Список на градови во Чешка
Во Чешка официјално постојат 592 градски населби (септември 2008 г.). Една населба официјално станува град со акт на Републиката.
Назив
уредиВо чешкиот јазик градот се вика "место" (чеш. město, множ. města). Со поимот "место" се означуваат градови со различна големина, односно не постои соодветен термин за раздвојување на термините "град" и "велеград". Така, со истиот термин се означаува и главниот град Прага, како единствен во државата со преку милион жители, како и најмалото гратче Пребуз, со нешто повеќе од 80 жители.
Ова значи дека поимот град не е строго поврзан со бројот на жителите, туку за други битни одлики (градската историја, културната положба, стопанството, значењето во окружувањето и др.).
Статутарен град
уредиПокрај терминот град - место (т.е. město), за поголемите градови во официјални цели се користи и терминот статутарен град (чеш. statutární město). Тоа всушност е град со добиени градски права од страна на повисока инстанца (државата). Во 2008 г. имало 24 статутарни градови, кои истовремено биле и најголеми населби во државата (во најголем дел со повеќе од 50.000 жители).
Статутарниот град самиот сочинува општина, т.е. тој не ги опфаќа и околните села, што не е случај со останатите општини (град + села или само селска општина).
Список на градови со преку 30 илјади жители
уредиПописот на градовите е изготвен според податоците за 1 јануари 2009 г.
- 1) Со ѕвездичка (*) се означени градовите - седишта на чешките краеви
- 2) Со задебелени букви се означени статутарните градови
Ред | Назив на градот | Чешки назив | Број на жители 2009 г.[1] | Површина во км² | Крај |
---|---|---|---|---|---|
1. | Прага* | Praha | 1.285.995 | 496 | Прага |
2. | Брно* | Brno | 405.337 | 230 | Јужна Моравија |
3. | Острава* | Ostrava | 314.590 | 214 | Моравскошлески крај |
4. | П’лзењ* | Plzeň | 173.936 | 138 | П’лзењски крај |
5. | Либерец* | Liberec | 105.229 | 106 | Либеречки крај |
6. | Оломоуц* | Olomouc | 102.134 | 103 | Оломоучки крај |
7. | Усти на Лаба* | Ústí nad Labem | 98.884 | 94 | Устечки крај |
8. | Ческе Будјејовице* | České Budějovice | 95.709 | 56 | Јужночешки крај |
9. | Храдец Кралове* | Hradec Králové | 95.890 | 106 | Краловохрадечки крај |
10. | Пардубице* | Pardubice | 90.755 | 78 | Пардубички крај |
11. | Хавиржов | Havířov | 83.558 | 32 | Моравскошлески крај |
12. | Злин* | Zlín | 75.860 | 119 | Злински крај |
13. | Кладно | Kladno | 69.906 | 37 | Средночешки крај |
14. | Мост | Most | 67.438 | 87 | Устечки крај |
15. | Карвина | Karviná | 62.661 | 57 | Моравскошлески крај |
16. | Фридек-Мистек | Frýdek-Místek | 59.007 | 52 | Моравскошлески крај |
17. | Опава | Opava | 58.807 | 91 | Моравскошлески крај |
18. | Дечин | Děčín | 52.282 | 118 | Устечки крај |
19. | Теплице | Teplice | 51.461 | 24 | Устечки крај |
20. | Карлови Вари* | Karlovy Vary | 51.461 | 59 | Карловарски крај |
21. | Јихлава* | Jihlava | 51.143 | 79 | Височински крај |
22. | Хомутов | Chomutov | 49.926 | 29 | Устечки крај |
23. | Преров | Přerov | 46.503 | 59 | Средночешки крај |
24. | Млада Болеслав | Mladá Boleslav | 45.507 | 31 | Средночешки крај |
25. | Простејов | Prostějov | 45.378 | 39 | Оломоучки крај |
26. | Јаблонец на Нисоу | Jablonec nad Nisou | 45.254 | 31 | Либеречки крај |
27. | Тшебич | Třebíč | 38.362 | 58 | Височински крај |
28. | Чешка Липа | Česká Lípa | 38.318 | 63 | Либеречки крај |
29. | Тринец | Třinec | 37.569 | 85 | Моравскошлески крај |
30. | Табор | Tábor | 35.593 | 62 | Јужночешки крај |
31. | Хеб | Cheb | 34.873 | 96 | Карловарски крај |
32. | Знојмо | Znojmo | 34.759 | 66 | Јужна Моравија |
33. | Пшибрам | Příbram | 34.469 | 33 | Средночешки крај |
34. | Орлова | Orlová | 32.738 | 25 | Моравскошлески крај |
35. | Трутнов | Trutnov | 31.039 | 103 | Краловохрадечки крај |
36. | Колин | Kolín | 31.014 | 35 | Средночешки крај |
Познати чешки градови со помалку од 30.000 жители
уредиНаводи
уреди- ↑ „Податоци за 1 јануари 2009 г. од Чешкото статистичко биро“. Архивирано од изворникот на 2009-10-07. Посетено на 2011-04-11.