Димитрија "Диме" Никодиноски
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Димитрија "Диме" Никодиноски (8 ноември 1924 Речани−Челопечко, Кичево - 18 јули 2003 Речани−Челопечко, Кичево) бил македонски борец и партизан кој учествувал во Втората Светска Војна како дел од "Првата македонско-косовска ударна бригада" која се борела за ослободување на Македонија од бугарските и италијанските фашистички и опресорски сили.
Животопис
Роден е на 8 ноември 1924 во селото Речани,Кичево во тогашното "Царство на срби хрвати и словенци" во окупираниот Вардарски дел на Македонија. Роден е како Димитрија Стојчески Никодиноски , татко му бил Симеон "Синадин" Стојчески (1902 Речани−Челопечко,Кичево 1974 Речани−Челопечко,Кичево), мајка му била Василка Стојческа (14 јануари 1885 Орланци,Кичево- 1980 Речани−Челопечко,Кичево), тој имал и две сестри Наталија "Ната" (1921 Речани- Челопечко,Кичево- 1990) и Илинка (1927 Речани-Челопечко,Кичево- 1995). Диме од мали нозе покажувал љубов за татковината Македонија и имал силен македонски идентитет. Диме завршил четири годишно училиште во Светораче и покажувал голем потенцијал. Љубовта за татковината станала уште поголема кога за време на окупацијата од бугарските и италијанските фашистички и опресорски сили Диме нашол радио кое го загубиле војниците, мајка му Василка кажала за најденото радио, кога италијанските војници дознале тие го зеле Диме да го испрашуваат, тие се сомневале да не′ е партизан иако невиниот Диме не направил ништо лошо италијанските војници лошо го натепале, во тој момент љубовта за татковината се зголемила уште повеќе и желбата за слободна и обединета Македонија. Диме веќе неможел да ги трпи измачувањата и грабежите од бугарските фашистички агресори и одлучил да појде во Битола да работи тој таму работел како чистач на коритото на реката таму, кога пошол во Битола бугарските војници планирале да го убијат и да го турнат во Црна река, но за среќа Диме дознал и избегал и се вратил во Речани, но бугарските војници почнале да го бараат па избегал по планините и им се придружил на партизаните во 1942, после некое време се придружил на "Првата македонско-косовска ударна бригада" , тој учествувал во фронтот во Ќафасан, тој учествувал во фронтови низ западните и централните делови на Македонија и окупираните делови на Македонија во Албанија и Србија, тој учествувал во Сремскиот фронт и најважно учествувал во ослободувањето на Кичево. Кога завршила војната тој бил среќен што Македонија била ослободена од бугарските и италијанските фашистички и опресорски сили, но не бил задоволен затоа што Јосип Броз Тито го спречил походот кон ослободување на Солун и обединување на Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија тоа билo најголемата желба на Диме. Кога се вратил во Речани за херојството државата му подарила неколку ниви. По војната бил вработен во "Удба" како таен агент и во собранието на Југославија од 1946 до 1950, но во 1950 бил отпуштен и бил пратен на "Голи Оток" од страна на Тито поради тоа што му кажал дека требало да му се поклони на Сталин , ова го кажал поради фрустрацијата дека Тито не сакал Македонија да се обедини со своите окупирани територии во Грција, Бугарија и Албанија но и дека бил огромен обожавател на Русија и Сталин, тие дури се сомневале дали бил руски шпион, Диме излегол од "Голи Оток" по една година. Кога се вратил во Речани тој веднаш се оженил за Мирјана "Мирка" Тренеска (27 октомври 1924 Речани-Челопечко,Кичево- 18 април 2015 Кичево), откако се оженил тој се вработил во Белград во фабрика. После некое време му се раѓа првото дете Мико (13 ноември 1951 Речани-Челопечко,Кичево- 30 декември 2019 Кичево), потоа му се раѓа ќерката Лепосава "Лепа" (17 септември 1953 Речани-Челопечко,Кичево- ), и последно му се раѓа синот Драгољуб "Драге" (24 јуни 1955 Речани-Челопечко,Кичево- 24 декември Кичево), после четири години има незгода со бомба со што ја губи десната рака и следните четири години ги поминува во болница во Битола каде го лекуваат. Откако се вратил од Битола почнал да се занимава со земјоделство и сточарство. Во 1976 е посетен од синот на Спиро (Спиро бил чичкото на Синадин), Љубе(1905 Речани−Челопечко, Кичево-1976 Светораче) кој работел во Пловдив,Бугарија тој не бил добар со здравјето па сакал да ги помине последните денови во татковината, тој починал после три месеци во село Светораче при посета на сестра му, погребан е во Речани. Во 1985 по повод одбележувањето четириесет години од ослободувањето од окупацијата му е доделен медал , диплома и книга. Следните години ги поминува со земјоделство и сточарство како работа. Во 2001 кога имало конфликти со албанското население неговите деца одвај го спречиле да не се приклучи во војната иако имал 77 години пак сакал да се бори за Македонија. На 18 јули 2003 поради компликации на здравјето почива во Речани, Кичево.
