288.[мртва врска]
- ↑ Rufus, W. Carl (April 1943). „Copernicus, Polish Astronomer, 1473–1543“. The Journal of the Royal Astronomical Society of Canada. 37 (4): 134. Bibcode:1943JRASC..37..129R.