Моравскошлески крај
Моравскошлески крај (чешки: Moravskoslezský kraj) — крај во Чешка, сместен во североисточниот дел на историската област Моравија и на поголемиот дел од Шлеска. Регионот се граничи со Оломоучкиот крај (на запад) и Злинскиот крај (на југ). На север се граничи со Полска, а на исток со Словачка.
Моравскошлески крај | |||
крај | |||
Поткопаната црква во Карвина
| |||
|
|||
Официјално име: Moravskoslezský kraj | |||
Земја | Чешка | ||
---|---|---|---|
Главен град | Острава | ||
- центар | Масариково намјести | ||
- височина | 260 m (853 ft) | ||
- координати | 49°50′8″N 18°17′33″E / 49.83556° СГШ; 18.29250° ИГД | ||
Највисока точка | Прадјед | ||
- местоположба | Хруби Јесеник | ||
- височина | 1.491 м | ||
Најниска точка | |||
- височина | 195 м | ||
Површина | 5.445 км2 | ||
Население | 1.251.883 (2006) | ||
Хитман | Мирослав Новак (ČSSD) | ||
ISO 3166-2 | CZ-MO | ||
Таблички | T | ||
Локација а регионот во Чешка
| |||
Портал: www.kr-moravskoslezsky.cz | |||
Во минатото како високоиндустриски регион бил нарекуван „Челичното срце на земјата“. Но по падот на социјализмот челичаните се распаѓаат и регионот страда од висока невработеност, но поради блискоста на природните убавини и двете соседни земји од ЕУ, стопанството полека се опоравува.
Население
уредиВо 2002, вкупниот број на населението изнесувал 1.262.660 (мажи 48,83%, жени 51,20%) што го прави најнаселен регион во Чешка. 86,9% од населението се Чеси, 3,3% Словаци, 3,0% Полјаци, 2,3% се опрделувале како Моравци и 0,8% како Шлези. Ито така 0,3% се изјасниле како Германци и 0,2% како Роми. 40,2% е римокатоличко, додека 52,3% се атеисти.
Административна поделба
уредиМоравскошлескиот крај има 302 општини, од кои 39 се градови, 16 се со население поголемо од 10.000 жители и 5 со население поголемо од 60.000. Тука спаѓаат административниот центар Острава (314.102 жители во 2002), Хавиржов (85.271), Карвина (61.146), Опава (60.731) и Фридек-Мистек (60.603).