Семејна историја
Наназад ова семејство се враќа до Неделко Стојчески кој се претпоставува дека бил роден околу 1810 година во село Речани−Челопечко,Кичево, се претпоставува таткото на Неделко дошол во Речани од село Кладник,Кичево околу крајот на XVIII век. Кога се преселил таткото на Неделко во село Речани−Челопечко, во тој период селото било турски чифлик. На Неделко му се родил син Стојче околу 1840 година, на Неделко му се родиле и ќерките Митана и Костадинка, Неделко се занимавал со земјоделство и сточарство имал овци. Неделко се претпоставува дека починал околу 1870 година во Речани. Стојче исто како татко му Неделко се занимавал со земјоделство и сточарство, тој имал два сина Спиро кој бил роден околу 1865 година и Никодин бил роден околу 1870 година во Речани, тој имал и две ќерки Кала и Будимка. Се претпоставува дека Стојче починал околу 1900 година во Речани. Спиро прво почнал да се занимава со земјоделство и сточарство но почнал да влегува во лоши води, тој станал бугарофил иако сите други во семејството имале силен македонски идентитет од Неделко и пред Неделко. Спиро бил назначен како бугарски кмет и шпион во регионот по Рабетинска река, Спиро бил сметан за предавник затоа што се борел против македонците. Селото Речани и околните села биле запалени од турските аскери по поразот на македонските комити во 1907. Спиро се оженил два пати имал седум деца и четири ќерки , Методија,Стојмир и Костадинка од правата жена ,а Љубомир,Ружа,Иванка и Дола од втората жена. Спиро починал околу 1930 година во Речани. Никодин спротивно од брат му имал силен македонски идентитет, тој се занимавал со земјоделство и сточарство. Никодин имал еден син Симеон "Синадин" кој се родил околу 1902 година во Речани. Животот на Никодин трагично завршил околу 1906 година, тој како и секогаш си ги пасел овците но од нигде никаде дошле четниците (македонски србомани) кои требало да го убијат Спиро братот на Никодин, но четниците го помешале Никодин со Спиро и го стрелале Никодин. По смртта на Никодин, Спиро ја избркал Благуња жената на Никодин и и′ рекол да се премажи за некој друг, а Синадин го зел Трајче (синот на Будимка)од соседното село Крушица, Синадин имал околу 5 години. Синадин заедно со Трајче отишле да работат во Романија, Синадин прво почнал да продава весници по улиците, потоа работел разни работи колку да заработи нешто. Синадин после подолго време пошол во Белград да работи кај фамилија после неколку години се вратил во Македонија кога имал 18 години, тој веднаш одлучил да се ожени и се оженил за Василка од соседното село Орланци која била скоро два пати постара од него но таа била домаќинка, вредна и чесна жена. Синадин кога се вратил, Спиро му дал неколку овци и дел од наследство кое подоцна Диме ќе го докупи целото наследство од Спиро. На Синадин во 1921 му се раѓа првото дете Наталија, после неколку години во 1924 му се раѓа синот Димитрија и последно му се раѓа во 1927 ќерката Илинка. Во следните години Синадин почнал прекумерно да пие алкохол и станал пијаница, кога Диме имал околу 10 години Синадин заминал во Белград да работи кај фамилија како продавач на леб, тој таму се′ што ќе заработел ќе го потрошел на алкохол и жени. Синадин се вратил кога се родил внукот Драге во 1955 година. Синадин и откако се вратил пак продолжил со пиењето се до смртта во 1974 година во Речани, а во 1980 починала неговата жена Василка во Речани. За херојството на Диме во Втората Светска Војна знаеме како се спротивставил на бугарските фашистички агресори и како одлучил да избега во планините и да им се придружи на партизаните сега малку информации за животот во Речани. Диме во Речани се занимавал со земјоделство садел компири одгледувал тутун, правел ракија од своите сливи, а од сточарство одгледувал волови со кои ги орал нивите, имал и кокошки и кучиња. Диме во слободно време сакал да игра со карти "Табланет", тој никогаш не сакал да губи, кога ќе изгубел тој многу се лутел. Василка е родена околу 1885 година во село Орланци, нејзин татко бил Митко Мијајлески, таа имала два браќа Санде и Мијајле и една сестра Ѓенка, Василка почива во 1980 во Речани. Мирјана "Мирка" Никодиноска родена е на 27 октомври 1924 во Речани нејзини родители се Мирче Тренески и Даница Тренеска нејзини браќа и сестри биле Владо,Мито,Славко и Фитка. Tаа завршила четиригодишно училиште во Светораче. Нејзиниот дедо Милан Тренески учествувал во Илинденското Востание и го дал животот за Македонија. Семејството Тренески пред Речани дошло од селото Требино,Македонски Брод ,а пред Требино дошле од Охрид и охридските села. Мико роден е во 1951 во Речани, тој завршил осумгодишно училиште во Орланци, Мико почнал да оди на средно училиште но не го довршил. Mико некое време пошол во Хрватска да работи и се вратил во Македонија. Мико одлучил да отвори своја бурекџилница и некое време се′ му одело добро ,но на крај бизнисот пропаднал, потоа работел во хотел како услужител и се занимавал со земјоделство идр. Мико се оженил со Станка со која ја добил ќерката Марија во 1992. Мико почива на 30 декември 2019 во Кичево. Лепа е родена на 17 септември 1953 во Речани, таа завршила осумгодишно училиште во Орланци, Лепа завршила средно училиште во Кичево како шијачка. Кога имала 24 години се омажила за Коста Лазески со кои ги добила Марјан во 1979 и Марјана во 1980. Потоа се вработува како шијачка и се пензионира околу 2010. Драге е роден на 24 јуни 1955 во Речани, тој завршил осумгодишно училиште во Орланци, Драге бил бунтовник од мал сите се плашеле од него тој не учел но бил многу интелегентен и вреден ,од мали години работел по нивите но најголема љубов имал за фудбалот никој не му можел ,тој играл десно крило бил брз,силен и левата нога му била како топ, но затоашто немал услови се откажал од фудбалот иако покажувал голем потенцијал. Драге завршил средно училиште како машински техничар. Служел војска во Нови Сад. Кога се вратил од војска се вработил во "Ќерамичко" .Драге одлучил да ја реновира куќата во Речани и сам ја доградил. Драге имал конфликти на работа и затоа го избркале од "Ќерамичко" и се вработил како кондуктер. Драге се занимавал со земјоделство и сточарство бил вреден но ги трошел парите на алкохол и жени. После неколку години го бркаат од работа поради конфликти, потоа се вработува во "Осломеј" , после неколку години има тепачка и лежи 4 месеци затвор, потоа купува земјиште во Кичево поточно "Копачка" почнува да гради куќа со брат му Мико. По независноста на Македонија од Југославија, Драге и неколку луѓе го основаат ВМРО-ДПМНЕ во Кичево но после неколку години го бркаат поради конфликти и несогласувања со бугарофилите, србоманите и гркоманите ,но Драге пак продолжува да го подржува ВМРО-ДПМНЕ и да гласа за нив иако имал конфликти. Во 2007 година оди во Албанија и се жени за Дукате Алиа (2 април 1975 Милиска, М'зи Пука-) , на 28 март 2008 му се раѓа првото дете Диме потоа на 2 април 2009 му се раѓа ќерката Мирјана "Мими" ,презимето им го сменува на Димески по неговиот татко. Драге почива на 24 декември 2021 година поради компликации од ефектите на корона вирусот.
Поврзано
Наводи
"Прва македонско косовска ударна бригада"
- ↑ „Прва македонско-косовска ударна бригада“. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D0%B0. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „State Security Administration (Yugoslavia)“. https://en.wikipedia.org/wiki/State_Security_Administration_(Yugoslavia). Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „Народноослободителна борба во Вардарска Македонија“. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „File:Димитрија "Диме" Никодиноски.jpg“. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%22%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B5%22_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8.jpg. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „Encyclopedia of Yugoslavia“. https://en.wikipedia.org/wiki/Encyclopedia_of_Yugoslavia. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „"Historical Dictionary of the Republic of Macedonia"“. https://archive.org/details/historicaldictio0000geor/page/n407/mode/2up. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „""History of the Army of the Republic of Macedonia – World War II""“. https://web.archive.org/web/20081120224114/http://www.morm.gov.mk:8080/morm/en/ARM/History/History3.html. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „"Macedonia during World War II"“. https://web.archive.org/web/20070804214942/http://www.soros.org.mk/archive/G07/A07/aar07.htm. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „Dimitrija "Dime" Nikodinoski“. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Dimitrija_%22Dime%22_Nikodinoski.jpg. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „Dimitrija Dime Nikodinoski“. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Dimitrija_Dime_Nikodinoski.jpg. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „Dimitrija Nikodinoski“. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Dimitrija_Nikodinoski.jpg. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ „Medal Dimitrija "Dime" Nikodinoski“. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Medal_Dimitrija_%22Dime%22_Nikodinoski.jpg. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „Medal Dimitrija Dime Nikodinoski“. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Medal_Dimitrija_Nikodinoski.jpg. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „Union of fighters of Macedonia membership card of Dimitrija "Dime" Nikodinoski“. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). - ↑ „Union of fighters of Yugoslavia membership card of Dimitrija "Dime" Nikodinoski“. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). - ↑ „Union of fighters of Macedonia membership card of Dimitrija Dime Nikodinoski“. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). - ↑ „Diploma for heroism in WW2 given to Dimitrija "Dime" Nikodinoski“. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Diploma_for_heroism_in_WW2_given_to_Dimitrija_%22Dime%22_Nikodinoski.jpg. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „Information about Dimitrija "Dime" Nikodinoski“. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Information_about_Dimitrija_%22Dime%22_Nikodinoski.jpg. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help) - ↑ „A picture of Dimitrija "Dime" Nikodinoski in his older years“. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:A_picture_of_Dimitrija_%22Dime%22_Nikodinoski_in_his_older_years.jpg. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Надворешна врска во|work=
(help)